Мамии синко е 4 недели пие по 90 мл хип и овие денови како да му е малку си бара со устето а 120 нели е многу за толку мало бебче?
Во шишето треба да остане млеко за да знаеш дека е сито. Не се води по табели и сл. Битно е да е најадено
И мојот имаше период кога воопшто не сакаше да пие млеко,да речам тоа траеше околу месец дена.На точно една годинка. Јадеше само каши,и не се секирав зошто не пие млеко,затоа што му давам три оброка плус ужинка. Сега пак почна да пие млеко наутро и навечер пред спиење. Твоето е уште 9 месеци,па би те советувала да му го подметнуваш некако во каши,не да го менуваш. Бидејќи веќе толку време го прифатило тоа млеко и се навикнало стомачето,не е идеално да го менуваш. Биди трпелива ќе помине и таа фаза,а на крај краева се може и без млеко на таа возраст,не е ништо страшно,само проверувај железо.
Има деца кои едноставно не сакаат млеко, па какво и да им даваш. За 9 месечно бебе, кое веќе има неколку оброци, па и не сметам дека е толку “голем“ проблем. Млеко можеш да му “вметнеш“ во некоја каша. А за пиење, знам мајки кои наместо млеко давале јогурт и децата супер го прифаќале(ако не се лажам на 9 месеци е дозволено јогурт/кефир). Нуди домашен јогурт или кефир, плус млеко во каши..
Мојот беше на доење и ад комбинирано до кај 10 месеци. На 10 месеци реши дека не сака да цица и не сака АД, барем не преку ден. Од тогаш остана да пие само едно шише од 150 милилитри полузаспан некаде кај 5 ноќе. Остатокот го криев во каши барем до година. На 16-17 месеци сам прекина да го пие и тоа едно шише. Од кај 18 месеци се накани да пие обично кравјо млеко некогаш со благ појадок или блага вечера.
Ние сме 2 месеци и една недела. По колку мл ад треба да пие дневно? Мое измолзено пиие по 120мл а ад кога и давам 90мл во 6 до 7 оброци. Нели е малку тоа?
Ако не бара уште не ја влече цуцлата упорно кога ќе го испие млекото и не се кенкави уште значи му е доста.
Мајки ние сме на Аптамил 1, но какаме преку ден или на 2 дена, докторката ми рече во ред. Јас сепак мислам дека е до млекото. Читам искуства за бебелан, има ли некоја мајка искуство и која му е цената. ЧИтав и за млекото во ДМ ама тоа ми е стои дека е многу ефтино, дали е добро ?
Ако немаат други проблеми од млекото, како грчеви, повраќање, тврда/течна столица, тогаш немој да им менуваш млеко. Најдобро е да се на едно исто цело време. А даваш вода/чајче? Ако сте само на ад може да даваш и тоа за какањето. И пробиотик, секако.
Ако редовно си какаат преку еден ден без проблеми, тогаш е во ред. Во однос на млеката, формулата на сите е горе доле иста, само различна марка. Освен оние што се анти рефлукс, прематур и хипоалергени. Со оглед дека користите обично и немате нус појави не менувај. Промената на млеко може да предизвика други проблеми во дигестивен тракт. Најдобро е едно ако почниш со него да терате.Баш некни го слушав истово на тв од една професорка.
Мајки ние сме на Хип комбиотик синко овие денови почнА да ми повраќа се почесто.почнав да мислам дека не му одговара млекото.. Еве Сега си испи 90мл ми поврАти но пАк Заспа.. Дали може гладно ако е да спие или само вишокот ми повраќа?
На скоро сите мајки бебињата им повраќаат од Комбиотикот,и моето повраќаше многу и веднаш го сменив...Дефинитивно до млекото е.
Ме замисли Ена, мене ми рекоа на педијатар по 75мл, хип органик му даваме на 3 саати, детето најадено ми делува, мислам он до крај си го пие ама што знам, кога те прочитав се замислив да не му е малку, а тебе така педијатар ти препорача или ти сама му ја одредуваш дозата според тоа колку испива најчесто?
I mojata malecka pie Hipp Combiotic.Posle sekoe jadenje povraka.Si mislam ne i odgovara.Saka da jade poveke,ama pri kraj na jadenjeto pocnuva da stenka,da crvenee.Pie po 100ml.I pocnuva cesto da e gladna.Utre sme na pedijatar ke vidime so ke kaze Dr.Ova i e treto mleko kako i go menuvame
Мила, мој совет ти е да си правиш според упатството, а тоа е 30,60,90... А не 75,85,95.Ако не се придржуваш на упатството може да се јави дехидратација, недоволен внес на хранливи материи кај бебето ,се си пишува на кутијата. Затоа со една, две, три полни лажички се прави, а не со една и пол, две и пол и слично.