KLM има некои промоции од белградскиот аеродром.. https://wwws.airfrance.rs/information/meilleures-offres/le-rendez-vous-air-france
Имам прашање за тие што летаат со Луфтханза, купена ми е карта Economy Light без чекиран багаж, само кабински до 8кг. Е сега пошто ќе носам малечко куферче за тие 8кг, ама се мислам за новчаник, телефон, пасош и сл. да носам плус мала ташничка, за да не биде куферчето да го отварам на секое. Дали ова би ми го рачунале како плус багаж и би ми правеле проблем?
Здраво Наскоро ќе патувам со авион Скопје Милано,со 5год дете, па ме интересира што смеам а што не смеам да носам во рачен багаж од 10кг.Чај(во прав) за малото,пробиотик, антибиотик ,храна, вода ,сок? И за цигари,дали и колку штеки смеам да носам
Дали во авион дозволуваат количката ако е под 10кг да се качи горе, да се смести во пределот за рачен багаж или задолжително се пакува со куферите доле?
Дали на некој му направиле проблем ако нема повратна карта. Бидејќи ќе се враќам со кола не знам дали би ми правеле проблем. Летам до Меминген и вработените таму претходниот пат ми побараа целокупна документација, каде одам, колку дена останувам, повратна карта и да ги покажам сите пари што ги носам.
Лани на гостите кои што доаѓаа кај нас (друга држава) им побараа на аеродром карта за назад кога ќе се враќаат ама оти беа кај мене во телефон ми се јавија од таму и јас само потврдив дека имаат извадено повратна карта и дека се кај мене во телефон за Х дата. Понатаму не им правеа ништо проблем. Имај си во себе телефонски број и адреса кај одиш, да потврдат и они дека доаѓаш на гости.
ужасно прескапа цена . Проблем е што ретко се наоѓа автобуски превоз од Скопје , мора да идеш до Солун па до Атина . Поефтино е но многу малтретирање и губење време . Добро, на неколку месеци имам потреба . Боље авион е . Благодарам
Дојдов да ги исхејтам Air Serbia. Поужасна авиокомпанија не постои. Се погаѓа 2 пати да летам со нив и 2 пати ми го губат багажот и го чекам со денови. И на идење и на враќање. Згора на тоа и куфер еден ми искршија. Немам зборови за таква непрофесионална авиокомпанија.
Не дека ги бранам, сигурно не се најсјајни, ама багажот ти го губи, краде или крши, персоналот на аеродромот, не компанијата. И со Туркиш да си летала, ќе се случело истото. Е сега како ЕрСрбија како компанија се справува со вакви проблеми е друг муабет, и тука верувам дека не се воопшто сјајни.
Здраво, ќе патувам со Croatia airlines и имам само рачен багаж, пишува 8 кг, прашањето ми е дали смеам да носам ранец до 8кг и плус чанта некоја за лични ствари, поточно мислев нешто како тоте баг да земам пример вака како на сликата или пак мора тоа да биде некое мало ташниче?
Здраво можеби прашањето е малку смешно, но немам патувано никогаш со авион. Летово ќе патувам за Амстердам со премештај во Виена, прашањето ми е кога ќе го чекирам багажот дали треба да го чекирам на шалтер за Амстердам бидејќи е крајна дестинација, или на шалтер за Виена? Инаку двата лета се од иста авиокомпанија. Би ве замолила доколку некој знае да сподели информација
Ако леташ до Амстердам, без да ти треба куферот во Виена, за чекираниот багаж ќе ја ставиш крајната дестинација. Кога ќе слеташ во Виена, само одиш на излезот за трансфер, па потоа си го бараш гејтот за твојот лет Виена-Амстердам. Се качуваш во авион, и во Амстердам си го чекаш куферот.