Јас користам и ад и цица и незнам колку мл пие дневно не плаче па ваљда доволно и е. Сега почнав да форсирам повеќе цицање. Месец и пол сме ама одеднаш не пие повеќе од 60мл ад а на кутијата на нан пишува дека треба да пие по 120мл. Ама па ние имаме повеќе од 5 оброци па се надевам дека е во ред. Инаку супер напредуваме
Ние сме точно 3 месеца и пие 105мл по оброк преку ден (5 пати) и 90мл преку ноќ (2 пати) што се фаќа околу 700мл на ден. Намерно ноќните хранења не му ги зголемувам, туку сакам и да ги намалам со цел целосно да ги отстранам за некој месец. Сите бебчиња различно јадат.
@Mia.milicka i moeto vkupno 700 pie . Kolku kg ste? I kako smetas 105 ml odkako ke stavis 3 merici vo 90 ml , taka li? Ili od 120 isturas?
Мајки да ве прашам нешто. Преска купував АД млеко- Прематур Аптамил, и аптекарот ми рече дека можам да ги мешам Пре Амтамил и Аптамил 1 заедно. Да ставам по 2 или по 1 лажица заедно во шише.По исплатливо идело. Прематур Аптамил е 850 ден.400 гр., а Аптамил 1 околу 1100 800 гр. Ваше мислење околу комбинацијава?
Во болница ми рекоа Нан Прематур, и тоа го давав околу 2-3 недели. Во меѓувреме бевме на контрола во Систина кај Др. Сајкоски и ми го смени со Прематур Аптамил, као содржело повеќе протеини. Ама многу скап ми е. Една кутија од 400 гр( 850 денари). ја трошам за 3 дена. Месечно околу 9000 ден. само за млеко. А во аптека ми предложија таква комбинација, па си реков да ве прашам.
Мајче ова ли го започнавте? Пред повеќе месеци споделив дека имам вишок две кутии од ова млеко, дека гревота е така да стојат и сакам да ги поклонам. Конзервите се неотворени и стојат кај мајка ми...па доколку сакаш би можеле да се договориме да ги прати.
Затоа те прашав стварно е премногу скапа избарај на интернет некоја слична како неа ние сме на хип комбиотик и знаеш дека имавме проблем со малиот и никогаш не ми рекоа да земам аптамил а сите го форсираат како најдобро
Мајки дали некоја од вас дава Новалак млеко против грчеви што е?Девојчето ми има многу грчеви,пие Аптамил 1,па сакам да го сменам со Новалак против грчеви,па да ве прашам за мислење.
Мене ми го препорача матичната истово кога беше помала беба, ама не го зедовз не можев да го најдам. Ми рече дека било добро за грчеви.
Во пролетта цела серија на Новалак беше повлечена. После ги нудеа со попуст во еурофарм ( нова серија не истата) , ама од страв не зедов да пробам. Земете аптамил комфорт.
Денес зедов Аптамил Комфорт една кутија па ќе видиме. Само мислам малку послаб е во однос на Аптамил Прематур и Аптамил 1
Ние со него бевме до 6 месеци. Од него нема серија за после 6м.Т.е има ама не се увезува кај нас.А како послаб? Не знам, еве на мојата и се погоди. Имам кажувано по темите, јас не знам што се грчеви, поштедена бев барем од тоа
Ги читав и споредував нутритивните вредности на двете млека,и во Комфор во помала количина се застапени сите потребни витамини,минерали... Затоа реков послаб. Спасени сте што немате грчеви. Се надевам ќе помогне млеково колку толку. Повеќе пари за капки не давам
@iki26 пробавте со гас бимби против грчеви? Не знам дали е дo нив, но еве од три недели до сега секоја вечер на малиот му давам по 15капки и никаква мака немаме. Првите три недели ептен се грчеше и од сон ми се вудеше од грчеви.... Знам дека се родени близначињата порано, и не сум упатена дали можеш да даваш хип комбиотик? Јас му давам од него кога немам мое и нели има пробиотик во составот сигурно придонесува за помалку тегоби во стомачето...
Бебето ми е 3+ и во денот пие околу 750мл распоредени во 7 оброка на 3 часа (некој оброк и на 4). Ноќеска наместо да се разбуди два пати за млекце, се разбуди еднаш измеѓу. Сега излегува според броењето, до вечер да има уште 5 оброка (значи ќе има 6 наместо 7). Ги помести малку. Дали во овакви случаи им ја зголемувате количината млекце преку ден за да го надоместите изгубениот оброк? Дека бебчето е навикнато да заспива до 20h макс и што испие до тогаш - тоа е. Нема да ми се разбуди за 7миот но има шанси да се разбуди ноќеска повеќе пати бидејќи ја нема испиено потребната количина преку ден. Се надевам разбирливо објаснив
Моето бебе е 2+ и секој оброк му е од по 120мл на 3 часа дента, а вечер се буди на 4-5 часа. Заспива во 9/9ипол а станува во 2 некогаш и 3часот ( еднаш и во 4,но тоа поретко) и тогаш најчесто не го испива цело млекце и продолжува да спие докај 6/6ипол. Мене педијатар ме советува да му давам само 6 оброци, но ете кратиме на саати вечер и плус помалку пие вечер и таман доаѓа. Мислам дека си е ок кај вас.