1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адетите кои произлегуваат од верски причини

Дискусија во 'Религија' започната од мало_сутра, 27 октомври 2018.

  1. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Сакам на оваа тема да продискутираме за адети кои произлегуваат од верски причини а во реалноста нема потреба од нив.
    Какви адети знаете дека се применуваат ,ги применувате ли, како го разбирате постоењето на вакви адети во денешно време,како потреба или доказ за заостанатост наметната од верата?
    На пр.денес е Петковден и не требало жените да перат(а и на други верски празници ваков адет има,а и самите верски лица го оправдуваат адетов).
    Можеби во минатото каде што жените постојано переле на рака имало оправдување малку да одморат од домашните обврски на вакви празници но денес овој адет е тотално неоправдан.
    Ете исто адет на мртва сабота да не се капат луѓето бидејќи се муабетело мртви коски ќе нараснеле кај тие што се капеле дента.
    Можеби во минатото кога на мртва сабота која е во пролет се бдеело од вечер до сабајле на гробишта и било практично да не одиш капен за да не настинеш вечерта на пролетни и променливи временски услови но денес и овој адет е тотално неоправдан.
    Ајде доволно е да се приметат и дискутираат овие адети кај православните,но може да дискутираат и муслиманите и евреите на оваа тема за ваквите адети и во нивната религија на пр. како адетот-сунет.
    Порано кога овие муслимански народи како и евреите претежно живееле во пустински предели каде што било прежешко и немало доволно вода за редовно одржување на хигиена се случувало од нечистотии чести инфекции кај мажите па за да се спречат се започнало со засекување на вишокот кожичка.
    Но денес кога повеќето муслимани и евреи живеат насекаде по светот и имаат најнормални услови за редовна хигиена уште се врши сунетот како некој вид заостанат религиски чин што е според мене тотално неоправдано.
    Вие што мислите за сето ова?
     
    На marchi-cool и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Во вакви бабини деветини не верувам се знае дека кога е празник се оди во црква на литургија и не се работи по дома или во поле.Денеска со ова интернетиве може човек колку сака глупости да се начита ,а ваше е дали ќе верувате.
     
  3. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Така си е,и да читаш и да гледаш глупости на пр. правење сунети и славење,ама па ете кај муслиманите и евереите машко дете не минува без тоа.
    Тешки глупости па и поклони носење за тоа:o
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кога верниците подобро би ги познавале списите на сопствените религии тогаш повеќето такви адети би отпаднале. Во Библијата на пр. никаде не вели дека на петковден не треба да се пере, а во Куранот никаде не вели дека е потребно обрежување на половиот орган, напротив се вели дека човекот бил создаден така да ниту има потреба нешто да му се додаде ниту да му се одземе телесно.
     
    На orevka, vitamina, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.073
    Пол:
    Женски
    Денес прочитав дека на темел на куќа се колело јагне, и се закопувала главата во темелите. Останав без зборови на таа глупост!!! Па и уште православно било...
     
    На daylight, Amellie13, мало_сутра и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.246
    Допаѓања:
    124.525
    Курбанот не е православен
     
    На Selest, daylight, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.073
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека не е, ама очигледно пола македонци не знаат.
     
    На мало_сутра и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    И јас првпат ко го слушав ова останав нема. Глупости живи! Башка, и пари се фрлаат во темелите, за као да имало пари во куќата. Шо ќе фрлам ја сто евра у темелите, место да појдам на вечера или нешо слично, мало сутра.

    Овие адети мислам дека изумираат со стареењето на популацијата у Македонија. Јес да има и млади луѓе што веруваат и практикуваат вакви глупости, сепак мислам дека поголемиот дел се освестуваат.
     
    На marchi-cool, мало_сутра, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Џеки

    Џеки Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2018
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    И јас сум против глупавите адети добро сега има некои што се забавни и интересни но некои се толку безпотребни а дури можат и да ти наштетат.И често запаѓам во дискусија со старите баби објаснувајќи дека тоа се живи глупости ама не они пак по нивно.
     
    На kuc, мало_сутра, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.073
    Пол:
    Женски
    Бев убедена во ова, додека не станав член на домаќинските групи но фејзбук, хаха. Се разочарав.
     
    На Abeja, SunnyGirl2, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Добро утро реформација! :) Со текот низ вековите кон христијанството се прилепувале разни пагански обичаи и верувања. Просечниот човек денес тешко може да разликува што е христијанско, а што паганско. Сепак, Светото Писмо е добро мерило да каже што е изворно христијанско, а што лепенка од затекнатите култури и верувања на паганите, словените, елините итн.
    Ваквото освестување во западна Европа се случило во 16ти век, кога одредени храбри теолози се спротиставиле на разните пагански или небиблиски догми во Католичката црква. Нивниот слоган бил: „Да му се вратиме на Светото Писмо!“ - бидејќи очигледно согледале дека црквата застранила од него. Ова движење се нарекува „протестанска реформација“ и ова е тоа што ја извадило западна Европа од мрачниот среден век. Така се појавиле христијаните протестанти.
    Македонија малку доцни со овој процес, ама мило ми е што во оваа генерација тоа полека се случува.
     
    На daylight, PaLaVa, worrieddd и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Неодамна слушнав ако за време на погреб на попот му се одврзани врвките од чевлите или што и да носи значело дека како му се влечат врвките по земја така и по умрениот да се влечат други... Ако во иста куќа, или иста фамилија на неполни 6 недели има 2ца умрени во гробот на вториот да се фрлело заклана кокошка за да нема уште некој мртовец... Уште што нема да слушниме и видеме, заради вакви муабети и приказни лугето губат верба во релија..
     
    На EvAngelos и мало_сутра им се допаѓа ова.
  13. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    А и тоа за не одење во црква на женско за време на циклус. Нечистата жена ќе извалка брејј(facepalm)
     
    На PaLaVa, EvAngelos, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    За време на циклус да не се бакнуват икони.
     
    На мало_сутра му/ѝ се допаѓа ова.
  15. мало_сутра

    мало_сутра Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Па и тоа бакнување икони со кармин или лепење пари насекаде и на секое кога си има уредно поставена каса под секоја икона. Ама да се види кој колку има,во живо да се види колку дава:puke:
     
    На PaLaVa и Lolo5 им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.073
    Пол:
    Женски
    А бебе што не смее да го види 'нечиста' жена?
     
    На mariz и Lolo5 им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А мене ме интересира како тоа жена со менструација е нечиста?
    Демек се чисти од нечиста крв?
    Ако (наводно) сексот е за раѓање само во брак, и таа крв е нечиста, значи ли тоа дека и плодот во утробата е нечист?
     
    На crimson, theowndemon, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Моите заклаа јагне и главата ја закопаа во темелите, кај што е денес влезната врата... А сите темели ги испрскаа со крв од јагнето. Првата половина на 80тите беше :)

    Производ на суеверност се сите овие 'адети'.
    Муабетот: Кога ќе слушниш нешто дека 'треба' да се прави, и ако не го направиш, ќе ти биди шубе.

    Повеќето во Македонија се такви... Та Македонци, та Албанци, та Турци... та не знам шо да се...
     
    На Tejjy, ane.bella, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Тежок примитивизам лежи во адетиве, суеверие и страв од непознатото што имал оправдување во некои многу дамнешни времиња.
    Од обични нелогични верувања, до понижувачки небулози за жената (како тоа дека е нечиста за време на циклус), и варварски чинови (баш така ги гледам курбаните и било какво обрежување)... Џабе ти е да си формално образован, ако овие работи не ги познаваш исклучиво како делови од историјата и фолклорот што треба да се закопани одамна во минатото.
     
    На Angelllla, Gosh, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Јас сум суеверна за некои работи...
    Иако сум свесна дека ми е од суеверие, ете, не можам да го сменам то.. и не можам да го сменам
     
    На marchi-cool, ane.bella и Lolo5 им се допаѓа ова.