1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адвокатски приправник

Дискусија во 'Барање работа' започната од rrrrrrrrrr, 19 мај 2012.

  1. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Девојки ја отворам оваа тема бидејќи читам дека на форумов има доста правници и студенти кои судираат на Правен факултет. Целта ми е сите вие кои веќе работите како правници, адвокати, судии и сл. да споделите ваши искуства за тоа како ја започнавте вашата кариера како адвокатски приправници. Како го најдовте вашето работно место, дали имавте препорака, кои беа вашите први впечатоци. И секако колку заработувавте на почеток

    П.С доколку сметате дека темава е дупла или досадна па нема интерес - канта ;)
     
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Темата си е ок, само многу е жално ова што им го прават на правниците. Студираат по 3 години за да бидат уште некои 2 години потрчковци за бедни 3000 ден. Или даваат пари за постдипломски и не можеш да најдеш канцеларија да ВОЛОНТИРАШ, исто по волја и добра желба на работодавецот. Стварно жално. Кој си има мама адвокат и тато судија оп троп у фотеља. Кој нема, нека му ја мисли.
    Додуша јас пак и не сум правник, дечко ми е во ваква ситуација, знам колку учеше и е одговорен, а сега не може да најде достојна работа, изиграва потрчко во една канцеларија им ја врши целата работа, веќе 2 години ја зема истата "плата", а не е ниту пријавен. :!:
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Еден период планирав да студирам на Правен. Баш ми беше интересно, според она што го гледав на филмовите. Ама во денешно време правници, адвокати... Врие :o За џабе отворат нови факултети, а луѓето немаат работа. Жално навистина. Некој ќе учи долго време и на крајот дипломата само за на ѕид му е, ако најди некоја работа која нема врска со факултетот што го завршил арно. Да има барем колку да го помини месецот. Во нашата држава,во денешно време ретки се оние кои го работат она за кое завршиле факултет. Порано многу подобри беа времињата, имало акции за вработување... Сега ништо. Нема никаква мотивација за младите да сакаат да студираат или па да продолжат и на постдипломски. Жалосно... :x
     
  4. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Имате нов оглас за приправник на кариера.мк :hai:
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Степенот на образование, не ја зголемува и можноста за одлична работа.
    Факт е дека желните за услов за полагање на правосуден испит, секако најмалку 1 година (по ЕКТС систем) нема да ја имаат работата од соништата, подложувајќи се на волонтирање, односно колекција на стажантски денови без соодветен надоместок.

    Јас сум магистер по право. Наместо на денот на кој е донесена одлуката за одбрана на мојот магистерски труд да почне да тече мојот стаж, од истиот немам ни ден бидејќи нема каде да го остварувам истиот. Чекам одговор од суд и неколку адвокатски/нотарски/извршителски канцеларии, од многу такви веќе и ме одбија поради натрупаност на кадар, а во меѓувреме со универзитетска диплома за магистер трчам навреме да го стигнам рокот за пријавување за невработен во Агенцијата за вработување. Ако задоцнам еден ден, ќе се намали невработеноста во државава.

    Реално, се е до среќата. Ако имаш среќа, ќе најдеш работа, ако не успееш сам - ќе имаш среќа да имаш врски. Јас ни едното ни другото. Најпрво, ја немав среќата да одберам професија која не ми е по мерак. Со тој чекор убедливо, ќе успеев.
     
    На melissa и Hipster им се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и јас сo моето искуство. студирав 3 години, каде што едно лето пратив милион е маилови за стаж во рок од 2 месеци за да поднаучам нешто. само една адвокатска канцеларија ми одговори и тоа позитiвно. искрено бев пресреќна. таму беа презадоволни од мене и ми платија околу 20,000 денари за тие 2 месеца на крајот на стажот плус добив и поклон од колешките :inlove: значи си поминав прекрасно на секој план. потоа од септември се вратив за да завршам. од таму ми рекоа кога ќе завршам да се јавам кај нив за работа. кога ја завршив и 3 година нормално отидов на разговор и се договоривме да почнам да работам како приправник со плата од 15,000 денари и со договор за волонтерство неколку месеци. прифатив. но работите тргна на лошо фати криза немаше пари од 15 платата ми стана 10 од која што не ни ни даваа по 3/4 месеци. катастрофа. сепак јас работев најдобро што знам. кога веќе беше неиздржливо на финансиски план пуштив глас дека ќе си одам. еден од клиентите разбрал и ме повика на разговор и ми понуди работа во неговата фирма со плата речиси 4 пати поголема од тогашната. нормално прифатив. значи таму (во правната фирма ) работев 9 месеци и колку што знам не ми се признава како стаж бидејќи не бев пријавена.

    искрено сега ми е добро и не бркам правни титули, не мислам да магистрирам во наредните години туку се фокусирам на моето професионално усовршување и заработката. здравје понатаму ќе магистрирам кога ќе имам доволно пари,знаење и искуство па со таа титула да бркам друга работа која што ќе одговара на образованието и годините.

    ова е мое мислење и искуство незначи дека е правилно ...
     
  7. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Како што поминува времето гледам дека повеќето огласи од нашава бранша се само чиста формалност, наместени.
    Ептен некоја среќа треба да има човек па да ти падне секирата во мед, и да работиш и примаш плата како што треба, според заслуженото. Три адвокатски канцеларии објавија оглас за прирпавници овој месец, а не се јави ниту еден. 4 или 5 фирми бараа повеќе правници без или со работно искуство (јас им пратив ЦВ со 2 год. раб. иск.) и секако пак никој не се јави. :x
    Сето ова ме тера да размислувам како во првата реченица.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Joelle се надевам нема да ти смета што те именувам, но не можам да се воздржам а да не прокоментирам колкава среќа имаш ти девојко! Те читав и во темата за вработувања, како по тежок пат си стигнала до висока позиција и секоја чест, меѓутоа малку ми е чудно што со завршени три години на правен си стигнала до толку висока функција и плата.
    Искрено незнам што функција имаш како правник во фирма кога со три години ниту можеш да застапуваш, а како приправник пак од друга страна со трите години и не се добива некое знаење.
    Секако, немам лоша намера со постов, само што и јас магистрирав пред некој месец на правен па немам слушнато некој од колегите толку да просперира професионално а само со завршени додипломски студии.
    Поздрав, се најдобро :)
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Супер ти испаднало,си имала и малку среќа но сепак и ти си се потрудила. :hai:
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Мене па ич не ми е чудно. Еве во Англија приправник може и со средно да биде. Знаење стекнато на работно место. Ќе почне како админ, ќе трча по сите и ќе фотокопира, ако се заинтересира и почне да учи од адвокатите и тренира и до тоа место ќе стигне. На правните фирми и повеќе им годи да земаат приправник кој не е дипломиран правник, оти по вложено време во него знаат дека се помали шансите да им избега, додека дипломираниот откако има работно искуство да стави на ЦВ гарант ќе си бара работа како адвокат, а не да остане како приправник.Приправникот не може да застапува ама затоа тука е адвокатот, чие време е скапо да се он замара за работи кои може да ги заврши неговиот приправник.
    Да напоменам исто, во правна фирма не мора да си само заради учено право вработен. Во зависно од тоа со кој закон специјализира фирмата, си вработуваат такви луѓе, дали ќе е по медицина, градежништво или не знам што, па со нивното знаење и со додатно тренирање на правни процеси, си создадат работен кадар што им треба.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Многу гледате Boston Legal, Suits и The Good Wife :) Немојте да правите споредба со САД или Англија, системите ни се за 180 степени различни. Девојката имала среќа или нешто друго, на крај краева нејзина работа е тоа, а реалната ситуација на останатите 99,9% од правниците , а особено по адвокатските канцеларии е тотално различна.
    За да бидеш приправник и да ти тече стаж за полагање на правосуден, ти МОРАШ да имаш завршено 5 години на Правен, одбрането магистерска и поминато 1 год. како приправник, ПРИЈАВЕНА во адвокатска комора. Инаку може човек со 3 години да работи како таксист, продавачка на бижутерија и сл.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас кажав дека не ме чуди оти така е тука во Англија. Не дека од филмови гледам. И дека има логика да можат приправници да бидат недипломирани, а ок, критериумот во Македонија за приправник не го знам.
     
  13. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Значи тоа ми е поентата- не можат да бидат недипломирани. Или ајде поубаво да се изразам- ќе бидат малтретирани за 0 денари година-дена и на крај само ќе им се заблагодарат за работата и на нивно место ќе дојде некој кој ги исполнува горенаведените критериуми.
    Поентата е, не му се исплати на адвокат да вработува некој недипломиран, зашто на суд ама баш ништо нема да има потреба од него.
    До 1 септември 2011, приправник можеше да застапува со заменичко полномошно од адвокат во парнична постапка предмети во вредност до 1 000 000 денари. Откога го сменија Законот за парнична постапка, приправникот сега може само да вари кафе во канцеларија. Значи оние со 5 год. завршен факултет не можат да направат ништо додека не положат правосуден испит, па да не збориме за некое детуле од прва год. факултет :)
     
    На baby-star, mila89 и imelda им се допаѓа ова.
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Значи, да, зборуваме за ситуацијата во Македонија. Неможе некој сега тука да кажува е како па да не епа може епа вака, така...океј ама тоа е Англија.
    И друго нешто ми е чудно, незнам некој спомна, па ќе си се усовршуваш на струката, а како ќе се усовршуваш ако не ги завршиш 5те години, ако не стажираш некаде и ако не положиш правосуден на крај.

    Да си приправник и да не сакаш да се надоградуваш во смисла да магистрираш па да положиш правосуден е сосем во ред, ама тоа кај нас јас колку што знам се плаќа од 4-6.000 ден максимум, а да земаш супер плата од над 20.000 ден за таа работа е луда среќа.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Абе знаете како рекле SEKOJ SO SREKATA јас студирам на правен во Кичево и искрено задоволна сум од условите на факултетот правото е моја сакана и сонувана професија е сега ај да учам за инжињер или доктор кога немам желба и кога не ме бидува за тоа и што се замате имало илјада правници DA има во прва година и потоа како што поминуваат годините на студирање се намалуваат се повеќе и повеќе за во 4та година на прсти да се бројат и прашање е од тие колку ги бидува да се занимават со оваа професија е сега има стари и искусни адвокати правници судии со години работно искуство и стаж и сега ние новите сакаме над нив да сме?е неможи не оди тоа така не велам дека државата нуди можности за работа ама како што сакаме ние нема никаде секој почеток е тежок посебно сам да почнеш од нешто треба труд, знаење трчање,пари вложвање све ако стажираш кај некој среќен си и тоа што го имаш некој ни до тоа неможат да стигнат стекнуваш искуство пракса и ред други работи, гледајте и на позитивна страна малку не само негативно тоа се условите кај нас што сакаме ние од факултетски стол дирекно на адвокатска фотеља?е нема така а и да сме реалнио кој студент на 24 на 25 години е спремен да работи сам?ајде ве молаM не фантазирајте да сме малку реални за све треба искуство да се стекни...
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ги прочитав сите коментари и би сакала да дадам мало објаснување бидејќи според она што го кажувате или мислите излегува дека или лажам или дека имама луда среќа :D

    без лутки ама после прочитаните коментари прво нешто што ми падна на ум е дека баш немате опен минд.
    мене на факултет ме учеа дека правото има широко поле на работа, од работа во библиотека до адвокат. правото не е само пишување на жалби, тужби и слугување на неговото величество адвокат.

    би требало да знаете дека со правото може да работите најразлични работи. второ, никој не праша дали јас имам други квалитети што зимам убава плата туку веднаш кажавте дека е среќа. дали фактот што зборувам 4 јазици (и овде не ги вклучив српски и бугарски) ме качува една скала погоре на пазарот на трудот и ми дозволува да имам право на повисока плата, и посебно во фирма која се занимава исклучиво со меѓународни бизниси?

    не би сакала многу да образложувам тоа е на кратко за мојата плата а за високата позиција не играше улога моето образование, туку мојата лојалност, верност, искреност и пожртвуваност сите овие години.

    и не јас не застапувам си имаме надворешен адвокат јас соработувам со него кога има тужби и слично но мојата работа е спремање на договори на сите јазици, преговори, штитење на интересите на фирмата и газдата во секоја ситуација, обезбедување на работни визи, патување и запозавање на клиенти. зар ова не е дел од правото? зар ми е потребен правосуден испит за ова? јас неможам да се замислам затворена во канцеларија и да работам работа на правник како што ја замислувате вие, мене од самиот почеток не ми беше тоа идејата. го работев тоа неколку месеци веќе спомнав во неколку поста и не ми беше по ќеиф ни пола од моите квалитети неможев да ги искажам таму. како и да е јас ви посакувам на сите среќа и се надевам дека ќе го работите тоа што вие го сакате.

    имам уште многу работи за кажување ама ајде да не замарам се надевам појасно е сега...
     
    На imelda, eli25, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    ^^ И јас не сакам да полагам правосуден, баш поради тоа, не сакам да бидам затворена само во канцеларија и да служам како помошник на адвокат за да земам фиксна плата, а за да успееш самостојно како адвокат е тешка, би рекла невозможна мисија. Туку, во фирмиве наши, правник може да се вработи само како обичен деловен секретар, па и тоа со врски, никој не вработува само дипломиран правник без правосуден, ако му треба за правник, освен ако немаш дебели врски. Искрено, дали работата ја најде преку оглас или преку познати? Бидејќи јас не верувам во толкава среќа, но и во двата случаја пак си среќна личност. Среќа е и да најдеш врски.
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    абеја здраво,

    имам неколку пати спомнато како се вработив ама ај пак ќе објаснам на кратко.
    едно лето (додека студирав ) пратив илијадници цв и мотивациони писма до сите адвокатски канцеларии што постојат на златна книга значи немаше никакви огласи јас сама си пратив. и ми одговори само една канцеларија и тоа позитивно. јас побарав да работам 2 месеци да поднаучам нешто па они ако се задоволни на крај да ми исплатат нешто. ме викнаа отидов си поминав супер тие 2 месеци бев премногу ангажирана, самоиницијативна, скромна и постарите колешки дале одлични оцени за мене. иако имав право да си одам порано јас секој ден останував по 8 часа.

    ок заврши стажот и ми рекоа од кога ќе дипломирам да им се јавам. по една година тоа и го направив. ме примија со раширени раце но со договор за волонтер. сепак јас бев среќна бидејќи од клупа излезена незнаев ништо. работев многу, учев внимавав ги почитував постарите не им противречев, бев самоиницијативна желна за работа. по само едвај 2 месеца ми доделија проект заедно со постара колешка нормално како надзор и помош. морам да спомнам дека имаше колеги кои беа магистри и повеќе од 6 месеци на стаж и сеуште им немаа доделено такви задачи. тој проект го сработив супер и газдата цело време ги бараше моите услуги. додека сите се смеаа на неговото име, изговор или одбиваа да кренат телефон јас секогаш останував до подоцна за телефонски конференции, се што ќе побараше извршував ми се јавуваше по 100 пати ни еднаш не направив проблем, така човекот стекна доверба во мене и ми веруваше многу па кога решив да ја напуштам правната фирма ме викна на разговор само да ме праша колку плата сакам. нормално реков дека оставам на него и кога ми понуди нормално бев задоволна и така заедно ја градиме фирмата од самиот почеток од само документ до фабрика.

    можеби имав среќа но јас сметам дека со секоја моја постапка сум правела нешто за да ме викне на работа. ако не зборував јазици, да бев пасивна и ако не работев напорно за него ќе бев како и сите други таму немаше да се разликувам за ништо.
     
    На imelda и vitomir им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Па јас прочитав дека прво си била кај адвокат и дека после уште 9 месеци си работела кај него и според тоа мислев дека сега си во некоја друга фирма која нема врска со таму кај што си работела и дека не се адвокати туку друг бизнис, спроед тоа што го наведе со меѓународните контакти. Тоа е малку збунувачки, не дека барам да ми кажуваш податоци за која фирма и што, ама малку бев збунета, зашто прво рече си праќала цв до адвокати, па си работела, па после си преминала во друга фирма. Ама нема врска, битно сите сте среќни и задоволни и ти посакувам се до пензионирање да бидеш задоволна и унапредена. Поздрав
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    значи најпрво бев во правна консултантска фирма имаше и адвокати но воглавно работевме анализи и и правни совети, трговско право но секогаш со странски фирми или лица. значи основавме фирми за странците, правни совети за законите , странски инвестиции итн. така јас преминав во другата фирма.

    мојот сегашен газда ни беше клиент додека јас работев таму. се надевам јасна сум сега :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.