1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адетите кои произлегуваат од верски причини

Дискусија во 'Религија' започната од мало_сутра, 27 октомври 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.176
    Од практична гледна точка, така намалувале посети првите 40 дена. една четвртина имаат меснтуација, и колку толку помалце ќе дојдат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Оддамна кога сеуште луѓето не одржувале редовна хигиена и кога сеуште не постоеле влошки или не биле достапни за посиромашните, менструацијата буквално по нозе им течела. И затоа е тој адет бидејќи некоја небањата па и со менструација да оди кај бебе. Сега веќе е друго, влошки се достапни и сите одржуваат хигиена.
     
    На WildMk, Lolo5 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.744
    Пол:
    Женски
    Спомнато е палење свеќи за мртви и палење свеќи за живи.Нема ништо чудно во тоа.Тоа е нормален верски обичај.Се палат свеќи за спокој на душите на мртвите и се палат свеќи за здравје,општ добробит на живите.
    Новороденчето да не се изнесува од домот првите 40 дена делува како малку чуден и застарен обичај.Но,имам чуено од доктори дека ако го ставиш на страна тоа што е бапски совет,има основа од здравствен аспект.Новороденчињата се чувствителни и многу лесно подложливи на настинки и инфекции,па затоа не е добро веднаш да се изложуваат на надворешниот свет.Е,сега не мора баш 40 дена да се чува бебето внатре,ама треба претпазливост.
    Или она дека во некои села,мајката на детето не смее да присуствува на крштевањето на детето во црква.Пречудно е...
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Абе едно се бабиниве деветини и суеверија за црни мачки, бандери чаршави, сечење нокти итн итн.
    Тоа нема никаква верска позадина па и не верувам дека во денешно време некој ги практикува сеуште...од оние што се за свадби, крштевки, погреби или цркви дефинитивно не ги можам само оние од кога ќе умре човек и ќе се погреба, тоа идење по гробишта и раздавање де на недела па на 40 дена и натаму како идат, па секоја задушница па ручек па не знам што, абе умрел човек тоа тони храна се остава и се носи а божем така требало "за душа" ако тој кога бил жив не се најал и напил што фајде...а ова само кај нас го има.
    Исто и давање курбан што уствари самата библија го забранува.
    Абе мислам дека очи ќе ти истераат некои душебрижници за вакви работи, они битно секој адет го практикуваат а тоа што се олош од луѓе е друга работа.
     
    На WildMk, jacqueline.s и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    На некои им е чуден и застарен обичај палењето свеќи за мртви и живи, а пак нормален верски обичај им е новороденчето да не се изнесува од домот првите 40 дена, за добробит на новороденчето. На едни првото им е чудно, на други второто.
    Што мислиш, има ли некаков објективен критериум според кој може да оцениме дали некој верски обичај е ок или не? Или кој е тој духовен авторитет кој реално ќе ни каже кои обичаи се ок, а кои се чудни, застарени, пагански, бесмислени, неразумни, достојни за потсмев на форум и сл.
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Можеби немало влошки ама имало крпи кои ги ставале меѓу нозе. Еве да речеме, добиваш мензис неочекувано и во тебе немаш влошка. Ке оставиш да ти тече по нозе или ке ставиш тоалет хартија/ палома додека да стигнеш по дома?
     
    На Nausicaa, WildMk и crimson им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Ако не постоеле влошки,сигурно жените не иделе небањати и крвосани у нозете од менструација(facepalm)
     
    На Nausicaa и crimson им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.744
    Пол:
    Женски
    Баба ми ми кажуваше дека жените во нејзина фамилија генерации наназад крпи турале.
    Да,има разни сфаќања.
    Сите имаат право да дадат своја критика,но не е во ред да се потсмеваат верските обичаи,особено оние запишани во религиските,верските книги.
    За еден едно нешто е чудно,затуцано,а за друг истото тоа е нормално,прифатливо.Разликите можат секогаш да се критикуваат,но не можат секогаш и да се судат.
    Крајниот суд е во Господови раце.
     
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Па фала богу дека турале,сигурно немало да чекаат по нозе да им тече ко што мислат ова современиве женЦки|(
     
    На Nausicaa и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.744
    Пол:
    Женски
    Се снаоѓале како знаеле и според можностите.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    За жал не... Оделе небањати и крвосани (не сите ваљда, ама голем дел), оти постоело верување дека ако се одмиеш за време на менструација, ќе ти тече повеќе. За жал, ова верување постои сеуште во некои делови, и млади девојки ме имаат убедувано во тоа.
    Затоа менструацијата на жената има толку негативна конотација, и е сфатено како едно од најсрамните, најнечистите и најгадните работи на човечкото тело.
    Сето тоа е производ на неукост, лоша информираност на жените, и бабини деветини.
    Денес, кај голем дел од жените хигиената особено во тие денови е на максимално ниво, влошките и тампоните кои се користат не пропуштаат ни капка, а незатуцаните жени се мијатт по еднаш до два пати денот, па се почисти од многу небањати жени без менс, или немиени мажи. Е сега, според нашите прекрасни адети (следи иронија), подобро да дојде некоја без менс кај бебето, чиста е, а таа може пред 5 мин по нужда била и раце не измила... Ама никако некоја со менструација, оти е нечиста.
     
    На WildMk, DAngel, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Секако дека сите не оставале така да им тече по нозе ставале крпи, ама имало секакви посебно по селата. Дури баба ми ми има кажувано кога била мала имало неколку жени кој оделе така. И од тоа произлегува и тоа порано жена кога имала мензиз не смеела во црква, бидејќи не смее крв да паѓа по светиот храм. Ова поп ми го има кажано. Што во денешно време не важи бидејќи се користат влошки и не може да се случи такво нешто.
    Инаку неодамна ако најдам статија ќе ставам, постои група на жени кој не ставаат влошки ( во денешно време) бидејќи менструацијата ја прифаќале како нешто природно кое не требало да се крие.
     
    Последна измена: 31 октомври 2018
    На WildMk и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Имало имало во денешно време има што не се бањаат кога имаат мензис не па пред 100 и повеќе години.
     
    На WildMk и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Јас немам чуено од бабите за такви случаеви ама чим така викате нека биде..
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    И мене дедовците не ми кажале дали редовно си ги миеле половите органи :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Секакви има и денес, пример има жени кои не се бањаат додека имаат менструација. Да бидам искрена немам слушнато за тоа, овде на форумов прочитав дека во период од 4-5-7 дена нема бањање јер е гадно.

    Ама дека грото жени биле толку гадни како што зборуваш - не верувам. А и не е логично да одат со крв по нозете, имаат и тие дом и двор кои исто така би биле крвосани.

    Поповите денес венчаат бремени невести, така да, не се компетентни особи.
     
    На Nausicaa, VDT2906, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Менување гаќи и чорапи секојдневно стана луксуз на милениумците последнава деценија. Ретко кој го правеше тоа пред 10-15 години. Да не се лажеме, а и денес ќе се изненадите колку има што се мијат само на забар кога треба да одат или систематски :D
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Баба ми, користеле крпи.. и тоа волнени... Родена беше 1926та
    Замислете на +30 степени, на нива, со волна меѓу нозе

    Е на мајка и' генерацијата, ни за крпи не им текнувало... По нозе им течело.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    За мостовите на свети 40 маченици никој не кажа? Кога се градело мовче преку вода со 40 прачки, па се верувало дека ќе го сонуваш оној со кој ќе се омажиш.
    Така баба ми го сонувала дедо ми, а тој доста постар од неа. Кога станала прво што рекла било: "Да бе, батко Стојан го сонував". :D
     
    На Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Темата беше ЗОШТО некои адети се присутни денес, а во суштна нема потреба од нив. Зошто некои адети сеуште се провлекуваат од минатото, а немаат смисла во денешно време. Менструацијата кај жените е поврзана со премногу адети и верувања, како пример жена со менструација не смее да оди в црква, да види бебе и ред други примери кои ги врзуваат токму со религијата. Треба да се едуцираат многу луѓе зошто настанало тоа во минатото, и зошто не треба да се гледа така на тоа денес. Не знам што ви е гадно!!!
    Зарем и вие ја поврзувате менструацијата со нечистотија?
    Се дискутираше не само за менструација, туку зошто порано не се перело на празник, зошто во минатото се измислувале разни суеверија кои ги поврзувале луѓето со Господ или ѓаволи или слично, кои останале до ден денес! Не знам што ви смета да се развие и ваква дискусија, па банови, па пари, па модератори. Никој никого не навреди во темава, се зборува општо.
     
    На WildMk, Nausicaa, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.