Ако се посебно купени карти ќе мораш да излезеш и пак да влезеш во транзит зоната што значи дека ќе мораш да поминеш низ безбедносна контрола, пасошка контрола и се останато (ако имаш куфер ќе мора да го подигнеш и пак да го чекираш). Иако Белград не е многу голем ако има гужва/неколку паралелно летови може да ти е малку време. Инаку сум имала и помалку време и сум стигала на следен лет, ама сите ми биле врзани летови и тогаш самиот екипаж помага да стигнеш на следниот лет.
Тогаш не, како што кажа членката погоре треба да поминеш многу процедури, мислам дека час и половина нема да е доволно.
Си имала искуство со Истанбул за врзан лет од отприлика исто време до 2 саати? Ме плаши големината на аеродромот дали ќе се стигне за толку кратко време.
Јас Истанбул со час и половина сум стигнала, јес да беше на брзање пошо аеродромот е огромен плус тупеа малце повеќе на пасошка, ама се стига.
Во Франкфурт, што важи за еден од 5те најголеми аеродроми во Европа, следен лет ми беше на 1 ипол сат, и тоа 40 минути изгубив само на пасошка и секјурити (башка контрола таму знаат да тресат темелно и чевли да те тераат да собуеш) и уште 15 минути одење пеш до гејт . Се стига ама стресно е. Е сега Белград е каде каде помал аеродромот, ама со посебни карти ако не се заедно чекирани ќе треба плус и багажот да го чекаш. Можеби и е изводливо, ама ако има подоцна лет, подобро да чекаш повеќе време и да се шлаеш по фришопови, отколку да се стресираш дали ќе стигнеш.
И јас последниот пат имав час и половина и стигнав со трчање, но јас не требаше да поминам пасошка контрола, само безбедносна поминав. Најверојатно зависи од дестинацијата каде се лета.
Ако лета некој со Аир Србија да знаете дека не ве чека авионот, ако е поврзан летот со истата компанија ќе ви обезбедат сместување и карта за следен лет кога има слободно место. Инаку многу доцнат секаде, не се баш стабилни, сите испуштаат авиони ради нив.
Си имала среќичка ти. Мене пред една недела не ме чекаше, и имаше повеќе од 25 луѓе кои доаѓаа од разни дестинации и поради доцнење испуштија следен лет, добро е што обезбедија сместување за сите барем не си оставен да дремеш на аеродром.
Мене ниеден конектиран не ме чекал..Таман работа да ме чекаат мене кога имаат термин за полетување. Очигледно под некоја среќна ѕвезда сте родени Колку нервози сум ќарила ееее Па некои компании што не се европски не ти даваат такви бенефиции како европските, смештај, пари за храна итн.. Па оди се објасни дека треба да стигнеш некаде.. Гајле им е.
Затоа е конектирачки лет, за да те чека. Јас сум каснела и по час, час и половина и секогаш чекале. А доколку не те чека а имаш конектирачки, обврзани се по закон да ти обезбедат смештај и трошоци за храна додека не ти обезбедат следен лет.
Конектиран лет не за да те чека цел ден, туку за да те однесе од точка А преку точка Б до точка В.. Ако не можеш да го фатиш твојот лет, обврзани се да ти обезбедат што е можно поскоро лет за твојата финална дестинација. Лани летото авионот каснеше од мојот аеродром 4 часа и 5 мин.. Мислиш мене ќе ме чекаше во Турција авионот 4 часа? Да сигурно. Не само што не ме чекаше, туку летав дури наредниот ден бидејќи сите летови беа полни
Па пример доколку 20 луѓе каснат поради конектирачки лет, тоа е значителен % за кој компанијата може да предвиди дека е ок да се чека 4 часа. Има многу околности кои влијаат на ова, секако дека доколку е само еден патник нема да чекаат.