Аеродроми и авио превози

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Nina24, 2 ноември 2010.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    10.007
    Багаж немам, само мал во кабина ама не ми е поврзан летот па морам пак да проаѓам низ пасошка контрола.
    Уф, штом викаш нема шанси, размислувам да го откажам некако тој, ич не ми се останува плус таму.:doh:
    Чат ЏПТ ме теши имало доволно време ама не спомна и метро во приказнава.
    Еднаш во Франкфурт така трчав по летот ко на филм, се надевав дека не е толкав и овој…
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    14.909
    Пол:
    Женски
    Со метро се патува доколку вториот лет ти е интерконтинентален ( E гејтови).
    Аеродромот не е толку голем како во Франкфурт, сигурно пола од него, колку во Виена од прилика.
    Штом немаш чекиран багаж е многу олеснително, само што ќе мораш пасошка поради не шенген- шенген зона…
    Не знам, можеби мене ми изгледа многу ризично, посебно со новиов систем. Штом си без багаж не е неостварливо, но сепак доста ризично.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bluesea

    Bluesea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2019
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Дали треба да се направи нешто пред време за новиот ЕСС систем? Колку време се чека на аеродром?
     
  4. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    10.007
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.482
    Допаѓања:
    28.950
    Пол:
    Женски
    Ако имам два лета у една насока, едниот со Визер, другиот Рајонер, дали можам одеднаш да резервирам за двата преку сајт или агенција? Или дали морам преку двете компании башка па со тоа башка чекин, башка бординг пас?
    Повратниот ми е преку Ер Србија, два лета се ама двата со истава компанија. И овој мора башка све?

    Гледам ова kiwi сајтот, може преку него одеднаш да ми ги резервира?

    Ај хелп
     
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.911
    Допаѓања:
    42.801
    Пол:
    Машки
    Мислам дека можеш преку Киви директно, ама јас не би затоа што сепак тие ја купуваат картата во твое име и имаш помала контрола ако нешто ти затреба понатака. Подобро резервирај си ги посебно преку сајтовите на Виз и Рајанер. Чек - ин секако ќе ти биде посебен, ќе треба да се чекираш два пати, еднаш преку веб страната на Виз за нивниот лет, па преку Рајан за летот со нив.

    Е сега тука само не знам дали знаеш, тоа не се нормални трансфер летови, затоа гледај да имаш доволно време измеѓу двата лета и провери добро дали се од истиот аеродром во градот каде што се прави конекцијата. Практично кога ќе слеташ ти мораш да излезеш од аеродромот и да подигниш чекиран багаж ако имаш исто како да ти е тоа последен лет, па потоа одново да чекираш багаж ако имаш, па да поминеш на пасошка и безбедносна контрола

    За со Ер Србија не ти требаат посебни карти, кај нив двата лета ќе се врзани и имаш само трансфер, односно по слетување со првиот лет не излегуваш од аеродромот, туку преку означени трансфер патеки лесно стигнуваш до вториот лет.
     
    На Waverly Raven и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.482
    Допаѓања:
    28.950
    Пол:
    Женски
    За летот натака, да на истиот аеродром се и имам 5 саати размак, намерно така одбрав оти првпат идам вака подалеку негде и со два лета па да имам време доволно
    За назад верувам ќе ми е полесно, башка комшиска земја, преку Србија се враќам, помалку стрес:rofl:

    А за преку киви буквално ќе ме фати 100 евра плус ко што израчунав затоа отпаѓа од опција
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    Во багажот шо ќе ми го земат они внатре во авионот, дали смеам да носам чупалица, брич, рексона стик, пегла за коса, фен, сенка за очи?
     
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.837
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  10. Dalena

    Dalena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Да и во прирачен багаж со тебе во авион можеш истово ова, само фенот и пеглата ќе ти зафаќаат многу простор.
    Попаметно во голем куфер и ај чао да не ги мислиш.

    Имај убав лет и мирно небо :).
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    Фала. :inlove:
     
    На Dalena му/ѝ се допаѓа ова.