Многу подобро е до меминген па со бус, отколку од мк до минхен со бус Друга опција со аустриан со конектиран лет и најчесто саат време чекање на аеродром во виена.. Исто ти испаѓа на крај во време ама најчесто поскапо.. Возењето од аеродром до минхен нема ни да го осетиш.. автобусите се топ, автопат е..само додека излезе на автопат може малку гужва да ве фати. Повеќе време може низ минхен да се возиш ако ти е далеку смештајот..
Здраво девојки ! На праг на резервација сум за Инстанбул со Пегасус, ама прв пат ќе патувам со таа авио компанија, па пред да резервирам, ако има некој искуство, плис споделете како сте поминале, од чекирање билет до слетување. Досега сум патувала со Виз аир за Европа и Сан Екпрес за Турција, па очекувам слично искуство и со Пегасус.
Пегасус е најужаснста компанија според мене. Двапати имам патувано, немајќи друг избор. Слетува на Sabiha Gokcen, кој воедно е мал аеродром и overcrowded. На еден шалтер сите патници ги чекираат, што значи ќе се изначекаш, а може и да го испуштиш летот, исто како мене. Неудобно е во авионот и претесно... За мене е последен избор.
СКОПЈЕ И КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДИРЕКТЕН АВИОНСКИ ЛЕТ Летовите кон Скопје ќе почнат на 6 декември и ќе бидат на распоредот двапати неделно, во четврток и недела. „Виндроуз“ ќе овозможи Скопје и Киев за првпат да се поврзат со директна авионска линија. Летовите кон Белград и Скопје ќе се одвиваат со авиони од типот „АТР72-600“ и „ембраер Е145“, кои можат да примат 78, односно 49 патници. Компанијата веќе ги пушти во продажба картите за летот до Скопје. https://sdk.mk/index.php/makedonija/skopje-i-kiev-za-prvpat-ke-se-povrzat-so-direkten-avionski-let/
Одлична вест! Конечно Скопје ќе има директни летови кон Москва https://www.exyuaviation.com/2021/04/nordwind-to-launch-skopje-service.html
Дали сте летале со Аустриан (основен билет без чекиран багаж) и дали прават проблем ако ранецот е поголем од 40 цм? Мојов ранец е околу 55цм
Дали има некој што плакал авионска карта преку банка. Ја резервирав картата и сега во рок од 24часа треба да и ги уплатам на сметка, на емаил ми пратија и некаков код, тој код фактички треба да го пишам на местото што е цел на дознака на уплатницата или?
Сакам да прашам, платив со картичка лет, и на емаил имам во електронска форма документ, па ме интересира дали тој треба да го испринтам да го имам во hard copy или само кодот ќе треба да го кажам кога ќе се чекирам? Дали треба да ги земам во предвид и тркалата на куферот при мерење за димензии, за да не дојде до проблем некој или без нив ги мерат? Исто и за ранец, школски оние шо се дали е тој ок за да го носам со мене оти видов дека може и плус ранец во рачен багаж. Фала однапред @Dust
Не мораш да го принташ, можеш и со телефонот, јас никогаш не сум принтала. Димензиите се мерат со се тркалца вкупно, а за рачен багаж зависи од авио-компанијата. Ако патуваш со wizzair во рачен багаж спаѓа ранецот(40×30 димензии), а ако имаш wizz priority можеш да носиш плус и мал куфер оној со 55цм. димензии што е.
Да не е од Wizzair, само чудно ми е шо пишува за ранец дека може, а за килажата нема...дали се однесува исто и за него 8 кг. не знам... Само знам дека нашиве не прават приблеми за +- 2 цм
Немаш ограничување на кг за ранецот, само треба димензиите да ги запазиш колку толку. Никој не ти прави проблем за неколку цм, ама не претерувај за секој случај.
Прв пат сама си организирам авионски превоз па малку сум изгубена. Да ве прашам: - нели на маил се добива документот, на кој начин ќе имам доказ на аеродром дека сум резервирала? Да го принтам маилот или? - платив со картичка која не е моја, дали ќе имам некој проблем, дали треба некој доказ да се носи за картичката и сопственикот? За Туркиш се работи.
Не мораш да го принташ меилот и не ти треба доказ за картичката и сопственикот. Кога ке одиш на аеродромот, на чек ин го даваш пасошот, по бројот на пасошот ке ти ја најдат резервацијата и тие ке ти ја дадат картата.