Woww..значи девојкава е прекрасна.Убава е и згодна до бесвест и има феноменален стил.Пример за права жена.
Вака кога листаш од почетокот на темата има подобрување. Што во секој случај не е пријатно за гледање Не ми смета оваа како појава, ама не разбирам зошто ја експонираат по македонски емисии и програми кога типката не се удостоила ни да пее на македонски прво и прво. Ама тоа ти е нашата држава, не ме чуди ништо веќе Знам дека е офтопик, кога веќе постои тема за неа да напишам.
Убава е и згодна не викам не , а и песните ми се допаѓаат иако не разбирам албански, но Спојлер дали албанциве вака отвараат нови теми на нивните форуми за нашите пејачи/ки
Згодна, ама и премногу разголена и тоа ме асоцира дека не знае да пее ,туку со сексапил сака да привлече внимание. А и што толку цена и дигаат не знам, пеела ли нешто на македонски, знае ли да збори добро? Од албанските пејачи само Бени пее на македонски, и него баш заради тоа не го ни доживувам како Албанец. А другиве чиста нула.
Mи се допаѓа премногу!Особено ми се допаѓа поради тоа што е скромна девојка.Изборот т.е стилот на облеката секогаш и е на врвно ниво. Оној на кој не му се допаѓа,веројатно е љубоморен(на). Пред некој ден се изненадив кога прочитав дека имала само 22 години. Се бев изначудил како девојчево толку младо веќе се нафатила на многу предизвици. Едноставно си го живее животот без досада. Гледав некој клип на кој што лета над Дубаи,потоа на друг каде плива, одлично итн.Имам впечаток дека Аделина е пред се скромна,културна но и девојка секогаш полна со адреналин. Незнам дали има македонски песни,веројатно нема како што можев да прочитам погоре,но и да нема воопшто и не ми е битно.И да направи тука,знаеме дека нема да си ги поврати средствата како и било кој наш пејач во изминативе години.Па одтука и разумно би било и доколку нема мк песни. Сметам дека е нејзино право да одлучи на каков јазик и за кој пазар ќе пее.И јас да сум на нејзино место ќе настапувам каде што најдобро ќе можам да заработам. На крај имаме зборувано со мајка ми,многу пати за Аделина.Она воопшто нема проблем да Аделина во иднина и стане нејзина снаа.
Мн.шминка,3 кила коса,атрибутите во преден план обавезно ви се молам било која девојка да се трансформира на тој начинн ќе биде,облеката све тоа е плус,ваквите личности не ми се повеќе интересни,затоа што сега секоја 2ра девојка е предотерана средена све секоја 2ра оди на вежбање 80% од девојките се згодни,нема повеќе што да коментирам само оваја што е јавна личност тоа е тоа...
Според мене, има некои симпатични црти, но не е нешто посебно, невидена убавина. Премногу нападна. Барем како таква ја знам во јавноста. И баш тука прочитав дека била 22 години? Јас стекнав впечаток дека е 27... Што знам, убаво тело има, но премногу разглено се облекува. Не секогаш разголеноста е пријатна за око. Од Албанките, Туна ми е ептен симпатична.
Ми се допаѓа само на овие двете слики што ги испрати sadgirl21,другото катастрофа.Баш сега разгледувам некои слики од неа.Не изгледа како да има 22 години,ми изгледа постара.Скоро разбрав за Аделина,немам слушнато некоја песна од неа.
Па на толку пари колки што имаат нејзините жално би било да не го живее животот и да не направи 'име' од себе.Дека е скромна мислам не е.Да се скликаш гола за календар не е скромност туку желба да се подтурнеш чекор напред,да бидеш видена,озборувана.Да сум љубоморна верувај не сум.И јас имам задник,гради,коса ..незнам што она има више него друга па да цркаме од љубомора.Патем на сите им изгледа постаро него ли што е.Не е убав комплимент тоа за една жена За Дубаи и тоа дека добро плива нема да коментирам P.s кажав ли дека не ми се допага ич таков тип на жена?
Многу ми е смешно како одма се заклучува дека ако некој не ни се допаѓа, мора да е љубомора во прашање. Мене не ми е ништо посебно фасцинантно нејзиниот стил, ги разгледав сликите што сте ги постирале, овие последниве се подобри.
Браво за Љепотицава баш оваа истата, одеше во првите редови на протестите за убијците кај Смилковското езеро , нема што подкрепа му е на нејзиниот народ, а мојата чудесна земја Македонија и даде и премногу права баш тука на ова тло, кое таа го напаѓа ,има право да се изразува како сака, макар и на штета на Македонскиот народ, пред 2 год го отвори со албанска песна денот на независноста 8 ми Септември, почестена бев да гледам не сум никаков националист или расист, само сум реалист има тука разлика, пред да ме нападнете ќе кажам убава е и има стил, ама не е вредна ни тема да се отвори за неа !!