Oва е приказна за познатиот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да открие сериски убиец, кој испраќајќи му писма на Поаро му го најавува секое следно убиство. Убиецот пред секое следно убиство му испраќа писмо на Херкул Поаро, кажувајќи му каде и кога секое убиство ќе биде извршено. Но, Поаро и полицијата секогаш пристигнуваат доцна. Убиецот покрај секоја следна жртва остава и Еј-Би-Си железнички водич до телото ова всушност е и единствената работа што ги поврзува убиствата. Поаро истражувајќи открива уште еден важен детал... сите убиства се извршени по азбучен ред, почнувајќи од Ашер од местото Андовер, потоа Бети Бернард од Бексли, па (C) Кармак (C) Кларк од (C) Чарстон... Херкул Поаро продолжува со истрагата доаѓајќи до некои важни докази и успева да го пронајде убиецот. По некое време доаѓа до Каст кој врз основа на доказите против него е присилен да признае дека ги извршил убиствата, иако не се сеќава на ништо. Кој е тој ?...и кои се мотивите за азбучните убиства? Ова оставам да го откриете сами.... Книгата е пишувана во нараторско раскажување во прво и трето лице што би требало да му помогне на читателот многу подобро да се внесе во книгата, но искрено на моменти лично мене ме нервираше. Како и да е, ова е уште една приказна на Кристи која се чита во еден здив. Препорачувам!
И јас се придружувам кон позитивните белешки за оваа книга. Од многуте книги кои ги имам прочитано од оваа писателка, оваа ми се вбројува во топ 3 . Мислам дека кој сака ваков тип на книги, ќе ужива и во оваа.
Па и не ме воодушеви многу, за разлика од некои други книги што ги прочитав. Слабо. Нити па планирам во скоро време од Агата Кристи да земам да читам нешто.
Агата има и многу подобри книги од оваа, како да ја нема тензијата која преовладува во другите нејзини романи.
Ја имам прочитано книгава и ќе се сложам со другите дека не ме воодушеви. Некако ми стануваше се по привидна, не го задржа толку многу моето внимание како што се случувало со книгите на Агата Кристи. Има многу подобри книги
^ Мислам дека сите имаме читано лошо преведена верзија на книгава. Ако сте ја читале онаа на Ѓурѓа, тогаш во тоа е проблемот. Оригиналната верзија е поголема од онаа на Ѓурѓа, а кога ја расчепкав на интернет, ми се виде многу поинтригантна и неизвесна. Морав да ја проверам, бидејќи не ми се веруваше дека толку добра идеја за содржина на една книга, толку лошо е реализирана. Не дека беше којзнае колку лош преводот, ама ми се чини дека Ѓурѓа секогаш си ги крати книгите (барем од мое искуство). И многу ме нервира кога ќе добијам лош впечаток за некоја книга само заради преводот.
Лично мене ми се допадна. Се сложувам дека Агата има и многу подобри книги но сепак ми задржа внимание.
Изгледа сите се согласуваме дека е задоволителна, но дека сме прочитале и подобро од Кристи. Почеток добар, очекував повеќе, но и тоа што е понудено беше доволно за да ми задржи внимание.