babylove овошни кашички

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    287
    Син ми како затера на почеток со млекото од 60 мл стигнавме во 4 недела на 140 мл, ама еве веќе сме 8 ма недела и сеуште јадеме 120 до 140 мл максумум. Како тргна првиот месец мислев дека во 2 месец ќе пие 200 мл, ама не се случи тоа.
    Од моето млеко си пие од 120 до 140 мл, а преку ден знае да се задоволи и со 70-80 мл. Хумана му давам само еднаш навечер за полесно да спие бидејќи од неа нема грчеви и многу ретко го испива до крај. Му подготвувам 90 мл со 3 лажички, веројатно во споредба со природното е доста потешко и брзо заситува.
    Се мислев дали и таа да му ја прекинам по некое време откако ќе скокнеме ноќен оброк, ама па по литературиве дома прочитав дека иако природното млеко е незаменливо, не било на одмет после 2 месец да се додава и вештачко бидејќи ги содржи сите потребни витамини кои треба да ги прими детето, што можеби мајката не ги прима преку исхраната.
    Исто како трудниците што јадат најздаво па сепак пијат и прегнакер и прегназон, така и вештачкото млеко, му доаѓа како прегназонот за бебињата и пожелно било мајките што дојат да вметнат и малку вештачко, па така сега не му ја мислам и сега освен навечер, некогаш ќе му давам и денски по еден оброк бидејќи и онака не се дави по него како по природното.
     
  2. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    88
    Мицика мајчиното млеко ги има сите неопходни витамини, минерали, хранливи материи совршено прилагодени и избалансирани за бебето, и нема потреба од други додатоци освен витамински капки или лекови. Природата создала плацента за во тек на бременост бебето да ги добива сите неопходни материи и мајчино млеко по породувањето. Ако мајката не јаде здрава исхрана и не зема додатоци во исхраната плацентата ќе ги зема сите хранливи материи од коските и пак бебето ќе го добива тоа што му треба, инаку како преживуваат децата во Африка. Но затоа страдаат коските, се намалува количеството на калциум, се јавува остеопороза, се расипуваат забите. Затоа мајките земаат витамини и минерали и други суплементи во бременоста и доењето, за својот организам да го заштитат и да му овозможат повеќе хранливи материи на бебето. Токму исклучивото доење има подобар ефект од делумното доење, затоа и се препорачува, за помалку инфекции и алергии. Делумното доење не ги дава тие резултати. Јас да знаев дека мајчиното млеко создава заштита на цревата во првите месеци на бебето и ако се даваат течности, вода или чај се губи или се измива таа заштита, никогаш немаше да давам му чаеви за грчеви на моето дете, туку јас ќе пиев повеќе па преку млекото ќе му пренесував. Еве ако сакаш да прочиташ и ти и другите мајки на следните линкови за делумно и исклучиво доење:
    http://www.telegraph.co.uk/health/healt ... earch.html
    http://www.washingtonpost.com/blogs/the ... _blog.html
    И еден многу корисен и поучен текст за доењето кој топло ви препорачувам да го прочитате:
    Isključivo dojenje

    Vrlo često susrećemo se s pojmom "isključivo dojenje". Što je u stvari isključivo dojenje? Isključivo dojenje predstavlja prehranu djeteta isključivo majčinim mlijekom prvih šest mjeseci života djeteta, bez ikakve druge dodatne hrane ili tekućine, osim vitaminskih kapi ili lijekova.

    Zašto isključivo dojiti? Isključivo dojenje je najprirodniji način prehrane djeteta do šest mjeseci starosti, jer majčino mlijeko sadrži izbalansirane hranjive sastojke koji su od prve minute života svakodnevno potrebni djetetu i dovoljni su za njegov normalan rast i razvoj. Ono sadrži sastojke (antitijela) koji štite imunološki nedovoljno razvijen organizam djeteta od virusa i bakterija, znatno smanjuje rizik nastanka alergija, naročito astme. I, naravno, majčino je mlijeko uvijek dostupno kada je majka uz dijete, a količina je prilagođena njegovim potrebama. Važno je napomenuti da majčino mlijeko zadovoljava sve djetetove potrebe za hranom i tekućinom u prvih šest mjeseci, uključujući i vodu, pa čak i u vrlo vrućim klimatskim uvjetima.

    Isključivo dojenje ima svojih prednosti za dijete i na psihološkoj razini, jer pri dojenju osjeća blizinu majke, a time sigurnost, nježnost, pažnju i utjehu, što omogućuje zdrav psihički razvoj djeteta. Dojenjem dijete ujedno zadovoljava i refleks sisanja koji je naročito izražen u prvim mjesecima života.

    Isključivo dojenje ima prednosti i za majku, jer nakon poroda potiče ispuštanje hormona oksitocina koji, osim stvaranja refleksa otpuštanja mlijeka, uzrokuje i kontrakcije koje omogućuju povratak maternice u stanje prije začeća, a ujedno i smanjuje mogućnost postporođajnih krvarenja. Majke dojilje sagorijevaju 200 – 500 kalorija na dan više, što omogućuje brže skidanje suvišnih kilograma dobivenih u trudnoći. Dojenje smanjuje i rizik od nastanka raka dojki i jajnika, srčanih oboljenja i osteoporoze te odgađa povratak menstruacije, čime smanjuje mogućnost ponovnog začeća.

    Da bi majka isključivo dojila, treba postupati prema sljedećim pravilima:

    U prvih šest mjeseci života dijete treba isključivo dojiti i ne koristiti nikakvu drugu hranu niti tekućinu (isključiti adaptirano mlijeko, vodu, čaj i slično). Majke vrlo često žele što ranije uvesti neke druge namirnice kako bi dijete započelo s privikavanjem na druge okuse. Treba znati da prerana dohrana neposredno utječe na proizvodnju mlijeka i vodi prestanku dojenja. Stoga bi s dodavanjem drugih namirnica trebalo sačekati navršenih šest mjeseci starosti djeteta.
    U ovom razdoblju majka bi trebala poštivati zakon ponude i potražnje, što znači da će, ako dijete doji češće i dulje, proizvodnja mlijeka biti veća. Majčino mlijeko je uvijek prilagođeno uzrastu djeteta s obzirom da se njegov sastav i količina mijenja iz podoja u podoj i iz mjeseca u mjesec. Na taj način organizam majke savršeno prati potrebe djeteta i njegov rast. Majka ni u kojem slučaju ne bi smjela nametati raspored hranjenja već hraniti dijete isključivo kad ono to želi, te se ne mora brinuti ako dijete ne doji svaki dan isto. Kao i odrastao čovjek, i dijete ima svoje prirodne potrebe tako da jedan dan može dojiti tri ili pet puta, a drugi dan tražiti podoj deset ili više puta. To je normalno, a proizvodnja mlijeka bit će prilagođena upravo njegovom ritmu. Treba samo osluškivati bebine signale i ravnati se prema njima. Nametanjem satnice dijete rjeđe siše, a time i rjeđe potiče majčin organizam na proizvodnju mlijeka, što može dovesti do potrebe za preranom dohranom.
    U razdoblju isključivog dojenja treba izbjegavati hranjenje na bočicu. Djetetu je puno lakše izvući mlijeko iz bočice nego iz dojke pa nakon nekog vremena može početi odbijati dojku, jer na njoj treba "raditi" za razliku od bočice iz koje mlijeko kaplje samo. U periodu kad su odvojeni, majka bi se trebala izdajati što češće te prazniti dojke što više kako bi se proizvodnja mlijeka održala. Mlijeko se može na poseban način spremati i čuvati da bude dostupno djetetu kada majka nije u blizini. Osoba kojoj je dijete povjereno na čuvanje trebala bi izdojeno mlijeko davati djetetu na žličicu ili na čašu.
    Za umirivanje djeteta ne bi trebalo koristiti dudu varalicu. Umirivanjem djeteta dudom varalicom smanjuje se broj podoja i vrlo brzo dijete ne mora sisati da bi se smirilo već samo kad je gladno. To može dovesti do smanjenja broja obroka te hranjenja djeteta prema točno utvrđenoj satnici npr. svaka tri sata. Ako se bebi daje duda i tijekom noći, ono preskače i te podoje, a noćnim dojenjem se potiče veća proizvodnja mlijeka. Umirivanjem djeteta na prsima omogućuje se češće dojenje, a samim tim i proizvodnja veće količine mlijeka. Nažalost, mnoge majke se plaše da će umirivanje na prsima imati loš utjecaj na bebu. To je zabluda. Beba se najlakše umiri dok siše jer je to za nju najprirodniji i najugodniji način, a to također djeluje umirujuće i na majku jer se tako uspostavlja posebna veza među njima.
    Noćno dojenje zna biti vrlo iscrpljujuće za majku, zato je najzgodnije da majka i beba spavaju zajedno. Ako dijete spava uz majku, može sisati kada god poželi i tijekom noći, majka je smirenija, a dijete brže zaspi. Proizvodnja je veća jer se tijekom noćnog dojenja otpušta veća količina hormona prolaktina, odgovornog za proizvodnju mlijeka.
    U razdoblju isključivog dojenja u prvih šest mjeseci života djeteta majka bi trebala izbjegavati sve što ograničava dojenje ili razdvaja majku od djeteta. Takve primjere susrećemo kada se majka mora ranije vratiti na posao, a dijete krene u jaslice ili se majka iz nekog razloga razdvaja od djeteta. Neke majke se tijekom duljih izbivanja iz kuće ustručavaju podojiti svoje dijete ili mu smanjuju podoje, a sve to može imati veliki utjecaj na smanjenje proizvodnje mlijeka i rano uvođenje nadohrane. http://www.roda.hr; http://www.roda.hr/article/read/iskljucivo-dojenje
     
    На Micika80 и efimija.t им се допаѓа ова.
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    287
    Се сложувам целосно за доењето и јас гледам да биде претежно на моето млеко,затоа се молзам за дохрана, а не давам вештачко, ама не верувам дека од еден оброк ќе го намалам ефектот на останатите 7 оброци, што да кажат тогаш мајките кои воопшто не дојат??Исто така и немаат сие мајки квалитетно млеко.Свекрва ми со првото дете имала супер млеко, а со второто и било како вода, бебето воопшто не напредувало, па уште тоа време давала дохрана на золва ми. Така што мислам дека и дохраната може да допринесе некој витамин плус.
    А чајче за грчеви и јас давав :(,ама никогаш после јадење, туку меѓуоброци до пред некое време, ама гледам дека стомачето почнува да се страбилизира и веќе ретко му давам колку да си ја намокри устата, ама штом е така ќе му го укинам скорз наредни месец до два.
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    548
    сите знаеме дека најдобро млеко е мајчиното млеко ама ако го нема мајката во доволна количина нормално дека ке користи ад млеко, и секако дека и тие се добра замена за мајчиното млеко, и секако дека имаат се што е потребно, па како пораснале бебињата на ад млеко??. барем јас сум за тоа бебто да е сито макар и со ад млеко, отколку да се измачува и гладува...
    и мислам дека се и зависи од самиот организам на бебето, ете пр ние од прв ден сме и на мајчино мн малку и ад, па фала богу немаме мака ни со столица ни со грчеви, а за разлика од другарками чие бебе е само на мајчино кутрото уста нема затворено од грчеви и неколку дена нема какано.
    а чајче јас му давам бекутан само поразредено заради тоа што сме наад млеко, а понекогаш и водичка
     
  5. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    632
    Епа вака мамички син ми за 3 недели има напреднато само 10 гр што е мноооогу малку и денес матичниот ни даде дохрана само нз некогаш имам млеко некогаш немам и колку пати дневно треба да му давам дохрана сеа му дадов 60 гр и целите ги испи и си здригна и малку ми поврати.Инаку земав на Хип комбиот млеко и супер си го пие не дава одпор и дури усте бара ама после тоа што поврати мислам дека му се доволни тие 60 грама.Ај кажете колку дневно треба да му давам бидејки некогаш имам некогаш немам млеко.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    548
    ние имавме 2 недели кога почнав да му давам по 60мл и тоа на 3 саати некаде, е сега не секогаш на почеток го пиеше цело. зависи некогаш повеке , некогаш помалку ке цицни од кај тебе, па и од тоа ке видиш и колку ад млеко ке испие . ние пиеме хумана
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    222
    Испровоцирана од некои мислења погоре околу давањето на ад млеко и мајчиното млеко , се обидов да го игнорирам муабетот но денес цел ден ми се вртка во глава па искрено во еден момент ми создаде грижа на совеста иако не треба воопшто да ми се појавува не сум јас виновна што немам млеко и што фабриката во моите гради не произведува млеко и што се мачиме пред секое јадење и син ми и јас и што му ги гледам гревовите како се гњави на града 10-20 минути да извлече млеко па колку е измрцварен кога ќе го добие шишето па како влече и лапа и тегне од шише Боже ми прости како улаво па и се засркнува . Нема осудување на никого па макар и на таа мајка што има мајчино млеко а не дои, Сите знаеме дека мајчиното млеко е незаменливо , но што ако го нема , еве јас го немам , со што да го ранам синми, да му ги гледам гревовите како не напредува и да му ја тупнам само празната града Изволте синко тоа ти е ... не не не , Боже мој , ако морам да давам ад млеко само да расте моето дете ќе давам и ќе се радувам на секој грам што ќе напредува и нема да чувствувам ни грам грижа на совест дека пие од шише , подобро тоа отколку со игли и инфузии, па недај боже и триста други глупости да се дешаваат. Ад млекото е замена и приближно блиско до мајчиното и ниту една фирма и компанија не би ризикувала да го стави на коцка животот на милиони бебиња во светот кои на жалост го немаат ексклузивното право на доење ...

    и да не се распишувам многу ... (имам дар за долго пишување) :D

    НЕКА НИ СЕ САМО ЗДРАВИ И ЖИВИ ДЕЧИЊАТА И ДА ИМ СЕ РАДУВАМЕ :::НЕ БИТНО НА КОЕ МЛЕКО СЕ ;)
     
    На BoaVista, pepita82, danielka0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    а оти да ве гризи совеста ако давате ад млеко???не сваќам!!поубаво ќе се осеќа мајќа која не сака да дава ад млеко а бебето му е гладно, така нема да ја гризи совеста????
    мене во ниеден момент не ми беше тешко оти не дојам важно ми беше што знам дека бебето ми е најадено!!!
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    ivanovicka нема потреба да се нервираш ако детето не се заситува од цицање сигурно нема да го оставиш гладно , на крај краева најбитно детето да е најадено , да е сито и задоволно .Нема потреба да мислиш дека си лоша мајка
    Па и тие ад млека се за тоа ;)
    Па сега дали ке цица или ке даваш ад млеко , сеедно е ...Ако нема доволно мајчино млеко ке мораш да му даваш ад млеко .
    Јас додека доев добро беше , потоа следеше период кое бебето се нервираше и не сакаше да цица и на 5 месеци некаде и се одби и морав да дадам ад млеко ...
    Искрено криво ми беше и се нервирав ..на крај се помирив
    Детето си напредуваше убаво ,и еве скоро 7 месеци си пие ад млеко :) Плус веќе си јаде и нормална храна исто со нас :)
    Зборот ми е и така и така ке си порасне 8)
    Поздрав !
     
    На ivanovicka и stefi23m им се допаѓа ова.
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    150
    ех драги мои јас колку имав грижа на совеста што плачки беа тоа леле леле ама тоае на крајот се заврши со Ад млеко не г осакам ич сум го колнела тој што го измислил зашто мн се измачивме ние со АД и зашто има банки на млека зборувам за банки на мајчино млеко ама мн се скапи сакам да ја има и кај нас можеби некогаш за некои други цуциња
     
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од грижа на совест за мајките кои не дојат ...Ниту една мајка не смее да се почуствува дека не е добра мајка ако не го дои своето бебе..Јас сум порасната со вештачко, па што ми фала, права и здрава, зарем мајка ми не е добра мајка..Немала млеко, што да прави...Доењето не е едноставно на почетокот и на оние кои имаат млеко..Многу лесно може да се откаже мајката и тоа само заради една причина а тоа е дека не е сигурна дека бебето и е најадено...Јас знам низ што поминав и колку пати во денот имав намера да купам ад млеко, само да знам колку ми јаде малата и да бидам сигурна дека е сита.....И ги охрабрувам мајките кои проагаат низ тој тежок период во првите недели да бидат упорни и да издржат..Факт е дека мајчиното млеко е најдобро, бесплатно, едноставно...Но ако се нема се нема и фала богу што постојат млека кои се адаптирани на него...
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Мамички редовно ве читам ,поминав низ сето ова што го пишувате,сега здравје боже ке имам и второ искуство ,само сакам да ви дадам подршка ,немојте никогаш да помислувате дека сте лоша мајка ,мајката не може ништо да ја замени ,значи не се откажувате доброволно едноставно немам млеко а детето моја обврска е да го нахранам , се навратив на периодот пред 3 години кога паднав во тешка депресија затоа што од 3 от месец ми престана млекото и не сакав тоа да го прифатам ,детето ми слабееше пред очи се топеше и само пиштеше ако го доближев до градата , почнав со адаптирано млеко фала богу се смири почна да напредува , сега е цурица од 3 и пол год , срека што постои и втора опција ,битно мешињата да им се полни , поздравче :*
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    548
    јас немам грижа на совест дека моето дете е 90 % на ад млеко заради тоа што јас се направив за да имам повеке млеко ама неке, и не зависи тоа од мене...
    јас пак повеке грижа имам ако го изгладнувам, а искрено така беше на почеток , јас мислев дека цица и дека се храни а тоа кутрото ичне ставаше килажа :(
    така да сега колку имам цицнува и се донајадуваме со хумана :)
     
    На ivanovicka и pepita82 им се допаѓа ова.
  14. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26







    Браво,потполно се согласувам со тебе....Ете и јас го имав истиот проблем,немав доволно млеко па ај исто пупките од цицата ме болеа добив запаление,потоа ваѓав млеко со машинка специјална што е,па пумпа од пхилипс исто за ваѓање на млеко,де пиво за добивање на млеко де некој специален прашак ноо сепак од сето ова ништо,со сила убавина нема никаде...Не се сите мајки виновни што немаат доволно млеко...јас после една недела од породувањето преминав на адап.млеко бебенцето мое си качува тежина како и на мајчино млеко истите потребни сојстојки ги има на адаптираното...Точно е мајчиното млеко е добро нонисто така и адап...ете моето си пие NAN PRO 1 и супер напредуваме...
     
    На stefi23m и ivanovicka им се допаѓа ова.
  15. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    150
    Сакав даги прашам мајкитекои користат хумана дали единицатаја даваат до 6 месеци бидејќи на паковањето пишува дека е до 4ти т.е табелата е до 4ти ние последниво месец качивме 330гр но вкупната килажа ние одлична (6430)
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    види што пиши на 2 ако пиши дека е за НАД 6 месеци тогаш почни, до тогаш 1 давај му го.
     
  17. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    и јас се слагам со мислењето зошто и јас немав млеко доволно па кога излеговме од болница два дена детево само на цицка ни на крај памет дека немам млеко доволно пошто у болница имав за извоз детево плаче а лето 40 степена на мм му викам ај на детско у клиника да вициме штое а тоа ти било дехидрирано сирото од што немало доволно млеко така ти е кога слушаме секого па вклучувајки ги и нашите мајки ставија да цица ке има млеко како не бе ај важи и др. ни рече право у аптека и било кое ад земете али ти пак ставај си ја да си цица колку има толку и така си правецвме
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Јас му давав на син адаптирано млеко HIPP. Му го давав до 6 месеци.
     
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    632
    Вака мамички ние пред недела почнавме со вакво млеко земав Хип Комбиотик за жал јас снемав воопшто млеко уште на 3 месеци почна да ми се намалува и сеа при крај на 4 месец ,ко цицше син ми луге може е гадно ама детето се тргна од градата и ко стиснав крв дури ми потече.И сеа ми се воспалени брадавиците и сето тоа благодарение на предходната матична на која и кажував дека детево плака не сака да цица она пиј млеко пиво боза џабе е ако речено така ке биде.А не може наеднаш да го снема тоа постепено се губи.али тоа е тоа еве денес го мерев и за недела има 250 грама што ме радува и ми е мн по мирен :)
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Јас му давав HIPP Organic. Освен ова млеко и HIPP Combiotic, има и HIPP Anti-Reflus. Сестра ми и дава на ќерката HIPP Combiotic. Има и економично пакување од тоа млеко.
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.