Како мерите водата на колку степени е? Јас давам аптамил во млака вода ама не знам како се мери. Инаку да ве прашам уште нешто додека го спремав аптамилот бебетоми заспа и не се буди и сега треба да фрлам скоро 200 мл млеко. Колку долго може растворено да стои?
Мерам со безконтактен термометар на опција за предмети/вода/површини. Што пишува на амбалажата, колку може да стои? Кај Хип не пишува минутажа, туку пишува секогаш да се дава свежо подготвен оброк. Не можеш некако во полусон да му го дадеш?
Јас не мерам никако. Искрено, не знам зошто толку се гледа на тоа како да се мери. Гледам да биде повеќе топла водата, растворам и чекам малку да се олади колку да може да го пие млекото. Инаку може да стои пола саат до саат растворено, повеќе од еден саат не.
Мајки дали строго се придржувате на тоа ад млеко да го давате на 3ч и колку мл како што пишува на кутијата. Ние сме 3недели, почна да не се најадува од 90мл и почна на помалку од 3ч да бара млеко.
Се придржувам да му давам на 3 часа, но не се придржувам на тоа што го пишува на кутијата се водам според потребите на бебето. 6 месеци е и пија 120 мл на 3 часа, од 2 от месец пие по 120. Од повеќе повраќа.
Моево е многу лакомо, 150 на 3-4 сати пие, а се случува пред спиење и 180 да побара, а и ноќе исто. За 10 дена 4 месеци
Секое дете е различно, штом сака давај му, јас ако му дадам 150 потоа повраќа а и не го допива како со сила некогаш да го допива. Имаме и еден цврст оброк сега и добро си напредува пред недела дена беше 7 900 и 69 цм.
Водичка или чајче даваш? Педијатар знае колку млекце пие бебе? И моето е на ад, скоро колку твоето и педијатар ни рече не повепо од 800мл на ден. Секако дека сите бебушки се различни но премногу ад може да доведе до гојазност и сл.Ноќе се дава помалку.
Давам чај вода помалку сака. Јас не можам да се разберам со домашниве, малку да писне и одма гладно е напрај му, шо му прајте на детето не му давате..... и тоа трубење ќе трае додека не му дадам. барем на вечер да не се буди толку ќе е таман, ама и тогаш вришти цела зграда го слуша. Имаше некоја формула според тежината колку треба да пие дневно ама не ми текнува како беше. Според мене многу му е ама шо да му прам, понеделник планирам кај докторката да видиме шо како.
@Marmarin 150 мл оди на 1 кг . Пример на 6 кг по 150 мл , 900 мл за цел ден треба да испие , поделено во 5 оброка , 180 мл на оброк.
Моето е 3,5 месеци, аначи разчика сме два три дена, и пие по180 на 3_4 часа, ама ноќе не, знае да врзе по 6,7 часа. Мислам дека бебето не е лакомо, може е потешко и повеќе му треба млеко.Вие и ноќе ли пиете на 3_4 часа? Колку кг се роди и колку има сега.
Ноќе знае да врзи и 5 сати некогаш можда и појќе зависи ако сме шетале или капеле дента првото спиење му е најдолго ама обавезно 2 пати бара. На пр.вчера последно јадеше во 7, заспа 8 и пол и се разбуди во 1 па во 4:45. Навечер му давам по 120, па ако побара уште малце му давам ако не си заспива со толку. Демек да го одвикнам од ноќно станување. Роден е 3670, на последното мерење пред 15 дена беше 7000 гр. @ada21 според ова таман си било, јас се си мислев многу му е зошто буцко е ептен само шо ние имаме 7 оброци со ноќните наместо 5 денски. Фала женски
@Marmarin да по 150 мл на оброк , таман си е . Ама гледај полека ноќните да му ги кратиш за да си поврзува повеќе сонче . А и за тебе поубаво
И моето е скоро толку тешко а пие по 180, а некогаш и 150,ама 120 за таа килажа е малку, баш напротив вечер треба да му дадеш повеќе за повеќе да спие. На пр. Пишуваш пиел во 7млеко и заспал, си требала да го разбудиш во пероод од 11до 12 вечерта да пие најмалку 150 и тогаш ќе сврза повеќе (да претпоставиме).еве моево пиеше 180 во 8,30 и заспа .во 11,30 ќе менувам пелена, со тоа малку ќе се подразбуди и пред полноќ ќе дадам ад (ќе направам 180, па и 150 да испие добро ќе биде да поспие барем до 6 или 7 сабајле).бебето не е лакомо, големко е и му се јаде повеќе. Со други вкусови кога ќе почнете, ако не се лажам целосно сте на ад, нели. Ќе мибиде мило ако барем малку ти помогнав.
Здраво Мамички моето малечко има точно 2 месеци и до пред неколку дена си јадеше по 120-7 оброци во 24 часа .Но последниве денови едвај испива по 80- 7 оброци во 24 часа.Родилна тежина 3260 а сега сме 5300.Се плашам дали му е доволно храна.По колку јаделе вашите малечки на оваа возраст.Вчера за прв пат испи 120 во 21 и 30 и не побара храна до 4 и 30 ноќта.Дали ова е нормално.Ве молам да споделите ваши искуства.
Супер напредок има. Мојата е 3800 родена, на 2м беше 4990, на 3м 5600. Ако бебе супер изгледа на око, не е преслабо, нема потреба за грижи.. мојава иако по 600 ставаше, вака супер изгледа, образи и бутчиња си има полека зголеми и, но не ја оставај толку многу често да спие.. може накај 11 вечер да почнеш да и даваш по 120, за да спие повеќе во ноќта. На сама кутија пишува колку оброци треба да има бебе на 2м и по колку мл, некогаш не е баш како на кутијата.. затоа води се по бебе, но никако често по 6,7ч да ти спие.. Деновите кога не ти пиело повеќе, може имало скок во развој..
Зошто да не спие подолго? Јас не ја будам мојата. Прашав и педијатар. Нема потреба од будење ако има добар напредок.