Имаше годинава во групите за ЖДМ една пишано дека и рекле дека од Велигден до Спасовден не се перело бело, па како издржувале жените 40 дена да не перат бели алишта Ќе си приумрев кога го видов тоа. Замислете само, жената стварно се спремала 40 дена да не пере
Така си мислат луѓето. На пример, мислат дека ако колат јагне во името Божјо, ќе добијат здравје и бериќет. Или ако одат на гатачка која гледа на икони, таа е божји човек со дарба од Бога. Или ако пуштат машина за перење 2 недели оти биле празници, Господ грев ќе им пише. Ова се само мали примерчиња.
^^ Повеќето адети кои се спомнаа и за кои се иницира темата уште од почетниот пост, се поврзани со религијата (дека жените за време на циклус се третираат за нечисти во црква, што сè (не треба да) се прави на одредени верски празници, што (не) му се прави на бебе пред крштевка, па курбани, сунети итн.). Никакви офтопици и нема проблем со насловот. Тоа ако вие верниците се тригернувате, е ваш проблем. И да, ЖДМ и сличните групи се најголем доказ дека и луѓе со пристап до интернет во 21 век веруваат кај нас во овие работи, посебно кога се работи за бебиња/деца (на кои ќе им го пренесуваат понатаму во воспитување овој игнорантен менталитет). Бруки светски...
Па ако си мислат луѓето треба да биде адети кои произлегуваат од имагинацијата на луѓето а не верски. Никаде во светото писмо не пишува дека Бог бара да се колат животни за здравје,бериќет итн. Гатачки и слични врачари кои гледаат на икони се под закрила на тој рогатиот и не се божји луѓе. Значи ова се измислици од луѓе кои немале што да прават порано па си измислувале гачки. Тој што практикува вакви ситуации, неможам да се согласам дека се адети зошто ние имаме адете наши македноски кои нажалост се срамиме и сакаме да ги заборавиме а да ги прифатиме оние западњачките за да бидеме модерни.
И за срам се. Да пукнеш од срам . Појела ме туѓа срамота кога гледам со какви прости ствари се бафтаат поголемиот дел од населението. Trampppp, HAAARP!!!11111111111111111111 Кажи еден Американски адет, гарант не знаеш ни еден, а модерна ќе бивала
И религиите воопшто произлегуваат и опстојуваат ради имагинацијата на луѓето, па никому ништо. Fair enough, anyway.
Сатанска работа бежиииии пупу скраја https://www.facebook.com/Pravoslavn...EfYJQ4k_SMIHVc1CxeOnFfMmLMJeems1k4&__tn__=K-R
А обичаите за Бадник, Василица, Прочка се многу слична работа. Она што боде очи е всушност е прифаќање на туѓи традиции. „Сатански сили“ и сл. е само канализирање на тој отпор, според мене.
Не мислите дека претерувате?Се карате за менстурација што секоја од вас еднаш месечно ја добива.Да ете порано сметале дека жените се нечисти прљави и тако даље.Тоа Господ ни го дал така што тоа нечисти избацете го од глава. @Someonespecial може да ти кажам нешто најискрено? Почитувам што си атеист, твое право.Ама МНОГУ МНОГУ ја напаѓаш религијата каде стигнеш.Мислам да олабавиш малце, ако ти не веруваш во Господ има некој што верува.Замисли тебе некој да ти пише овде: Неверничке една каде ќе ти оди душата, во пеколот ли ќе гориш дрндрн”.Како би ти било?Убаво ќе се осеќаш некој да те нападне така директно и тоа рачунај реално на форумов има повеќе верници него атеисти. Не верувај ти ако неќеш ама остај не на мира тие што веруваме и не буцкај.
Постење? Не се пери, не се чисти, не се плети, не се вези - за празник (верски) ? Адетите околу поголемите верски празници? Адетите кога се прави свадба, крштевка, погреб? Ако размисли чоек, за се' има адети (правила)... Што практикувате вие? Кои адети ги правите? И зошто?
Некои адети се веќе традиција и сметам дека доколку не сметаат некому се океј. Ама адетите коишто те "врзуваат" да седиш дома или да не переш алишта се да не речам глупави. Според мене е без врска да правиш нешто што не ти чини само затоа што бабите така рекле или верата. На пример, ако кршењето јајца за велигден и вртење круг околу црква на полноќ ти е океј, нема зошто да биде лошо. Ама да не излезеш 40 дена од дома после пораѓај, а ти се оди до негде.. Ако на свадбата не сакаш дома да ти ја скршат вратата - нема да ти ја скршат.
Многу обичаи кои луѓето ги поврзуваат со верувањето во Бог всушност се паганизам и немаат никаква врска со вистинската вера. Некои луѓе мислат дека празникот Духовден е посветен на душите на мртвите па одат на гробишта да запалат свеќи и да принесат некој дар или храна. Всушност, Духовден е празнување на слегувањето на Светиот Дух меѓу апостолите. Потоа, верувањето дека свеќата што ја држиме вечерта пред Велигден, треба да се стави под перница за да сониме со кого ќе се омажиме/ожениме. И еден куп вакви бесмислени верувања, да не се бањаат луѓето на некои празници, да внимаваат кого прв ќе го сретнат на одреден ден итн. Но има и такви адети кои се сосема во ред и складни на верата, на пример постењето во среда и петок во знак на сеќавање и жалење за предавството и распнувањето на Христос, потоа сеќавањето на Св.Василиј и се разбира, обичјот да се крши лепче со паричка, па боењето на велигденските јајца и слично. За да не западнат православните верници во паганизам, треба да бидат дел од Црквата и да разговараат со својот духовник наместо самите да толкуваат некои нешта и да следат некој обичај чиј извор не им е познат.
Постот во среда и петок не е адет, туку е канонска одредба. 69. апостолско правило предвидува да се пости во среда и петок и постот пред Пасха (Велигден).
Битер,се сложувам до збор со тебе,освен делот дека Духовден не е празник на мртвите. Да,Духовден е всушност слегувањето на Светиот Дух меѓу Апостолите,тој ден добро е опишан во Библијата,од тогаш всушност и започнува проповедањето на разни јазици,за сите да го разберат Бог... Суеверието кое се прави за Духовден,всушност е раздавањето на гробишта на храна и скапи предмети "за душа" на мртвите,место да се молиме за нив постојано,ние само раздаваме храна....за жал...