Не знам околу дохраната што да те советувам немам такво искуство, ние не сакавме да излеземе тек во 40+5 Најдобро советувај се со педијтар.
Мислев кај да најдам кутивчиња во кои ќе складирам ад веќе измерено....инаку да прво мерам вода па додавам ад...не грешам сигурно тоа..можеби лошо се изјаснив Фала на сите за одговорите
Даничап каков термос користиш? Јас имам купено термос од ИКЕА ама некако има чуден мирис а го мијав го оставав да одстои со вријана вода и пак си стои истиот мирис како на гума и метал така некако ми мириса многу неубаво. Незнам дали сите термоси така мирисаат или треба да барам некој поубав поскап. Бидејќи шетаме секој ден морам да носам вода ама шубе ми е некако поради миризбата.
А како би знаела. Мојата почнува да плачи еден сат пред времето за јадење и после од кога ќе и дадам пак плачи. Не знам дали плачи дека е гладна или нешто друго е. На кутијата на хумана пишува 150 мл од 4 месеци. Ние сме 3 и пол
Моето исто плаче пд кога ќе го испие цело сака уште и веќе подолго време сме на 100 мл . Пробав со 120 мл 1 ден ми бљуцкаше и пак продолжив со 100 . Незнам дали да му давам сепак 120 мл ,за 2,3 дена може ќе се навикне нема да бљуцка . Искуство?
Секогаш треба да остане во шишенцето барем малку, ако го допие скроз, одма прави уште, затоа што вероватно сака уште. Моиве уште се на АД, пробав со кравјо, пролив имаа. А на пример им давам кравјо млеко со чоколино, тогаш немаат реакција, а од чисто пролив по 2-3 дена.
Моето е 3+ и пие по 150мл. Ќе видиш ако после кратко време плаче пак за јадење дај и 150 мл. Исто и ако уште влече од кога ќе се испразни шишенцето може сака уште не е најадено.
Некаде од кај 5/5.5 месеци почна да пие по 150 и тоа не секогаш, некогаш и по 120, еве 6+ сме неќе никако повеќе од 150 а на кутијата пишува дека треба да пие над 200 за таа возраст. Не знам може дека заби вади... Инаку педијатарот ми вика дека на оваа возраст (6м) треба да пие 750 мл во 24 ч. Јас се водев према детето. 120 почна да пие од 4/4.5 месеци. Со секое одење на контрола гледав дека напредува супер,крвната слика супер, и затоа не се секирав + бебе не даваше знаци дека е гладно. Ако плаче после јадење константно и влече на празно од цуцлата веројатно му е малку. Комбинирај некогаш 100, некогаш 120, а можеш да се советуваш и со педијатар.
@Lady*Bug педијатар ми вика дека 100 му е повеќе од доволно за таа килажа . Сега е 4400 гр . Ми вели 150 мл на 1 кг да сметам . Ќе пробам сега овие денови , еднаш или двапати во денот да му давам 120 ,а останатите 100 .
Секое бебе различно пие. Моите имаат точно еден месец, баткото пие по 500-550 мл. млеко на ден,а дадичка по 400-450 мл. А двајцата за три недели имаат по 700-800 гр. напреднато. Девојчето пие по 60 мл. ама на секои два часа, а баткото по 90 мл на 4 часа. Секогаш им правам повеќе, ама го оставаат.
Моето бебе е точно 2 месеци и пие 120 мл на 3 часа некогаш и на 4 часа. 5 кг е. Ама од како му го сменав млекото од нан на Хип ми остава млеко не го допива и почесто повраќа, а убаво го прифати на почетокот. Нан ми го допиваше цело 120 мл. Ама па од Хип кака по 3 пати во 24 часа а со нан едвај еднаш на три ден.
И моево е машко и знам исто пиеше 450-500 мл во 24 ч на таа возраст (месец/месец дена) Да, можеш така да направиш, паралелно прати го и бебушот па ќе видиш ако му е малку нормално ќе му дадеш повеќе