Да. Нарачуваме од луѓе, од автобуси од шофери што идат, абе што да ти кажувам. Ама разлика е огромна на млеката.
Давам аптамил 1 од 0 до 6 месеци. Јас го растварам со Горска вода флаширана. Еве од вчера почна да ми пие по 90мл ама не на секој оброк
Женски, како припремате адаптирано млеко кога сте надвор од дома, мислам во што го носите, претпоставувам термос и сад за млеко во прав? Каде може да се купат такви работи ?
јас си го носев цело млеко со мене , а во термос вода и растварав, термос ми донесоа од германија на мене , ама и тука може да се најде, во бебе супермаркет, во енци менци, во икеа има многу убави а евтини термоси ако може некој да ти донесе.
Да мила термос со превриена вода, и дозерчиња пластични внатре го ставам млекото во прав. Ги земав од аптека.Позз
Горска вода превриваш или не? Бебелан водата не ја превривам Ако добро разбрав дозерчиеа пластични за ад млеко ли се? Тие се купуваат во аптека? Во која ги купи? Каде на друго место ги има? Ке може ли некој слика да прати како изгледаат
За водата види на шишето што пишува. Јас земам хип вода и на неа пишува не се преврива 24ч по отварање, ама после е препорачливо. Кутквчиња имаш и во ДМ и во аптека. На томи типи зедов јас оф Еурофарм.
@Bojana 123 не ја превривам Горската вода. Ни бебелан не ја превривам. Не разбирам зошто би ја превривала?
За водата мене во аптека ми имаат кажано дека треба да е без или со што помало количество на натриум. Ако е со повеќе натриум се преврива. Инаку колку што ми кажаа хип и бебелан се такви, но дури и овие ако се отворени повеќе од 48 часа дека треба да се превриваат. Според нив дури обична дестилирана вода е подобро од било која минерална. Се обидував со вештачко само неколку пати и не навлегов понатаму во истражување.
Провери на амбалажата што вика. Јас хип не ја превривам првите 24ч како што стои на амбалажата. После ја вријам.
Ајде подучете ме .. од денес зезаме ад пак да се обидиме за ноќе само , несака да цицне ноќе а кенка се буди после 2/3 кога спие кога вака прави , а си вечера добро , сега прашања имам - дали може да и спремам порано Ад , на пр легнувам околу 1 знам станува 2/3 , може ли да стое ? - Има ли врска со каква вода ? - земавме сега хипп комбиотик , добро ли е тоа ? Може ли да има пр со мешето , какањето .. треба ли нешто плус ..
Ад млеко не смее да стои подолго од 30минути. Нема врска со каква вода (ако е вода за бебиња таа само се загрева, а обична флаширана треба да се проврие и олади). Млекото е убаво, комбиотик значи дека во него има и пробиотик така што ништо плус не ти треба.
Значи правиш даваш што не де испило се фрла ..океј .. А како функционираш ноќе како се подготвуваш , при рака валјда се ти е само спремаш .. Јас и давам бебелан вода , може да а затоплам ии чувам у термос до мене и само да и спремам .. Осеќам сите струји ќе ги запалам , испоразбудам маж сонлива јас или се ќе испотурам или ќе бидне нешто и на крај да не испие Ова ко научна фантастика за мене алал да ви е на сите вас ја мислам глупост само ќе излезе од мене , сонлива да спремам , ама за крофничка се ќе се успее ..