Во Дом на АРМ имаш, мислам дека беше 1200 ден. месечно, три пати неделно.. јас одев пред две години, ама не знам дали се уште истите цени
Дали има некој одено на Аеробик во Блазе Конески инструкторката многу ми ја пофалија,па ме интересира цена и колку пати неделно
1000 е месечно аеробик и пилатес, 3 пати неделно аеробик, 3 пати пилатес. Посебно само на пилатес да си идеш ќе треба да плаќаш од час по 150 а така мислам дека не ти се исплати баш еве види си http://www.fitone.com.mk/Lokacii/Blaze.html
Баш штета што го затворија аеробик центарот во Кичево. Беше 500 денари, 3 пати неделно. Часот се одвиваше во 3 дела, по 20 минути. Значи, многу бев задоволна, нозете, рацете затегнати, задникот, бицепси, трицепси, стомачни. Е сега од наредната година, доколку сум во можност ќе одам во Скопје на аеробик, и доколку имам време од учење. Или ако не, со цимерката ќе вежбаме, бидејќи заедно со неа одевме и на аеробик топка, тегчињата, видеа со разни вежби, така барем и ќе заштедиме нешто, а и ќе се мотивираме порај за учење, и за вежбање
Во салата во економски. Термините не ги знам, но таму сигурно пишува. Порано одев јас кај Љупчо, инструкторот и многу сум задоволна од вежбите и атмосферата. Па побарај, види, пробај.
Јас освен на пилатес, сега почнав да одам и на аеробик, и можам да кажам дека е многу понапорно од пилатесот, но верувам дека резултатите ќе бидат видливи за пократок период. Сакам да вежбам, така ми излегува негативната енергија, и се чувствувам добро- телото ми е благодарно Дузи, ме пресмеа со коментарите на инструкторката, така е- идат и се враќаат со коли, и задолжително си купуваат по пат нешто за јадење за дома. А најинтересни се тие со повеќе вишок (без навреда до девојките кои имаат вишок, ама не се однесуваат така), тие ги прават вежбите за загревање и после на тешките стојат или лежат и потоа се жалат дека оделе на аеробик и не ослабеле . Цаци, ја прочитав цела тема и гледам две години бараш каде има аеробик. Да те прашам- а каде бараш? Јас уште кога сум била ученичка, па и после додека сум студирала- слушам некој оди на аеробик/или на некој спорт, сеедно и веднаш го прашувам каде и како, или пак одам во некоја спортска сала и се информирам дали има часови по нешто, а ти стварно не знам каде бараш две години, сигурно нема да има во библиотека, нели
И јас сакам да одам на аеробик. Во Кочани има, се оди 3 пати неделно, мислам дека е околу 600 денари. Ама немам друштво, а сама да одам ич не сакам. Другарките ми се во Ск, а секоја која ќе ја прашам, ми вели дека ја мрзи. Којзнае, можеби и ќе се осмелам да одам еден ден сама
Дури сега го гледам постов Па барам во Струмица,ама никако да најдам Прво одев во домот на културата.Имаше таму како аеробик,ама после го затворија.После па одев на одбојка и таму имаше аеробик...ама после веќе на цело запустив и сега барам пак Незнам точко каде има и колку се плаќа А и другарките ми се мрзливи,едвај ги натерувам да трчаме.Ако знаеш каде има кажи