1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адвокатски приправник

Дискусија во 'Барање работа' започната од rrrrrrrrrr, 19 мај 2012.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Joelle не сакав да напишам ама морам да те пофалам за твојот труд што си го вложила за да бидеш тоа што си,да ти кажам јас имам братучетка која го положи правосудниот испит и стана адвокат незнам неколку годин стажираше пред тоа,не ме фаќај за збор не се разбирам многу во тие работи,но друго ми беше зборот,и таа почна да работи кај една позната адвокатка,абе што да ти кажам девојчево се утепа од трчање и даваше солидна плата ама сепак имаше многу работа,а и напорна и беше,и сега за да не работи за друг,си отвори нејзина адвокатска канцеларија и си работи за неа,и таа викаа барем сега знам дека ке работам за себе и ке трчам ако треба,сакав да кажам дека сега и е полесно.поздрав
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Дали некој од Вас знае да ми каже каде да најдам листа на адвокати во Скопје, но со нивните мејл адреси?
    Пробав на златна книга, но многу мал број од адвокатите имаат оставено мејлови. Исто и на advokat.org.mk нема мејлови. Anyone help???
     
  3. new

    new Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    И мене тоа ме интересира, еве за некое време, ќе дипломирам, па сакам да ве прашам, како стапивте во контакт со адвокати за приправнички стаж?
    Некој ве препорача, се јавивте на оглас или сами побаравте :)
    Дали адвокативе бараат приправници или и за таму треба врски и препораки.
    Ај ве молам споделете ваше искуство, некако ми е туѓо сама да се појавам на врата и да барам работа :sweat:
     
  4. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Само со спамирање ништо друго, така успева. Мејлови испраќајте и следете огласи.
     
  5. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Јас сум дипломиран правник со 180 кредити , моментално сум прва година на постдипломски , најдов еден оглас каде што бараа приправник и на самиот оглас пишуваше и кога да се дојде на интервју. сега прашањето ми е дали имам шанси ако отидам , со оглед на тоа што во измените на законот за адвокатура стои дека Во членот 25 ставот (1) се менува и гласи:
    “Bo Именикот на адвокатските приправници може да се запише државјанин на
    Република Македонија кој ги исполнува општите услови за засновање работен однос во органите на државната управа и кој има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома од правен факултет од странство.“
    А од друга страна па една колешка беше на 2 интервјуа исто во адвокатска канцеларија , и очигледно дека ќе ја примат..
    Ај совет искуство или нешто слично :/
     
  6. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Не можеш да бидеш приправник, немаш 300 кредити. Уствари ти можеш да работиш во адвокатска канцеларија, но стажот нема да ти тече, под ГОЛЕМА претпоставка дека некој адвокат ќе те прими без 300 кредити.
     
  7. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Така е убаво си пишала. Ме прими една адвокатка како волонтер, супер ми е сега за сега :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Дали приправничкиот стаж се пријавува во Адвокатската комора на Македонија со следниве потребни документи:

    ДРЖАВЈАНСТВО - оригинал. или копија заверена на нотар не постаро од 6 месеци,
     ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ - оригинал. или копија заверена на нотар не
    постаро од 6 месеци
     УВЕРЕНИЕ ЗА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ - оригинал не постаро од 6 месеци
     УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕМА ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ НА ПРОФЕСИЈА, ДЕЈНОСТ ИЛИ
    ДОЛЖНОСТ - оригинал не постаро од 6 месеци
     ДОКАЗ ЗА ЗАВРШЕН ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ - заверено на нотар верно на оригиналот
     ЛЕКАРСКО УВЕРЕНИЕ
     ПОТВРДА ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ - од Агенција за вработување - оригинал не постара
    од 6 месеци, или одјава М1, М2 образец.
     ДОГОВОР СО АДВОКАТ/АДВОКАТСКО ДРУШТВО
     КРАТКА БИОГРАФИЈА
     2 СЛИКИ формат за лична карта.

    п.с Дали истото важи и за стажирањето во основен суд?
     
  9. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Горенаведените докумети се за пријавување во адвокатска комора како АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК, а за во суд не ти се потребни овие документи, само молба мислам дека требаше.
     
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Дали сте имале искуство со адвокатската канцеларија на Мери Младеновска Ѓорѓиевска И Ратко Ѓорѓиевски? Инаку Мери Ѓоргиевска е поранешна министерка во времето на Сдсм во 2002/2003 тој период мислам. Но, мислам дека тие не се многу во канцеларија, вработените им ги вршеле работите. Па, ако има некој искуство нека каже. Гледам имат огласи за приправници и волонтери!
    Овде на сликата е Мери
     

    Прикачени фајлови:

  11. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    785
    Доколку има некој заинтересиран, повелете Оглас за адвокатски приправник :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Оглас.jpg
      Оглас.jpg
      Големина на фајлот:
      66,7 KB
      Прегледи:
      35
  12. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас има работено како адвокатски приправник кај адвокат додека студира, какво искуство ќе сподели? :D
     
  13. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    785
    Јас почнав да работам додека бев на мастер, мене супер ми беше, напорно секако ама теоријата и праксата се поврзаа наеднаш у глава и многу ми беше олеснето за полагање и разбирање на материјалот.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.