Дали со одење на фитнес се слабее? Девојки сакам да одам на mix aerobic но несакам никако да ослабнам, сакам само малце да си го зацврстам телото. Дали би ослабнала ?
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Aеробик комбинирано со зумба се слабее ?? или е повеќе за оформување на телото?..сакам да почнам , па прво да си прашам...
Има аеробик и пилатес до зградата на Општина Аеродром во Мичурин. Одма е во зградата до општината, има едни скалички за надоле и тука е салата.
Здраво Дали би можеле да ми препорачате аеробик клуб во Центар, Капиштец, Карпош 1?? Однапред благодарам
Топпло ти го препорачувам Mикс Аеробик. Во Центар тренинзите се на неколку локации - Дом на АРМ. „Јосип Броз - Тито“, „Димитар Миладинов“. Јас сум многу задоволна од пристапот и вежбите на инструкторката кај која одам. Еве ти линк https://www.facebook.com/pages/Mix-Aero ... 5876077364
Здраво на сите. Сакам да прашам дали од аеробик 12 часа месечно ќе може да се ослабе да речеме од сеа до мај? И колку?
^ Зависи од интензитетот на вежбите и најповеќе од исхраната во текот на тој период. Секогаш ме бунеле вакви прашања, со оглед дека секој организам различно реагира на се.
Сега почнав со поздрав начин на исхрана и од април месец сакам да вежбам аеробик. Сакам да ослабам неколку кила. За колкав период да очекувам резултати? Има некој ослабено со вежбање аеробик?
Јас одам на аеробик, кој вклучува кардио вежби, тегчиња, вежбање со топки, степери и слично. Сакам да кажам дека постојано сме во движење, не е типично - само вежби правење. Презадоволна сум. Во килограми сега за сега сум 1,5-2 ослабната, ама не е секогаш поентата килограмите. Ние кога вежбаме, постојано сме во движење и правиме кардио вежби со кои се трошат калории. Значи се растегнуваме, се затегаме и слично. Јас лично немам многу килограми изгубено, но имам изгубено центиметри во обем, најмногу во струкот, а и во спојлерите (на шала кажувам дека откако почнав со аеробик - немам на што да си ги потпирам рацете на половина). Ако те интересира повеќе каде одам, што и како, слободно пиши ми лична порака, да не излезе дека рекламирам вака јавно. Многу сум задоволна од мојата инструкторка. Не знам кај други како е, кај неа ми е прв пат и планирам да си продолжам континуирано. Инаку одам 2 месеци. На ова мислев - немаат врска килограмите секогаш
Знаете некој аеробик кај што има почетни групи, во околината на Центар? Да не отидам таму и да ги гледам ко теле првите часови.
Здраво девојки, Може ли некој да ми препорача аеробик во Аеродром. Слушнав дека имало негде околу Бисер 500 денари месечно, ама не знам каде??? Позз
Би сакалаа да прашам дали со аеробик се ослабнува,јас внимавам на храната ама ми недостига физичка активност?
Сакам да почнам да вежбам и се одлучив за аробикот. Каде би можела да одам на аеробик во општина Аеродром и дали има некоја од вас што оди и колку сте задоволни? Благодарам однапред