Течности може до 100мл.иако гледам на некои аеродроми прават отстапки од ова. Да, е за безбедност на аеродромите пред се ама ми се случило некаде и шише со вода во многу мала количина да морам да фрлам, а на др.аеродром и повеќе вода ми рекле напиј се пред нас и после ме пуштаат. Чисто да се уверат дека е само вода.
Да, и мене не ми е јасно, некогаш имам проаѓано со цели амбалажи над 100 мл. Зависи кога како ќе им текне.
Патувал некој со ЛОТ? Имам купено карта економик без чекиран багаж, само кабински (мало куферче и плус уште нешто). Е сега пиши да е до 8кг, а јас ко ќе го накрцам куферчето тежи 10. Не сум видела досега кабински да мерат некаде (само чекиран), мислам на гејт понекогаш мерат димензии во тие направите, ама вагање на тежина не сум видела. Не знам дали да пробам да префрлам некои ствари в ранец, или нема да ми прават проблем за +1/2 кг.
Adresata e sosema ista, samo pecatna greska se ima napraveno vo edna bukva Ova go znaes od iskustvo-pravat problem vo praksa ili pretpostavuvas? Fala
Здраво Сакам во средината на Фебруари да одам во Салзбург, бидејќи Визз ги укинаа летовите преку која авио линија е најисплатливо да отидам или ако нема директен лет од нашиот аеродром, до кој Аеродром да отидам најблиску
Ако сакаш баш од Скопје само Ер Србија ти е најповолна.. Ма да и од Софија и Приштина не се поефтини, туку поскапи
Патувал ли некој со Easyjet? Гледам летови до Париз и се поевтини од Визз, а летаат до Орли кој е поблиску од Бове.
Повели како можам да помогнам На ист принцип како и виз ер ти се.. На орли е 100 пати боље да слеташ, Бове е мноогу далеку Така јас еднаш до Брисел летав со Виз.. До оној Шал(р)ероа 65 километри, цел саат со кола Е ова Бове е скоро дупло време
Фала. И јас тоа гледам, ептен е блиску аеродромов со оваа команија, а и поевтини понуди имаат од Визз. А со Фреебирд си летала? И они имаат летови до Париз (до Де Гол мислам) ама нема се уште опција на страната да се одбере лет, а гледам почнати се со летање
Јас знам само до Лондон до Гетвик аеродромот и Лајпциг да летаат, никаде немам видено и слушнато за Париз Каде виде дека летаат?
Имаше инфо по пораталиве, а ги има и како линија на ТАВ, ама на нивната страна не можев да го најдам летот или не гледам на вистинската страна.
@An-na Freebird летаат само чартер летови до Македонија за европски туристички агенции, нема можност за индивидуална резервација на авиобилети за жал.
Дечки имам едно прашање. Дали на аеродромот во Белград ќе ми биде доволно 1ч и 40 мин да стигнам од еден лет на друг. Летот од Скопје за Белград би слетал во Бг во 5:10 а другиот авион од Бг полетува во 6:50. Дали би имала шанса да го фатам тој во 6:50 или тешко? Плус со дете
Имај во предвид дека често може да се случи да се одложи некој лет и притоа да го фатиш едниот, а другиот да ти избега зошо според мене 1 саат и 40 мин се мала разлика помеѓу летови поврзувачки. Имај исто во предвид дека нема да излезеш одма точно во 05:10 во авионот туку можеш да чекаш додека се отворат врати, па гужва, па куферот дур го земеш итн.. Јас би препорачала да си видиш некој покасно лет поврзувачки зошо вака може да има илјада ситуации кога се работи за авион што ќе ти го саботираат точното поаѓање