^ Јас планирам да патувам преку Wizz Air за Меминген ама јас прашав во агенција што соработува со нив и кај нив ќе си резервирам/платам.
Преку страната на wizz air секој може да си резервира билет, само ме интересираше оваа дополнителнава доплата што ја пишува за картиците чисто за да знам дали да уфрлам повеќе средства за наплата. Преку агенцијата ти бараат провизија? Претпоставувам дека си ја наплаќаат услугата..
дали некој има летано со Turkish Airlines?? од европскиве авио-компании моментално турциве имаат нај евтини авио-карти,па ме интересира нечие искуство? и убаво е што со нив може да се носи 2 куфери по човек,а со другиве само по 1 куфер сеуште нема,мислам од наредната година ќе биде тоа,искрено со душа чекам верувај воопшто нема да е заморно,баш на против ќе е многу по лесно,ништо не менува 40+минути па и саат или два да е се исплаќа поминати во авион,а со прекачување е многу по големо малтретирање,некогаш се чека и по 15- 20 саати на аеродром за да фатиш нареден лет од 45 мин,жива отепувачка,или пак е многу кратко времето од еден лет до друг,ќе се отепаш од трчање со торби в раце,а да не правам муабет за нас што патуваме со деца,мене ми се има случено да дремам 18саати во Милано на аеродром,ни кидна авионот имаше само 45 мин.од еден лет до друг,главоболки невидени.ех што се немам поминато по аеродромиве со тие прекачувања,ама нај голем кошмар е кога ќе стигнеш во Скопје на аеродром отепан од патот а мораш да се расправаш со копилињата "наши"жедни и зинати за пари маме му е*ем нивно,ама ај за тоа друг пат ќе кажам ...
Јас имам летано 4 пати, и пре пре презадоволна сум. Исто и од Аdria. Значи Turkish Airlines од прекрасни летови, добар/услужен персонал, храната топ. Се е супер, немам зборови.
ти Благодарам,денеска разговарав и со една друга пријателка и таа ми ги пофали многу,сега друго што ме мачи е што кога се враќам за назад има многу чекање во Истанбул,од 6 и пол часа па се до 20 часа ,сега незнам дали тие 20ч.се чека на аеродром или во хотел??
дали некој патувал со wizz air и дали плакал преку банковен налог. како оди постапката и дали е сигурно. како е постапката ако сакаш да ја пререзервираш за друга дата колку доплакаш
Јави се во Adria Airways, само они имаат директни конекции од Скопје за Љубљана. Спојлер +389 2 3117009 +389 2 3118009
Девојки, ве молам за помош. Преку кога агенција или авио компанија може да се најде најевтина повратна карта Скопје-Истанбул? Зашто гледам буквално аранжмани, 3 дена ноќевање и појадок за 230 евра на пример, а ваму - само авионска карта повратна 150-200 и кусур евра?
Ништо, скапо ми се фаќа некако само авионска карта. Со Пегасус што рекламираат лет од 29 евра (не знам зошто воопшто пишуваат такви суми), картата е 190 евра повратна, со аер. такси, во периодот од 1-5 мај. Најевтината доаѓа околу 150 евра, преку друга агенција. Златно автобусче... 50 евра повратна. 12 часа вожња, јухууу. Ама па 100 евра во џеб и Истанбул бујрум.
Абе они се рекламираат од 20 евра до ваму таму, и стварно е таа цена картата ако резервираш 6 месеци унапред Како што се наближува времето за летот се повеќе се поскапува картата и затоа кога ќе ти треба е 200 евра Погледнете од Солун колку ефтини летови има
Луѓе, мене ми треба помош. Ми треба ефтин лет до Франкфурт, за на 12 или 13ти јуни. Мислам дека од Ск нема...Може од Солун, Софија, само да не е многу скап. Е сега аеродромот во Франкфурт не работи со нискобуџетни авиокомпании, и претпоставувам дека тешко за таму да има ефтини карти. Но, има друг помал аеродром во близина се вика ФРанкфурт Хан. Така да, и таму да слетам ќе ми одговара.
На 11ти (околу 60 eur) и 14ти (околу 40 eur) има од Софија со wizzair, баш за 12ти или 13ти нема од оваа компанија. Само пониските цени важат од сега ако резервираш, како се наближува датумот така цената расте.
Јас на морам на 13ти јуни да сум таму. А на 11ти јуни пак, имам закажано интервју за бугарски пасош. Затоа не ми одговара тогаш. Уф, се ми се струпа во рок од еден месец, ќе полудам!
Сакам да прашам Дали некој знае да ми каже колку килограми багаж може да носиш со себе на аеродром? поточно на лет од Америка(Мајами) до Македонија и дали се наплаќа ако носиш повеќе од дозволениот Исто сакам да прашам и дали може да ми ги одземат или царинат работите што сум ги купил од таму,како на пример гардероба,мобилни телефони,лаптоп,патики...
Дали некој знае како да стигнам од Скопје до аеродромот во Солун ? Ги гледам варијантиве што се со такси компании, меѓутоа тие се многу скапи 80 евра е во еден правец, ни доаѓа по 40 евра од човек, бидејќи сме давјца.