Букирав лет пред некој ден онлајн за прв пат. Билетот што ми стигна на меил треба да го испринтам и со тоа се чекирам така?
ЛОТ. Билетот ми пристигна на меил веднаш по резервацијата. Има опција за онлајн чекирање на нивната страна и нормално на аеродром 2 часа пред летот.
Дали има летови за Љубљана, Словенија и преку која авиокомпанија? Барав преку wizzair ама колку што видов нема за таму лет. @Dust Тебе те тагнувам затоа што знам дека најчесто имаш инфо
Ако сакаш со авион, убедливо најевтина опција ти е wizzair до Тревизо, и од Тревизо со GoOpti комбе до Љубљана, кратко возење е, и се трга од аеродром. Adria има директ, ама се скапи.
Совет, прекуокеански летови посигурно е да се земат од наша агенција или директно да си најдам од некој сајт? Кои агенции кај нас работат со прекуокеански летови? Малце сум изгубена на темава... фала
А зошто да не? Тоа ми е муабетот, што е попаметна одлука? Знаеш, кога плаќаш огромна сума за карта, а притоа не си многу искусен во купување карти, си бараш некоја сигурност.
Давам пример за Америка кога идев земав преку TimetoTravel, а добра е City travel исто така. Провери ги овие две за која било дестинација, кај мене беше се океј и со малку пониски цени а идев со Turkish Airlines.
Епа и јас тоа те прашувам, кои се причините поради кои воопшто размислуваш да купуваш карта преку посредник? Не гледам како е посигурно да одиш преку посредник наместо директно од превозникот да си земеш карта, сигурно Туркиш нема да ти продаде фалш карта или да ти продаде нешто што ти не го сакаш, за разлика од некоја туристичка агенција. Знам колеги што си го однесоа со карти преку агенција и се тужат моментално. A, за интернет third-party сервиси за купување карти мислам дека не вреди да се трошат зборови.