Дали во чекираниот багаж може да носам поголеми пакувања од 100мл (пример млека за сончање, лосиони, шампони)? Или мора сите течности да ми се спакувани за во рачниот багаж и да се помали мл? Шминка како носите, во рачен или во чекиран багаж? Се мислев тоа што е кршливо како пудра да го ставам во рачниот багаж, а нешто друго што нема опасност за оштетување во чекираниот?
Нема ограничувања на течностите во чекираниот куфер и не мора да се во прозирно ќесе на куп како за во рачниот. Кршливо од шминка имам транспортирано и во чекиран и во рачен, ако ти е тврд куферот и добро ти е спакуван не би требало да имаш инцидент.
Ве молам за помош, како што видов Визер немаат релација Скопје - Штутгарт, кажете ми од каде најевитно (во однос на времетраењето) можам да купам билет?
Не знам кога ќе патуваш, ама Виз Ер ќе лета од Скопје до Штутгарт почнувајќи од ноември, како што беше првично најавено. Во меѓувреме, други опции ти се да леташ до Карлсруе или Меминген со Виз Ер, па со воз/ бус до Штутгарт или со Ер Србија директно до Штутгарт преку Белград.
Кога купувате билет он-лајн, ви бара каков пасош имате, е сега бидејќи ќе бидам таму повеќе од 3 месеци треба ЕУ пасошот да го ставам така? Но со мк пасошот треба да излезам од МК, кој пасош да го ставам при купување на билетот? И дали ми треба документ за престој и/или потврда доказ дека ќе работам таму и таму?
Дали летовите ги закажувате дирекно преку wizz air, или преку други страни? Гледам дека има разлика во цените, а прв пат ми е..
Јас искрено ти препорачувам да си букираш се сама бидејќи некогаш агенциите зимаат многу повеќе пари отколку што некогаш кошта истото, и може да ти се фати дупло поевтино ако сама си го букираш и најдеш.
Кога резервирате патување и сметсување преку агенција, обично кој багаж е дозволен односно вклучен во цената? Сакам да купам куфер/и па да знам кој ќе ми врши работа
Ако е авионски, прашај што е предвидено во картата бидејќи нели кај нискобуџетните се доплаќа куфер. Ако одиш со автобус, нормален голем куфер до 20тина кг
Рама: Рајанер на 31 октомври почнува со летови од и до Тирана Познатата компанија Рајанер (Ryanair) на 31 овој месец ќе започне со летови од и за Албанија и ќе понуди 17 дестинации. Веста ја објави премиерот на Албанија, Еди Рама, кој вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските метрополи. -Авиокомпанијата „Рајанер“ е подготвена да започне со летови за Албанија на 31 октомври, по потпишувањето на договорот пред неколку месеци. 200 летови неделно до 17 дестинации. Рајанер планира да отвори нови работни места, како и да понуди нови можности за директни летови меѓу Тирана и европските метрополи, напиша Рама на социјалните мрежи. Гордо го наведува фактот дека на меѓународниот аеродромот во Тирана годинава регистриран е рекорден број патници, односно над 5,2 милиони во периодот јануари-септември. Понатаму наведува дека Албанија веќе станала пријатна атракција за туристите, додавајќи дека само во септември неговата земја ја посетиле 1,1 милиони туристи. -Туристичка Албанија расте секој месец. Само за септември бројот на странски посетители е 1,1 милион, 45% повеќе од истиот месец лани. За девет месеци во нашата земја престојувале 8,3 милиони туристи, што е рекордна бројка, пишува Рама. https://nezavisen.mk/rama-rajaner-na-31-oktomvri-pochnuva-so-letovi-od-i-do-tirana/
Агенцијата треба да ти каже, а може и да пишува побарај. Мислам дека е 10кг ама сепак зависи каде, која компанија.
Bidejki si go zaboraviv makedonskiot pasos, pristignav so bugarski samo. Dali sega na vrakanje nazad ke mi pravat problem na nasilt aerodrom vo Skopje? Kartata mi e cekirana so bugarskiot pasos.
Епа и јас исто мислев.. Ако одите со Виз ер, може само рачен багаж да ви е пресметано во цената. Ако одите со ЛОТ, куфер од 20кг, ако одите со туркиш нешто сосема трето. Затоа ти велам дека треба агенцијата да нагласи во аранжманот каков багаж е вклучен..
Здраво дали некој има информација, дали е точно дека ќе има штрајк од 25, денес прочитав дека е најавено но уште не е усвоено.