Јас летав со пегасус од Скопје-Истамбул, Истамбул-Анкара...Добри се авионите(не се како од Туркиш),али за поблиска дестинација се супер!
Јас имам позитивно искуство со Пегасус. Летав Скопје-Истанбул и се’ помина во најдобар ред. Ми се свиѓа тоа што немаш ограничување за куферите (до 20 кг.нели), дури имаше многу луѓе што рачен багаж имаа и мали куферчиња или торбици. Би летала пак со нив, цените им се одлични
Ако знае некој да ми каже како се движат цените на авионските билети Скопје - Стокхолм или Солун - Стокхолм и да ми препорчате некоја добра агенција што нема астрономски цени
Прилично касно го гледам прашањево ама еве за другите кои исто планираат да патуваат. Вакви кеси има во ДМ во делот за пакување на храна и на самите кеси има нацртано авионче зошто димензиите точно одговараат на оние што ги имаат назначено авиокомпаниите
За која дата? Еве ти добра комбинација на дати само лет а со еден куфер чекиран багаж и мала кабинска торба Ова ти е супер цена, 6718 ден. повратен билет без дополнителни трошоци. Ако имаш намера да патуваш повеќе годинава не е лошо и членство да си платиш, па цените секогаш ќе ти бидат пониски. Плус и оние кои патуваат со тебе ќе имаат попуст.
Ако знае некој да ми каже како да најдам лет за санторини?Директен од Скопје не ми се верува ама..и колку би ме чинело
Има некој/а патувано со Alitalia? Некое искуство? Поконкретно ме интересира дали имаат ограничувања во однос на багажот и доколку да колку се доплаќа за дополнителен..?
Еве страница каде може online да се следат сите летови...можеби имате блиски за кои ќе сакате да проверите http://www.flightradar24.com/
Со Алиталија имам лошо искуство! Ни изгубија два куфери. Првите неколку денови, воопшто не се јавуваа ни на телефон, ниту враќаа на мејлови. Тек после една недела успеавме да ги добиеме, а после еден месец ни ги вратија куферите. Тогаш со нив летавме Виена-Рим, Рим-Катанија и Катанија-Рим, Рим-Виена. Пред секој лет авионот каснеше по саат ипол. Лош впечаток ми имаат оставено и делуваат како многу несериозна, непрофесионална и несигурна компанија, и затоа со нив не планирам веќе да летам!
На која страна ги гледаш овие? Ми треба за Берлин неможам да најдам по нет. Ако може да ми помогне некој? Фала
^ Сликите кои ти ги има постирано sanjaeva се од страната на Wizz Air. Ако сакаш да бараш летови од било кој град до друга дестинација, ти препорачувам да провериш на Edreams, а низ европскиве градови, евтини летови има и со RyanAir (но не летаат од Скопје) Се надевам ќе најдеш тоа што бараш, јас толку можам да помогнам
Дали знаете дали има лет од Скопје или Охрид до Варна, Бургас, Софија или Пловдив? Досега со авион немам патувано од Македонија до Бугарија, ама ми треба заради работата за побрзо одење.
Здраво феминистки, утре летам и сакам да си го земам со мене и лаптопот, дали некој знае дали ќе треба некаде да го пријавам?
Се што носиш со тебе (чанта, ранец, рачен багаж, лаптоп и сл.) мора да помине на онаа контрола со скенер и тоа е се, посебно пријавување не треба ако се работи за лаптоп кој веќе го користиш за лични потреби.