Јас многу закрцани адети не знам.Моите не практикуваат некои такви работи, нити па останатиот дел од фамилијата за среќа.Вака тука што имам читано нешто знам или што сум слушала. Најрасчуено е тоа дека ние женските кога имаме не треба да влагаме во црква...јас сум влегла.Велигден,Божиќ и други поголеми празници се еднаш годишно, тоа нема да ме спречи да влезам во црква и да запалам свеќа. Едната баба е Дебарчанка другата е од Ресен, никогаш ги немам слушнато да кажат некој адет, барем јас не памтам.А и двете се родени ‘38/‘39.
Не сечам и јас глави Ама има работи за кои сум суеверна... Еве еден пример: Ако ми го пресечи црна мачка патот! Ова ми е од дете останато и не можам да не обрнам внимание
Колку и да не верувам во натприродното, не би живеела во неосветена куќа. Само тоа е кај мене, на други работи не обрнувам внимание.
И јас порано верував во тоа.Братучед ми како мал падна од точак и скрши заб од кога му го пресекла патот црна мачка.Ама тоа може да е само коинциденција.Во последно време црните мачки бегаат од мене така што немам гајле Другарка моја верува дека ако бандерите се спојуваат во А буквата горе и ако пројдеш под нив со уште еден дека ќе се скарате.Баш поминавме и еве се немаме скарано.Е тоа ми е глупост искрено,ако треба да се скарам со некој ќе се скарам бандерите не играат ништо тука
Знаеш, дека кога ќе размислам, тро е и како опсесивно-компулсивно однесување?? Ме потсети на бандерите.. и јас долго верував во тоа, и ми текна, дека некогаш не газам по линии на плочник Второво не е од суеверие, туку е репететивно однесување само.. Може и тоа со бандерите и мачките да има иста 'подлога'??? Ме замисли..
Ова со бандерите јас го знам поинаку, уште од дете...Бандерите во форма А значат "арно" демек можеш под нив, ама бандерите во форма Л значат "лошо" и никако да не се поминува под нив
Прекрстување кога поминуваш покрај црква, клањање пред икона, вртење кругови околу црква за Велигден, оставање конче од облеката на дрво покрај црква или манастир, палење свеќи за живи за мртви...
Половина планета исто така им е шубе кога црна мачка ќе им пресече пат и веруваат дека нешто лошо ќе им се случи Бројот на луѓе што го практикуваат суеверието, не го прави истото да не биде суеверие. За христијаните, дали нешто е суеверие, паганизам или лепенка од некоја друга религија, мерило е дали верувањето произлегува од Светото Писмо (Библијата) т.е. дали произлегува од учењето и праксата на Исус и апостолите, или пак истото се појавува со векови подоцна.
Што пишува во Библијата? Не се палат свеќи? иначе.. не мораш да се правиш паемтен, ко човек разговарам... ако сакаш да дебатираме, одговори ми, ако ти е за преправајнци, ич не ме цитирај
Жена во циклус била нечиста. Бреј! А Богородица не била жена, и Света Петка и ред други светици? И како тоа не е океј да бакнеш икона кога си во циклус, а има невести што се венчуваат во тие денови, притоа земајќи и причест? Или оние 90% во денешно време што застануваат пред олтар да ги венчуваат а се бремени? А што се однесува до овдешниве адети, можам само да кажам дека на што повеќе свадби присуствувам, се помалце и помалце имам желба да правам македонска традиционална свадба. Толку работи се измешани, толку безсмислени работи се прават што немам коментар. Секое село со себе носи нови адети, а нај не ги можам жениве кога ќе почнат да се караат во такви ситуации... - кај нас вака се прави тоа; - не, врска нема, у наше село вака правиме;
Ти требаше да ме видиш кај шо праев (односно ми праеја) свадба Ко послушна невеста, секој адет шо го побараа од мене свекорот и свекрвата, го направив... Кај мајка ми пререкував и не испоштовав се'... Златна мајка Не ми сметаше искрено ко дојде време за праење... Ко да сум прв пат на свадба, пошто прв пат од толку блиску бев сведок на се' што се случува во една свадба... Забавно.. во секој случај
Да, во Библијата никаде нема палење свеќи. Ти прва ме цитираше. Ми постави прашање - ти одговорив. Излегувам сега, се читаме покасно, позз.
И јас се прекрстувам пред црква, и многу луѓе сум видела дека се крстат.Тоа и не е некој ,,адет”.Јас мислев збориме баш за адети пример гледање низ прстен кога се мажи невестата, и такви некои работи. @EvAngelos работиве што ги наброја се нормални кај нас, кажи некои по хард-кор затуцани.
јас во библијата во стариот завед имам читано дека жената се смета за нечиста додека има циклус. а дотогаш уопште не верував во тоа. Еве еден бесмислен бабски адет: ноќе не се збирало спружени алишта. Ноќе не се истурало вода под стреа,вечерале самовилите
И не се тресат кебиња-чаршафи ноќе Ова мајка ми (а и татко ми додека беше жив), ден-денес го практикува.
Мене не ми се допaгjaaт aдети, мислaм декa се би требaло дa се прaви од юубов кон богa, aли ги имa тaкви религиозни фaнaтици што им тече крв од длaнките, пa зaтоa се воведени aдети.