Адолесцентска (младинска) психологија

Дискусија во 'Психологија' започната од Cosmic Girl, 9 февруари 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Оваа тема нека биде место каде што може да ги споделуваме сознанијата, искуствата и проблемите за психологијата и менталното здравје на децата кои се адолесценти, тинејџери.
    Некаде овој период на адолесценција се сфаќа дека го опфаќа и пубертетот кој почнува отприлика околку 11 година, па се до 19 година од животот. Како посебен период од развојот на индивидуата, си носи свои карактеристики, потреби и проблеми кои се многу поразлични од останатите периоди од развојот на детето и од возрасното доба. Исклучително битен, а честопати и најтежок период од животот на детето и на родителите. Мислам дека заслужува посебно место во психолошково катче, со оглед на тоа дека се зборува често за прашања од оваа област на други несоодветни теми и со оглед на тоа што ова е посебна и секогаш популарна гранка од развојната психологија.
     
    Последна измена: 9 февруари 2022
    На GirlLove, andrejko82, Glowy и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    @LuckyCharm
    Мислам дека може да се префрли дискусијата тука, зошто проблемов со кој се соочувате мислам дека не е единствен случај. Многу родители на адолесценти се мачат со истите проблеми- бунтовност, попуштен успех, влијанието на друштвото, промени во однесувањето...Мака мачат како подобро да му пристапат и да му влијаат во правилна насока на младиот човек, зошто реално тој не е веќе дете, а не се ни доволно зрели и возрасни од друга страна па да им дадеш таков третман.Повеќе не функционираат родителските методи кои сме ги применувале кога биле деца. Мора да се прилагодиме и ние со нив..
    И јас имам две деца, 13 (м) и 17 (ж) год. Секојден е нов предзвик и за нас.
     
    На andrejko82 и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    Одлична тема @Cosmic Girl
    Со помалата (16 год) минуваме бунтовен период и баш е добро да разменуваме искуства.
     
    На andrejko82, Anne Boleyn и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се придружам за едно 10тина години плус минус, а до тогаш ќе ве читам, да знам шо ме чека :D
     
    На sj *O* и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Поздрав за темата мила. :inlove:
    Ете јас лично како што напомена, ги изразив моите проблеми, ставови во друга тема. Ќе следам сега искуства и од други членки, па се надевам дека заеднички и со размена на мислења и начини за справување, ќе можеме полесно да го надминеме овој посебен период, кој е доста динамичен и стресен како за нас, така и за нашите најмили.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="jacqueline.s, post: 6007701, member: 53947"м за едно 10тина години плус минус, а до тогаш ќе ве читам, да знам шо ме чека :D[/QUOTE]
    Секако. И јас така слушав од тие со постари деца порано. Иако мислев дека нема да биде тоа случај и со моите деца, добар дел од ситуациите се случија или се случуваат. Постојат карактеристики за овој период кои се баш својствени а со тоа и чести. Ако ништо друго, барем ќе знаеш да внимаваш на одредени моменти.
     
    На jacqueline.s и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Секако. И јас така слушав од тие со постари деца порано. Иако мислев дека нема да биде тоа случај и со моите деца, добар дел од ситуациите се случија или се случуваат. Постојат карактеристики за овој период кои се баш својствени а со тоа и чести. Ако ништо друго, барем ќе знаеш да внимаваш на одредени моменти.[/QUOTE]
    Знам, разбирам. Се што сум рекла порано дека мои деца нема така да прават, или дека јас нема да правам нешто, од глава ми се чукнало, така да за ова си седам мадро и си чекам. хахаха
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    Нашиот проблем односно каде јас го гледам проблемот е што погрешивме со малата кога беше помала да не речам ја размазивме.
    Кога имаше домашно ко помала следуваше прашање подоцна да го завршам,ние ако,може.
    Така си ја усвои навиката на одложување на обврските која сега ни е голем проблем.
    Дете е со државни награди за кои еден ден не одела на курс и се спремала во последен момент.
    Годинава во прва год.средно и обемен материјал стигнавме до проблем да не стигне се да заврши во последен момент.
    Па со наш надзор на извршените обврски и настојување прво да го извши најтешкото па најлесното и релаксација на крај стигнавме до некаде.:drunk:
    Иако некогаш беше страшно стресно.
    Мм работи со неа матем.физика,хемија и не еисто редовно да се зема материјалот и 5 лекции наеднаш ден пред тест.
    Брзо сфаќа и делумно и поради тоа одложува,знае дека може да го совлада,но тоа не е воопшто паметно и на тоа работиме сега.
    Инаку немаме некој друг проблем освен со организација на учење.
    Друштвото и е добро,нема циркуси,пијанчења,цигари,останување надвор над дозволено, е се расправа,кавгаџивка е,брани ставови,тоа не ми смета, ми смета кога не се заќутува некогаш кога зборам.
    Експериментира со боја на коса,стил на облекување што е нормално на тие год.
    Сака да се истакне,бара начин.
    Тоа е нашиот проблем.Одложување на обврски,не сега,после, не после, попосле.
    И сметам дека вината е кај нас,направена во рано детство што си ја усвоила.
     
    На andrejko82 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    До 18 трае адолесценцијата, меѓутоа добра тема во секој случај. (fingers)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.696
    Пол:
    Женски
    Одлична тема @Cosmic Girl
    Моево веќе е 10 ама секое прочитано искуство од вас со постарите деца на некој начин ќе ни биде од помош.
    Секое споделено искуство за нас ќе биде совет плус.

    Оваа година веќе гледам големи промени во однесувањето кај моето,претпоставувам некоја фаза после која следи тој фамозен пубертет.Се бунтува,не можеш ништо да му кажеш веднаш со превртување очи...не беше таков дефинитивно.
    Знам допрва ми се маките.

    Читајќи ја @Cosmi за извршувањето на обврските околу школо ,исто постапувам како неа.Кога ќе ме замоли нели за "подоцна",јас ако,знам дека ќе си ги заврши.
    Ама еве сега гледам и кај нас може да биде значи проблем кога ќе се зголеми обемот за работа.

    Затоа од секое искуство може да научиме нешто.
     
    На Cosmic Girl и Cosmi им се допаѓа ова.
  11. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Леле......ако психолог Дора го прочита ова, тешко Вас. ]:)
    Надзор, па му се мешате на детето во приватност и му правите организација на обврските :o
    Па уште и сопругот работи со неа место да си гледа своја работа........тешко злосторство. :x
    Па тоа не е ваш проблем, го малтретирате детето. Дајте му потполна слобода....инаку заедно со мене по стручна помош :D
    Аман од денешниве родители.
    Се шалам....ама воопшто не ми е до смеа.
    Незнам дали во вашиот случај е разгаленост, може и да е така, ама детево мое до 9-то одделение имаше прекрасна организација на обврските.
    Одеа само прва смена и си знаеше, околу 14-14.30 пишува домашна, па одмара, за да некаде околу 19 часот се посвети на новите лекции и нешто ако има да си повтори.
    Од кога тргна прва година, нова средина, нови деца, под влијание....и сето ова се промени. Одложување обврски до најкасно што може, па и доцна во ноќта, па нормално не се постигнува, па и честопати без домашни на училиште и завршени обврски, што порано било незамисливо да се случи. Па и кога се пишува, се пишува со саати, еден ред, па допишување на телефон, па гледање во таван, па втор ред, па се чеша пола саат. Пред некој ден, една задача по математика ја пишуваше од 21.45 до 23.15 :(
    Па и несмееш да му речеш нешто, веднаш се дере.....не ви доаѓа памет, нели психологот ви рече да ме оставите на мира и да пишувам кога јас сакам и да го правам само тоа што ме прави среќен. :?:
    И кај нас се работи за многу интелигентно дете, исто со државни награди, ние 9-то го завршивме со 40 дипломи.
    Затоа и сум разочарана, срце ме боли, затоа што знам што се може, а си го троши времето на игрички, пошто нели тоа го прави среќен.
     
    На andrejko82, Nena Jovanova, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    :D
    Таа вашата Дора богами да не ме прочита :x
    Надзор по мене мора да има.
    А и не е добро да прават работи само кои ги прават среќни бидејќи во животот ќе мора да прават работи и кои не ги прават среќни.

    Мојава сега наполни 16.
    Кога во прво пол. раскажуваше цел ден лектира,глава ме фркна од нервоза,се испокаравме.
    Мислам дека имаме сличен проблем,само кај нас е научено однесување и малку тешко оди учење нови навики,иако приметив, а и сама призна дека и е подобро кога денот и има план и рутина.
    Ко вашиот пример.
    Спие на пр. од 15-16.30,јаде па почнува да учи.
    Кога е викенд , не е во школо е поголем проблем.
    Мојава во основно следеше програма за надарени деца,само одложуваше и тогаш,стигнуваше во 5 до 12,сега не стига.
    Ја прочитав “Поједите ту жабу” книга која баш е наменета за одложувачи ко мојава,и применивме неколку совети.

    Првиот,да има денот јасен план,бидејќи одложувачи мора да имаат план инаку ќе одложуваат додека можат.

    Пр.ќе учам во сабота од 10.
    Доаѓа сабота,поминува 10,доаѓа 12,ќе учам во 14,поминува и тоа,фрустрацијата расте и лутината сам на себе расте,доаѓа 17 часот уште одложува,доаѓа 22 тогаш почнува ,но тогаш е луто веќе на само себе и ништо не може да научи.
    Затоа напишан планер и следење на истиот со штиклирање (детето го прави ова)

    Вториот да се води графикон на извршени обврски,секојдневно.
    Се оценува денот од 1-5 зависно колку е детето ги извршило зададените обврски.
    По месец дена графиконот ќе покаже дали има напредок.
    Засега сме до тука,резултат има и помалку се караме.:D
     
    Последна измена: 9 февруари 2022
    На Cosmic Girl, cresa-jagoda и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  13. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    За се си во право и го делам твоето мислење. Мило ми е што се враќате во колосек, кај нас невозможно е, детево не прифаќа ниту сугестија, ниту некаква соработка. Се уморив да повторувам дека се што работи е на негова штета, ама што сум знаела јас, тој добил стручен совет од лице што учело за тоа и што си ја знае работата.
    Никако да го убедам дека згрешивме во изборот, за него советите се супер и му одговараат. А успехот не го покажува тоа, напротив.
     
    На Nena Jovanova и Cosmi им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.390
    Пол:
    Женски
    Не губи надеж ,не се откажувај.
    Не е ништо готово.
    Колку и да не сака соработка, збори,сигурно подоцна ќе го процесира тоа што му го збориш.
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ќе се вмешам малку иако немам дете на оваа возраст ама паметам како ми било мене и на сочуениците на оваа возраст. И јас и тие беа од класови од основно каде што покажале успех во одредени области и имале награди и не екипираа во посебен клас кој исклучиво беше наменет за талентирани ученици. Ама како што иде кај нас во образование го дополнија класот со деца на некои битни фаци за да поред нас што реално учиме и за да се одржува колективниот просек на класот им се тресе од ракав ако заслужуваат 3ка на пр. ќе им стават 4ка или наскоро и 5ка. Муабетот ми е имавме екстра талентиран соученик и по прва средно се враќаме од летен одмор и сите си муабетат кој што правел летово, повеќево се фалат ваму бевме на одмор, таму а он еј јас учев и вежбав за следниот натпревар и повеќево му се изнасмеаа. Ние што го ценевме и прифаќавме како екстра талентиран му се восхитувавме ама по овој настан почна да пие за викенди со ''друштвото'' се откажа да иде на школскиот натпревар иако проф. го прати на регионален дека веруваше во него. Неговите и проф. и неколкумина соученици пополека го вративме на прав пат. Сакав да кажам треба да ги откриете корените зошто од надарен и редoвен ученик вака ескивира и попушта со успех, сигурно се крие нешто зад сето ова негово однесување.
     
    На sj *O*, Cosmic Girl, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Благодарам мила за споделеното искуство.
    Пишав, ама во темата за препорака за психолог, таму има доста постови за мојот проблем.
    Проблемот почна кога си фати девојка од неговиот клас. Прва љубов, ново искуство. Ама дете на разведени родители, од дисфункционално семејство, со многу проблеми. Знаев дека ништо добро нема да ни донесе, ама не успеав да го убедам за жал. За да и удоволи, почна да не спие, го тераше да и прави друштво на компјутер на камера до 4-5 сабајле, а постојано беа прва смена, нели онлајн се учеше лани. Спиеше по 2-3 саати, само да биде постојано достапен за неа.
    Го убеди дека девојките не сакале бубалици и да ја увери дека не е, престана да учи. Правеше се што таа ќе посака, доминантна, опасна, манипулатор. Постојано го реметеше дека ќе се самоубива, а тоа дополнително му влијаеше на психата. И пројде мерак за 3 месеци и го откачи. Страшен шок за детево. Тоа плус му влијаеше, а и друштвото од клас го сврте против него.
    Тешки денови и месеци и за нас, пред се за детево.
    Изгуби и навика за учење, слабите оценки веќе не го допираат. Отсутен и незаинтересиран на час, така ме извести класната. А и тоа што ја гледа секој ден го дефокусира и му е доста болно. Школо во никој случај не сака да смени, мирно дете е и малку тежок на прилагодување.
    Затоа и побарав стручна помош.....а за тоа колку ја добивме, веќе доста пушував во соодветната тема.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Имате многу за работа со него и вие како родители и тој мора да работи на себе. По ова заклучувам дека наједноставно е да смени средина, школо, ама ете не сака, не дека е мирен туку се надева дека ќе му се врати. Во мигот кога ќе укапира нема назад со неа или сам ќе сака да смени средина или ќе игнорира се и ќе се врати на стар пат, само прашањето е колку време ќе му треба и колку ќе има за поправка оставено зад себе. А ќе се врати по стар пат, прашање на време е само.
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    И јас верувам дека ќе се врати, затоа со многу поддршка и внимание чекаме. Сега е втора година, надеж ми е тоа што од следната година ќе има делење на класовите по смерови, а девојкава сосема различен смер ќе биде, така да нов клас, други деца, најверојатно нов почеток. Со Господ напред се надевам дека ќе биде многу подобро, а и позрел ќе е за една година. Како што брзо растат и се менуваат, се надевам на позитивна промена.
     
    На sj *O*, Cosmic Girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.420
    Пол:
    Женски
    Ushte li postoi stigma za decata na razvedeni roditeli?!?! |(
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Тинејџери се.
    Нормално е да забушаваат.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.