Мајки колку време можам да чувам млеко во шишенце. Пр. Да го спремам дома за потоа да и го дадам кога ќе сме излезени.
Na vremevo odma ke ti se rasipe. Ne povekje od 15 min Si ima posebni sadcinja za ad mleko i ke si rastvoris po potreba.
Eve go moeto. Od bebesupermarket e i ne bese skapo. Sigurno ima i na drugo mesto i od drugi brendovi Ima 4 pregradi i sobira max 9 merici
А зашто би давала доколку е на доење? Доколку го доиш и бебе полни пелени и спие немаш потреба од дохрана.
На доење е полни пелени ама слабо со спиење чајче му давам од бекутан за мешето и со него си заспива а несака да фати града понекогаш а гладно е
Тања период е верувај такви периоди ќе имаш постојано најизменично. Башка е многу топло и можеби во моментот не му се цица. Но, сепак несмее да е нецицан повеќе од 2-2ипол часа. Идете на педијатар за некоја недела и че видите како напредува. Сепак треба да разбереш дека на бебето му е све ново, нова околина, светлина, допирот твој, не е стуткано, галама итн. Незначи дека ако плаче дека е гладно. Сега доаѓа и период на грчеви. Веројатно и тоа го мачи. Ако си ги грчи/крева ноџињата и се витка тоа се грчеви. Јас вриев вода со неколку зрнца ким. Оставав да отстои, прецедував, оладував (да не топло) и додавав од чајот за бебиња. Му ги виткав ноџињата (подвиткани коленици) накај стомачето најизменично неколку пати по ред. Така испушташе гасови и после доење го кревав да подждригне. Мака невидов од грчеви со синко. Моето еве и ден денес спие по 10-20мин. Реткоооо по 1-2ч освен ако го бањам и оставам да полежи во кадата полна со потопла вода. Не давај дохрана се додека на мерење не се воспостави дека не качува на килажа. Чајчето немомеш да му го даваш за замена на млекото за да спие. Тоа е благо и него го заситува, башка од шише тече полесно и не се малтретира да влече како од цицка. Јас лично давав по неколку голтки после доење некое време. Никогаш ми немаше повеќе од 60мл испиено во 24ч. Еве и ден денес е 3ипол месеци па ретко ако 100мл ги испие во цел ден. Однесиго на мерење. Јас првите 2 месеци точно секој понеделник го носев. Со лесно и полека полека ќе се уходаш. На никоја од нас не и било лесно и сце ова сме го поминале што го поминуваш и ти. Мој совет Ад да не даваш зашто ако почнеш со Ад че ти се намали лактацијата и се додека бебе качува на кг и е здраво и имаш млеко, Ад не давај. И чајот од Бекутан ако го даваш смени го со Хип или некој друг кој не содржи толку шеќер како Бекутанот кој е преблаг.
Фала мила на советите еве во 2 и 30 заспа ама пред тоа 1 сат и пол на цице и плус што се одмолзив 50мл ги испи и малце си бљуцна и сега си спие
Јас правев така за поголемиот син. Морав затоа што немав доволно млеко и не качуваше килажа. Му давав Хип Органик. После две недели пиеше само адаптирано млеко.
Здраво мамички. Ние цицаме но и се дохрануваме. Почнавме со хипп комбиотик ама го сменив пошто бебе доби тврда столица , па земавме нан ама од него многу грчеви имаше. Вчера земавме аптамил ама чудно ми е пошто многу пени во шишенцето. Нормално е тоа ? Со претходните млека ми се немаше случено.
Таков е Аптамилот и ние сме на дохрана и го користиме на почеток ми беше чудно што пени мислев да не е со поминат рок ама читав други постови тука и други мајки исто пишале дека пени такво е млекото.