1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аеродроми и авио превози

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Nina24, 2 ноември 2010.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    За каде прекуокеански?
    Реално можеш апсолутно се сама без да плаќаш такса на агенции.
    Провери си Qatar Airway, Turkish Airlines имаат добри цени за подалечни летови, од Софија можат да се и до 200евра поефтини.
    Јас секогаш купувам карти сама, од Виз и Рајан ер па до Катар ервејс и сметам дека е најисплатливо.
    Ако не знаеш која компанија лета најповолно до твојата дестинација отвори си edreams.com и ќе ти даде предлози.
     
    На asdas, Animali и Avery им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Скајскенер е агрегатор на агенции. Постои со години, луѓе што цел живот патуваат преку него купуваат карти. Цел свет го користи. Имам купувано и јас.
     
    На KuklickaSk, Dust и Animali им се допаѓа ова.
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Па пишав зошто. Навистина имам потреба од консултација околу темава и ценам концизни одговори. Не ќе се натегаме “зошто би” и “зошто не би”.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Авери. Еве мое искуство. Сакав да летам за Берлин во екстремно скап период, за финале на лига шампиони.
    Картите беа изгор. Агенциите наши бараа и своја провизија, повеќе отколку превозникот. Повеќе доаѓаше како "ако не знаеш како да си букираш, ќе им ја платиш и услугата што ти букираат."
    Тогаш Туркиш леташе за Берлин, и таму, диретно преку нив, картите веќе надминуваа 350 евра.
    Со скајскенер извадив deal преку онлајн агенција за помалкуод 150 евра. Работат на принцип што откупуваат седишта од превозникот кога се евтини и ти ги продаваат тебе. Никакви компликации немав, си се чекирав, си се качив, и си летав.
    Странци што живеат номадски живот, што се 90% од времето во патување и измеѓу летови користат услуги од онлајн агенции. Едноставно, се исплати.
    Од наши агенции не би купила карти, веројатно би ти било поевтино директно да си ги купиш од превозникот. Ама од онлајн агенција сум, и би. Секогаш.
     
    На Alex.T, KuklickaSk, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Никој не се натега 8)

    Најкратко кажано: букирај директно кај авиопревозниците, без ничие посредништво.
     
  6. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Кога имаш поврзани летови, колку време оставаш измеѓу?
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Зависи. Ако купуваш билет пример Скопје-Бангкок, самата авиокомпанија го одредува лејоверот. Ти продаваат билет Скопје-Доха-Бангкок.
    Имав случај со билет со 50мин лејовер во Доха, организацијата им е на ниво преку десетина од персоналот го пречекуваат автобусот од пристигачкиот авион и веднаш те насочуваат кон транзитната зона.
    Ако сама си ги правиш конекциите, остави минимум два часа заради шанси за доцнење на авион, гужва на пасошка контрола, ако имаш багаж ти треба време и за пречекување багаж па чекирање на ново.
    Користете ги бенефитите на евтиниот авио превоз, не плаќајте на агенции.
     
    На cresa-jagoda и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  8. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.137
    Пол:
    Женски
    Резервиравме повратни карти до Скопје, но на враќање јас ќе имам нови документи со промена на презиме, а на резервацијата го напишав сегашното. Пред враќање треба да се јавам во компанијата или? Не ми е јасно, а не размислив на тоа пред да ги купам.^_^
     
  9. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Пред да ја испечатиш картата ти дава да внесеш податоци и тогаш ќе го пишеш новото презиме.Ти ако имаш нови документи значи нов пасош имаш,не само презимето и бројот на пасош ќе ти биде друг.Тие податоци се внесуваат на крај пред да ја чекираш картат.Е сега ако веќе си ја чекирала и за назад незнам во тој случај.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Мораш да го промениш презимето на резервацијата за жал во некои случаи чини повеќе од самиот билет. Со која авиокомпаниjа си?
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Име и презиме се внесува кога ќе ја купиш картата, секоја промена после тоа се наплаќа.
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.137
    Пол:
    Женски
    Адриа.
    Ќе прашам и на аеродром, мислев да не биде проблем за назад и да ми пропадне целосно картата па да морам нова да купувам.
     
  13. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Дали би сакала да ми пишеш порака во врска со скајскенер имам неколку прашања? Неможам да ти пишам... фалаа :)
     
  14. Red_Strawberry

    Red_Strawberry Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво...
    Имам прашање дали има некакви ограничувања во багажот од 20кг (пр. за течности) ?
     
  15. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Адриа има летна промоција со летoви до Љубљана за 99 евра.
    Рачна торба бесплатно.
    Проверете повеќе на нивната веб-страница.
     
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Air Serbia ја бараат ли картичката со која е букиран летот при чекирање? Сакам да знам бидејќи друга личност букира лет за мене.
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Дали има лет Скопје-Кипар?
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Има, преку Wizz.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lawyermm

    lawyermm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2019
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Каде да ги проверам цените на летовите од различни авио компании до Брисел?
     
  20. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    дали има автобус што сообраќа аеродром скопје до скопје центар/железничка?