1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аделина Тахири

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Klaudi, 12 април 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Баталете ја Аделина јас дојдов за Есма да кажам затоа што @Pinafan не е баш во тек изгледа со македонската естрада.
    Есма зима државна пензија, не поради тоа што учествувала и се „избрукала„ или „НЕ избрукала„ (како да не знаеме дека Евровизија е политички натпревар) туку за огромниот придонес во музиката. Покрај тоа е и голем хуманитарец, незнам таму колку деца има посвоено и каде се донира. На нашата естрада барем оставила некаков печат заедно со Стево Теодосиевски и е прогласена за национален уметник, така да сосема и е заслужена таа државна пензија од 1000 евра или колку и да се, многу повеќе ги заслужува одколку некои квази пејач/ки кои добиваат и субвенции од државата за со сила да напраат нешто од себе.
     
    На Askopje, SV1911, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Баш вчера гледав Госип грл, и ситуацијава овде ме потсети на некои моменти од таму. Кој ја прати серијата ќе му текне. Имено, автор на книга Дан Хамфри, која баш и не доживува голем успех, заедно се неговиот издавач, водат медиумска војна (заедничка),,,, во стилот едниот од нив (самиот автор на книгата) е наводно негов голем фан и упорно го брани и пишува на твитер, на секакви мрежи и форуми убаво за него, а издавачката- па како му дава некоја лесна контра на истите соц. мрежи.
    Ефектот?- се зборува за него.Чак шо и Кети Пери сподели еден нивен твит, кој иако беше во негативна конотација за самиот автор, тие беа многу среќни, од фактот што Кети Пери имала 9000 следбеници на твитер....па сите тие таму ќе чујат за непрославениот и не многу успешен писател.....
    Де и ваму работава со Аделина
    пффффф
     
    На Candid и Joi им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @Pinafan

    Со целосна почит, но од старт ќе се осмелам да кажам дека музиката на Аделина е чист промашај, а текстовите дно дна. Ќе прашаш зошто? На пример, затоа што ритмовите се толку прости, еднолични, а и веќе преслушани, само во поинаква верзија. Да не правиме муабет како текстовите во себе не содржат никаква интелектуална содржина вредна за критика. Сепак, сакале или не, факт е дека за да бидеш уметник ти е потребно многу повеќе труд за да бидеш високо вреднуван.

    Башка, за волја на вистината па, и публиката го изгубила вкусот, и станала ужасно лош критичар. Па така, наместо да се осврне кон хитовите од деведесттите, кога поп музиката беше во подем, и храбро да се спротистави, голта сешто и` e сервирано, логично пошто не е ни понудено нешто подобро. После не чуди турбофолк хаваријата, и под мустак се смееме на бедните хитчиња кои се вртат по радио станиците, од типот на ''Менаџер" ''Лична Карта'' ''Гачице'' ''Умри'' ''Плава циганко" и т.н. каде од наведениве, стилот на Аделина единствено се разликува во обидот да ја замаскира идентичноста. И да, по некое непишано правило за вкусови не се дискутира, се додека не дојдеш до заклучок дека композицијата нема никаква смисла, и едноставно не постои начин да допре до тебе.

    Следно што ми падна во очи беше муабетот дека во нашава ни државичка некој успеал да се подигне сам од себе. Кажи ми дека не си сериозен со муабетов? :) Ако сепак одговориш потврдно, изволте посочи неколку јавни личности, и кажи ми дали би ја вброил и Аделина во нив? Ама, првин добро размисли, имајќи го во предвид следново...

    Дали знаеш колку расположливи средства се потребни за реализација на еден просечен видео проект? Не знаеш? Епа еве ти хинт. Од ракав истресено, минимум 500 евра за спотот да поседува солиден квалитет. Вклучително опрема, камера, ефект и помошен материјал као маникир, педикир, облека и локација. Сума сумарум, со овој податок, ќе сфатиш дека сето тоа кошта грдна пара, а тоа е една од клучните причини зошто многу девојки од Македонија и покрај инзвонредниот вокал останале во сенка, додека оние како Аделина беснеат од досада сликајќи ги ци*ките по календари за Кожувчанка. Од друга страна, оние кои завидуваат на вака површни фаци мислејќи дека се кул, сфаќаш дека се истата искомплексирана раја што озборува по кафичи.

    Се на се`, eдинствено ти вреди примедбата дека е симпатична и атрактивна. Но, дека тоа треба да претставува единствен критериум за да се` постане ничиј музички role model, тешко. Уствари може да стане, ама само ако се проба надвор од музичката индустрија, рецимо у Црнокрак.

    И еве, не знам за другите, ама јас ќе ти одговорам на прашањето кого попрво ќе прашам на Битпазар. Одговорот е следен - Онаа која ми е поблизу. :nod: Единствениот ,,ризик'' ми е дали оваа со шамија говори македонски. Па, сега ти препрочитај го својот пост, и види кој има повеќе предрасуди.
     
    Последна измена: 17 јули 2015
    На kikkki и Victorian им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    За добар спот пејачите по тв емисии кажуваат дека требаат 5000 евра. А кај е музиката, текстот, аранжманот. Добар текст чини 500 евра.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Точно Тања, сега видов дека сум заборавила да допишам уште една нула. Ама како и да е, текстот ако си го напише сама може да заштеди.
     
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Ги прочитав набрзинка последните пост-два од темава и викам ај да видам која е таа Аделина.
    Три спота премотав во рок од две минути, воопшто ни ми се допаднаа. Девојката нема пријатен глас за слушање, за музиката не зборувам - тоа е до вкусот, единствено што привлекува е интересната сценографија и полуголата згодна типка како танцува и толку.

    Не вреди да се споменува, а не пак цела тема за таква простача која благодарејќи на тоа што има пари па може да си купи што и` се присака. До толку ни е бедна естрадата, да вакви „пеачки“ стануваат топ тема на муабети.
     
    На koritsaki, Salome, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    mnogu e ubava
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Ни убава ни ништо,песните и се лом.Мене искрено Еnca Haxhia многу повеќе ми се допаѓа,и песните нема кој не и ѓи слуша,меѓутоа е .... не знам како да кажам,и треба да ослабне доста
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Убава е средена е.