Toa ke kazev.Veke so tie gluposti po net preku glava mi e.Vo Aptamil crvci,vo Hipp aluminium.Aj sekerova vida ke davame ili orizova pozdravo ke e
Што знам. Пишува и органско дека е. Ај кај нас нема некоја контрола, ама во ЕУ има. Не верувам дека би занемариле таква афера. Работава излезе, ништо да не се дава. Се има фалинка.
Во ЕУ има, ако купуваш од ЕУ. Кај нас што носат, баш се прашувам. Не би ме изненадило млекото да има поинаков состав за ЕУ земји и за тука. Нели Хрватите се бунеа за Хип кашите.
Не ми текнува кој ми кажуваше тука дека зема ХИП од германија и дека е различно од тоа тука. Сепак, и да имаат други машини/опрема за млеко за нас не би смееле да декларираат органско, а да не е. Не сме и ние толку затуцани. Мала афера ако излезе, многу ќе ги кошта.
Факт е дека има разлика. Јас купувам детергент и прашок за перење од Грција поради тоа. Истиот прашок тука и таму, целосно различен. Кога перам со нашиве купени тука, ко да не сум ги испрала, ниту пак мирисаат на детергентот. А од Грција прашокот/детергентот (Ариел конкретно) и од минимални количини мириса ко да сум ги потопила алиштата во него, да не зборам дека се испрани како што треба. Светлосни години разлика. Не би смеело да бидат различни, ама се. Не се замараат дали исполнуваат услови по декларација, верувај. Треба ептен некој да земе постојано да ги испитува, ама кај нас надлежните мислам дека не се толку ажурни.
Мајкички не се грижете млеката се сигурно добри. Такви фирми не би дозволиле толкава штета сигурно. Внимаваат на се посебно да не им излезе име како што викаат старите "Окото да ми излезе, името не" башка не се добива лиценца така лесно. Едни цигари мм што ги пушеше имаа лиценца па им ја одзедоја оти нешто не почитувале во протоколот а не па нешто за бебиња контролите се престроги.
Секоја година официјални и лаборатории прават тестови врз сите можни ад млека произведени во Германија. Некаде назад, низ страниве, ја имам споделено и листата за изминатата година. Мислам дека беше едно повлечено, ама не беше Хип.
Мајки, бебето ми пие нан.7 месеци има. Ама во последно време забележувам раски (како да не е растворено баш) во млекото. Го растворам во потопла вода секако и клумкам многу и плус со лажица мешам, ама пак забележувам. Од што така и дали на некоја од вас се има случено?
Јас мерам со безконтактниот термометар. На хип пишува да се раствора на тт од 40-50. Внимавам на ова. Знам дека е ту мач некогаш, ама па сигурна сум дека млекото е ок бидејќи производителот така кажал.
@kukla21 и јас сум нонстоп со термометарот во раце. Прво да дојде 40-50 за растварање па 37 за пиење. Туку кажете ми како се снаоѓате со млеково кога сте излезени. Нас утре ни е прво излегување кога ќе треба да спремам и дохрана па не знам како да правам. Дали може да си измерам од дома доза и да ставам во стерилна чашка (за урина тие што се)? И вода каква користите? Јас дома користам на Хип ама шише од 1,5л не планирам да носам. Вода што може да се користи а ја има во мало шише? И во случај кога одите на место кај што не може да варите вода што правите? Многу прашања