Јас секогаш велам дека бебето не е робот па да мора да пие по табела односно како пишува на неа. Тоа се мерки за плус минус соодност ама моево бебе никогаш не пиело по табелава. На почеток почнавме со 90 а мислам дека од втори месец со 120 на 3 часа исто. После како растеше сакаше повеќе на повеќе часови. На пример на 4 часа пиеше по повеќе во соодност со табелата. Се до 8 месеци. После сам се одби од млеко и не сака со очи да го види. Зборот ми е некогаш повеќе некогаш помалку ќе осетиш. Јас доправував секогаш кога видев дека "цока" уште од испиеното. На почеток пиеше многу повеќе и како растеше од некаде 6 ти месец помалку намалуваше на се помалку и помалку за да на крај се одбие од млеково. Јас сеуште нудам ама залудно.
Сте приметиле дека на хип комбиотик пишува дека може да се дава ко мајчино млеко - кога и колку сака бебе? Формулата била така направена да се вари лесно, не како другите млекца. по 2 месеца решив да видам што пишува на кутијата Немав верба во мк преводот и ја одлепив етикетата (која е на цела задна страна) и истото го пишува и на оригиналната амбалажа. Јас до сега се водев по некое универзално правило од 3ч и темпирав да имам за пред спиење (иако најчесто го фрлам), ама вака многу позгодно делува
Prv pat slusam, da ne e nesto novo? Slusnav ima novo hipp organic combiotic. A koga i davas ad, ne sfativ
Ние сме на Аптамил од прв ден од доаѓање од болница. Пие по 60мл на 3 часа. Навечер по 30 мл и заспива. Малку е според табелата ама си кака си мочка, полни пелени па не се секирам многу. Инаку сме 22 дена а по табела веќе би требало да пие по 90мл. Има грчеви ама користиме Биогаја и Инфакалм капки па се надевам ќе и се смират
Сменета е амбалажата инаку истото е. И на ова пишува дека е органско, ама не е транспарентно наведено. Искрено и јас се зачудив, па затоа ја одлепував мк декларацијата. Мислев некој утнал во преводот.
Во систина на деца со царски препорачуваат хип комбиотик. Се заборавам да прашам зошто. Ние сме само на био гаја. Молам бога уште еден месец да мине како овие 2 и да не стравувам за грчеви. До сега немала. Докторката вика може и воопшто да нема. Дај Боже!
Maskite se popodlozni na grcevi, kako zasto nemam istrazuvano nitu prasano. Ama gledam i po drugi deka e taka. I ako gi ima ne se tolku intenzivni
хмм - ми нема логика вака лаички. Дигестивниот систем се разработува подеднакво кај момче и девојче. Е сега, жените нели се појакиот пол, па може помалку манифестираат
Син ми беше на АД Бебемил. Порасна со него. немаше грчеви. дали е до млекото или до детето не знам.Ама ако веќе поминале 2 месеца а сте без грчеви, веројатно е дека така ќе продолжи. Обично најмногу почнуваат да ги манифестираат после првиот месец, а да се смируваат после третиот. Ама и како што викаат и педијатрите. Тоа е како водич а не и правило.
И јас водејќи се од тоа дека за ништо нема правило, велам уште еден месец да истуркаме Дај Боже да си во право
Кој аптамил го даваш? Бебелан каде се произведува? Јас аптамилот го мешам со вода бебелан којамислам е бугарска
Јас 100 пати имам кажано веќе досадна бев, не знам што се грчеви и плачење и виткање на бебе. Едно време кратко во 4 месец се јави проблем со мешето и потешко какаше таа недела и тогаш за прв пат дадов био гаја. Дотогаш само млекце ни вода ни чај ни капки-ништо. До бебето е. Така да, можно е да немате и вие, ништо чудно, поготово што веќе влегува и во третиот месец.
Веќе за Хипп млеково докторат можам да спремам. Ова што го прават тука кај нас е како чајче. Почнавме да земаме од Германија, зошто како рецептура они имаат посебна формула, а за сите други земји е со поинаков состав. Верувајте шишињата од германскиот хипп не се мијат. Млекото е масно, жолто по боја и дури ако не ти е премногу жешка водата не можеш да го раствориш. Бебе легнува во 9 станува во 8 сабајле без ни еднаш да стане за млеко што со нашево хипп не беше така, стануваше 2пати. Германското хипп уште одпред 3 месеци беше Био комбиотик, а кај нас тек сега го менуваат. Во секој случај толку пари за млеко а никаков квалитет.