Ако беше така, мене куќава екстра празна ќе ми беше до сега, што и да значи тоа празна куќа. оставам празни садови по маси, јеби га!!!!
Исто. Нема благе везе ова.Исто и тоа како беше пајаците носеле пари, ми викаа не ги тепај.Јас сирота се плашам од нив, папучата и ги праќам во друг свет.Какви пари страв лозје чува.
надоврзување на маси чаши ова она... Кога ќе појдеш на гости и ти турат сок или некаква пијачка пред да си заминеш мора да ја испиеш,не смееш да оставиш пијалок вчаша,ќе си им ооставел кавка на домаќините
Вчера го спомнавме овој 'обичај '.. Истурање вода по некој, да му тргне и за напредок. Имав еден комшија дедо, секој прв училишен ден истураше кофа со вода по внукот, за добар училишен тек, а овој пустиот понављаше скоро секоја година
А ако заврне во текот на ноќта, па мора да се соберат? На форумов инаку прочитав дека на новороденче не се спружувале алишта ноќе, надвор. Ги спружував во секое време кога беше готова машината, лето беше, за бебе ни ефтина струја не гледав. Подоцна кога сфатив од форумов колку сум грешела. Аууу...
Ова не се адети на нашата вера, каде во библијата ако веќе сме религиозни се ова го пишува? Никаде. Да така не е исто да си верник и не е исто да почитуваш нечии измишљотини од шти бабите во минатото немале друга работа па си правеле бајрами на умот со глупости.. А се почесто гледам дека уствари верниците ги следат овие глупости демек господ ги кажал Аха да. Јас сум строго против и намерно ќе правам тоа што на пример некој ке се дразни да ми го каже да не го правам Ете така И се почесто им викам на старите "ти веруваш и прави како сакаш, остави ме мене, како што ти нема да се смениш да не правиш така и јас нема да се сменам да правам такви глипости" и така. Многу се нервирам за вакви глупости кога ќе слушнам или полошо некој да ми кажува да правам како што тој истиот ми кажува. Од мала сум таква. Ми кажуваа да не излагам навечер до 40 дена јас намерно излегував; ми кажуваа алишта да не сушам намерно сушев, ми кажуваа нокти не се сечело навечер, јас сечев ... и така натаму..
Една комшивка кога месела леб заборавила да стави сол..и дојде кај нас да пие кафе со мајками го виде солот и и текна дека заборавила леле кога почна да се туфка и да се нервира жената трла раце..Де бе тетка Вале што се нервираш си заборавила ќе го изедете и таков и велам. А таа нее не е на арно ако заборавиш сол во леб да ставиш ќе умре некој..Почна да се колне жената и рече ќе оди во црква.ова е веќе суеверие не е адет но да го пишам тука.
Секоја година после Бадниковата вечера мајками ме тераше јас да ја истресам надвор бовчата а таа излегуваше по мене..бидејќи од која страна ќе залајат кучињата натаму ќе сум се омажила.
Мене со малата кога се роди почнаа глупости да ми редат, ко ги подбрав сите, да не им текне повеќе. Исто за кумот што требало да даде име, сите грешници не правеа оти сами сме одбрале. Мм вика, каде во библијата пишува дека кумот дава име? Среќа на кумот не му беше важно, ама дргиве збеснаа.
Она со дете на 40 дена у црква, а после на 3 места одење? Попот вика глупост. Тоа е останато од времето кога жените седеле дома 40 дена, никој не идел, никаде не оделе, и реално оделе кај нивните мајки да ги видат, оти им фалеле. Од црква право кај нив, или кај сестрите. Сега се правитолкава фама... а попот вика тоа е за мајката, не за бебето, на мајката и се прави голема молитва за здравје, и нема врска со одењето по куќи, суеверија се.
Па видете, реално и не ги исмевам или осудувам старите. Овие работи се излезени од пред многу години, па и векови. Тогаш ретко кој одел на училиште, па камо ли писмен да бил да знае библија да прочита. Медицината не била ни приближно она што е денес, за да можат да си објаснат некои работи. Животите им биле тоа... Нива, дома, нива, дома. Немало одмори, патувања, телевизија, радио, кафич, ресторан. Ако не измислувале глупости, како ќе си го исполнеле времето? Значи тие не ми се чудни и можам да ги разберам. Ама денес, со сите информации на дланка, развиена медицина, дадени одговори на сите прашања, отворен свет каде можеш да научиш како е во други земји, кога ќе ми лупнат некоја глупост, како на пример бебето имало клинови, требало да му се бае, па уште ме прават проста оти не верувам во тоа.... Е тоа не можам да го разберам. Арно бремена сум, немам менструацијата, инаку мм немаше да си го види внукот на камера. Така и му беше речено, демек ај ќе пуштиме камера, чисти сте сите таму сега, нема ризик.
Има логика муабетот. Се работи за превентива веројатно, не знам .. објасни што поточно состои целосниот муабет ? Каква нечиста жена ? Во сексуална хистерија - дилириум / тешко менструално чистење ?
Нечиста жена ја сметаат таа што има менструација. Демек ќе се нафрлело бебето. А нема благе везе... акушерките и докторките ќе требаше секој месец да не одат на работа дури имаат циклус.
А најстрашни се оние што идат во црква, во 3 куќи, па и на бајачки... Па некакви клинци имале децата. Не знам што е тоа, само сум чула,не сум доразбрала. А која контрадикторност е од црква до бајачка, тоа башка.
Со тоа клиновите и бајачите свекрвата и свекорот на глава ми се качија. Уште и будала и прост те прават што не веруваш. А тие пустите од селото свое подалеку не излегле.