1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аеродроми и авио превози

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Nina24, 2 ноември 2010.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.706
    Пол:
    Женски
    Ноуп. Никогаш нема да чекаат 4 часа. Може 30 минути, може и саат дури ако се многу души..

    Затоа што на другите 200 патници летот ќе им биде одложен за 4 часа а тоа значи дека ќе мора да исплатат компензација на 200 души поради тоа што некои каснат.
    Едноставно ги ставаат на следниот лет и тоа е тоа..
    Ниедна компанија нема да ризикува да плати на 200 души по 400-600 евра, тоа се 80-120.000 евра..

    Најдолго што ми се случило да чекаме патник е 10тина минути.
    Најдолго што сум чекала да полетаме спремни на писта на JFK беше саат ипол.. И тоа беше измачување :D

    Така да може да се чека од други причини ама за патник 4 часа, ноуп.
     
  2. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Ок чил.
    Ко прво летовите секогаш имаат покасно време на пристигање од напишаното, поради такви причини. Некогаш и рута што обично се лета за 3 часа, може да се прелета за побрзо. 3 часа е оптималното летање со најниски трошоци, не е најбрзото. И компензацијата е за пристигнување 3/4 часа покасно од напишаното време на картата, не е за полетување 4 часа покасно. Ми се случувало да касниме со полетување 3 часа, летот според напишаното на картата трае 4, и баш кога сите мислат дека ќе ќарат компензација, ние оп, стигаме за 3 часа на дестинацијата.

    Сум чекала конектирачки и по час време ( никој нема да ти каже дека причина за каснење е чекање на конектирачките летови, некогаш се чека и на персоналот кој доаѓа со еден од тие летови ). Така да се зависи од околностите. Цела авиоиндустрија е базирана на ова и има еден куп алгоритми за пресметка на soft spot, односно кога вреди да се чека и кога не. Ама дека може да се деси да чека 4 часа, може и тоа.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    42.692
    Пол:
    Машки
    Обратно е. Ако има delay од барем 3 часа при полетување, следи компензација независно кога сте стигнале на дестинацијата.

    Јас имав случај пред скоро, полетавме навреме ама авионот не можеше да слета во Охрид ради магла, па слета во Скопје 1 час покасно (рачунај колку покасно е тоа ако се рачуна до Охрид како крајна дестинација). И барав компензација, џабе, не следело пошо полетал на време и второ дека било поради временски услови.
     
  4. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Па тоа ти зборам, компензацијата е доколку касни 3-4 часа после одреденото време на слетување, не на полетување.
     
  5. Bamby25.

    Bamby25. Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    здраво, при прво патување со авион ми го искршиле куферот(кој за жал беше позајмен), пријавено е на аеродром од како го примив, поднесено е пријава авиокомпанијата за оштета, со што ми кажаа да поднесам и јас барање со ливчето што ми го дадоа.
    Арно ама јас нервозна, изморена од пат и поспана, место да пријавам искршен багаж, јас почнав да подполнувам изгубен.
    Се обидов да сменам, но барањето е веќе испратено како изгубен и неможе да се преправи.
    Како да постапам понатака може ли совет се работи за Lufthansa ако има некој искуство нека сподели?
     
  6. non existent

    non existent Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Дали некој летал со Pegasus Airlines?
    Гледам дека Carry-onBag мах 3кг дозволено... Додека скоро секоја друга компанија дозволува од 8 до 10кг.
    Дали мерат тежина на Carry-on bag или само димензии?
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    18.369
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Има ли директен лет Скопје-Цирих? Евентуално со нискобуџетниве компании?
     
  8. RockinIt

    RockinIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2022
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Машки
    Има, да.
     
  9. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    18.369
    Пол:
    Женски
    Која компанија?
     
  10. RockinIt

    RockinIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2022
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Машки
    Swiss air и Chair airlines. Најдобра опција на Google flights можеш да најдеш, па макар и со трансфер
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Makaro

    Makaro Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,ми треба инфо ... Во план сум да патувам со кола до скопски аеродром.Дали некој знае каде би можела да ја оставам колата,на неколку дена во близина на аеродромот на сигурно за да не плаќам паркинг.
     
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    42.103
    Пол:
    Машки
    Овие нудеа поповолни цени од скопскиот аеродром, и те носат право до терминал.

    https://www.facebook.com/share/1BvZzSK2pj/
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  13. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
  14. Dita_girl

    Dita_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2019
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    zdravo sakam da prasam
    imam let do bazel utre
    sakam da prasam dali e vo funkcija noviot ESS sistem
    dali e na vlez vo svajcarija i koja e procedurata?
    dali se mnogu ceka ili bilo kakva informacija
    falaa
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    576
    Дозна нешто? :)
     
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.833
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    Наскоро ќе патувам во земја од EU, ако може некој да сподели искуство со ESS регистрацијата.

    Дали треба да направам нешто однапред или штом слетам на аеродром се земаат биометриски податоци?
     
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    31.429
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена летав на релација Скопје-Берлин потоа Берлин-Љубљана со претовар во Белград. Формалноста ја спроведоа кога слетав во Љубљана, не ти треба ништо, тоа го прават на пасошка контрола. Си имаат поставено камера и те сликаат. Отисок не ми текнува дали земаа.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.349
    Допаѓања:
    42.667
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Германија пред 1недела, буквално ништо не направивме. Не ни побараа
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    9.978
    Аеродромот во Цирих голем ли е?
    Со новиот систем имам ли шанса да фатам селф трансфер лет? Околу 1:35 минути имам време, со надеж дека нема да ми касни првиот лет.:drunk:
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.833
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    Голем е аеродромот, голема гужва, се патува од еден до друг дел од аеродромот со метро (ако е потребно за твојата конекција) и според мене е речиси невозможно да стигнеш, особено ако треба да подигнеш багаж и повторно да се чекираш.