За темава случајно се најдовме во муабет со пријатели на кафе, иако навидум во нашава ни земја нема што многу да се зборува, сметам дека и покрај тоа сепак има простор за дискусија. Дали сметате дека во Македонија има воопшто маркетинг и колку истиот е развиен? Дали постојат маркетинг агенции кај нас кои работат одлично и можат да понудат добри маркетинг кампањи, а не само една реклама која е најлесниот и финалниот дел од сето тоа? Колку истото тоа вреди и дали се исплати да се фрли таа цифра за една кампања/реклама? Дали воопшто има некоја конкуренција на производи во Македонија или пак единствените смоки што би се купиле се Стоби Флипс, омекнувач за алишта Ленор и слично..? Колку што можев проверив дали има слична тема, ако сепак има или пак сметате дека е подобро да се премести во друга категорија, слободно направете го тоа.
Кај нас се мешаат поимите маркетинг и адвертајзинг Маркетингот е широк процес кој опфаќа првенствено истражување на пазар, примена на маркетинг микс (цена, промоција, производ и дистрибуција) формирање на краен производ/услуга, пласирање на пазар и одржување на долгорочни односи со потрошувачи, а рекламирањето е само негов мал дел кој спаѓа во категорија на вид на промоција. Проблемот кај нас е во "мултиталентираните" газди "стручњаци" за буквално секој сектор во фирмата. Секој газда што гледа на маркетингот како на трошок-место инвестиција, таа фирма нема светла иднина. Како успешни фирми кои се на вистински пат: скопска пивара и алкалоид.