1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Азиски стршлен

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Valerin, 31 јули 2014.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Верувам дека повеќето од вас денес имаа прилика да ја чујат непријатната вест, дека во Македонија официјално се потврдени лабараториските резултати околу дотогаш непознатиот вид на инсект, со што е констатирано дека станува збор за азиски стршлен!
    Според описот кој беше даден од медиумите, (и за оние кои не се информирани), станува збор за стршлен чија големина достигнува до 5 cm, (од прилика колку палецот), а неговиот отров е опасен и смртоносен колку за пчелите толку и за човекот.
    Причините за негово доаѓање се непознати, но се смета дека прелетал дури 300 km до овде, а поради поволните временски услови (како и богатата флора и фауна) не е исклучена и можноста да дојде до размножување.
    Искрено, темава ја отворив од причина што сметам дека ќе има потреба од споделување информации околу превенција и заштита од убоди!
    Во прилог ќе прикачам фотографија за оние сеуште кои не виделе како изгледа:

    [​IMG]

    Патем, доколку модераторите сметаат дека темата е поставена во несоодветна категорија, или е дупла слободно нека ја преместат или стават клуч.
     
  2. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Леле, страшно :worried: :tmi:
     
  3. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе ова е страшноо значи ! :|
    нејќам да умрам поготово не од стршлен некој :o
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    ^
    Затоа и ја отворив темава, бидејќи сметам дека ова не е само уште еден обичен инсект кој не носи толку опасност по човековиот живот.
    Сепак, станува збор за стршлен досега непознат на нашите простори.
    Исто така, би било добро доколку наидеме на некој експерт од областа кој би можел да не советува што треба преземеме доколку дојде до убод.
     
  5. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Страшно. :worried:
     
  6. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Само да не налеташ на нешто вакво :(
     
  7. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    не сум многу запознаена со темава ама можно е да е ова уште еден медицински трик за да направат пари,како што беа оние грипови,свински,птичји... Можеби грешам,незнам.
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не кревајте паника беспотребно. Некаде читав денеска, дека е лага, дека инсектите што ги нашле во Козле и на Водно врска немаат со тој страшниот азиски стршлен.

    Изгледа само уште една сензационалистичка приказна на глупите портали. :swear:
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    ^ Точно,кај нас на Ветеринарен не знаеле да кажат дали е или не е Азиски стршлен,па пратен е на испитување во Белград.

    Инаку ако најдете осило на вакви инсекти најлошо нешто е да ги уништите,зошто при смртта емитираат фермони што викаат други стршлени на помош и најголемиот број од смртните случаи кај луѓето се вака предизвикани.
    Можат да создадат дупки по телото како од куршум и предизвикуваат уништување на нервниот систем,откажување на бубрезите,алергии и сл.

    Еден ваков инсект може да убие 40 пчели во минута,се хранат со нив или им го јадат медот не сум најсигурна.Азиските пчели еволутивно развиле одбрамбен механизам против нив и се претпоставува дека затоа мигрираат на други простори.
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Озбилно?! |(
    Дај линк, баш ме интересира.
    Ако по некоја случајност си у право ебемти вести, фино не гледав пред некој период... :^)
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Како бе викаат други стршлени на помош? :o :tmi:
    Е, ова не го знаев стварно.

    Види богати умен инсект... :x
     
  12. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со Captain-Omni, измислица е.
    Такви стршлени одамна има во Македонија. Секое лето ги има и нормално е. Ако не ги чепкате, безопасни се.
    Ако воопшто нашле некои бубачки, сигурна сум дека немаат врска со азиските стршлени.
    Мора малку да се крева паника, инаку многу мирно ќе биде.
     
  13. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Можно е да е и измислица...
    Иначе слушав дека ако дојде до убод местото да се намачка со нешто кисело, на пример оцет ии да не се крева многу паника затоа што така отровот повеќе се проширувал во телото, демек...
    А можно е и вистина да е :lol:
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Што паничите за џабе? Медиумите од се прават сензационална вест и шират паника за да бидат повеќе гледани. Вакви стршлени па и поголеми колку сакате имам низ двор, дааа исти вакви, секој ден ги гледам. Си летаат и ништо не прават, можеби убиваат други инсекти незнам ама сигурно нема да ви слетаат на рака и од чиста мира да ве укасаат. Затоа доколку видите или ви е во близина најдобро е да не паничите и да не се обидувате да мафтате со раце и нозе за да го избркате само најмирно што можете повлечете со дома или на друго место.
    Прашање е дали стварно се работи за тој вид, јас наидов на сликава.
    [​IMG]
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Абе се е супер ова што си напишала, ама сеуште не знаеме дали има потреба од паника или не.
    Мада, и јас сепак мислам дека медиумите ептен ги преувеличуваат работите, како што впрочем и си имаат навика, но тоа не значи дека ако се најде некој стручен не треба да ни даде насоки околу превенција, или во случај на убод, како што и објаснив во постот.
    Башка, кај ние може да се споредиме со пределите каде навистина царува овој вид инсект?
    Од старт ми беше информацијата нерелавнатна, и не ја земав здраво за готово, ама воедно не ја гледам и како безначајна.
    А, вистина е тоа дека без причина не би ти слетал на рака, но што е пак со оние кои нема да го забележат а ипак останат во негова близина? Бидејќи како и да е напаѓа, и не е до толку дека нема да те касне ако не ургираш навреме.
    Патем, да појаснам дека не ми е целта овде да дигам паники или да праам од ништо нешто, туку само кажав дека не би било лошо да се стекнеме со уште една информација плус чисто ради безбедносни причини.
    Камо да сте сите во право и веста да е далеку од вистина, тогаш сите би биле среќни задоволни.
    Но, сепак, ако некој знае по нешто нека сподели, како членката погоре што фино си пиша дека андреналинот ја зголемува шансата отровот полесно да навлезе во крвта, или дека треба да се стави нешто кисело врз местото од убодот.
    Башка, ова од Козле навистина е слично со азискиот стршлен кој е претставен во првиот дел од фотографијата, ама е далеку од ист.
    Дали нашиве сварно се апла нестручни па не праат разлики меѓу горенаведениве, или па дигаат узубуни од што не знаат што да стаат на ударна вест за да покачат рејтинг, не знам.
    Како и да е, и јас имам некое чувство дека сепак на крај се ќе се сведе на тоа дека сме попиле една добра медиумска варка. ;) Или па упорно ќе се праат наудрени и ќе ја прекриваат вистината, за после тоа да не испаднат кретени у очи на цела Македонска јавност.
    Иако, и во двата случаи порано или покасно вистината ќе излезе на видело.
     
    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Како и да е mims-89 никој не може да биде сигурен дека овој вид го нема кај нас и исто така никој не може да биде сигурен дека нема да биде каснат од овој инсект:)
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Едно време имаше нешто со комарците, опасни биле, касале, не ми текнува како точно ги викаа, односно името кое го посочија, но колку што покажаа како изгледаат, а и демек биле опасни по живот, тогаш кога беше најавата, видов такви неколку.Тогаш кренаа фама и тоа помина, сега излезе стршленов, се нешто излегува, те комарци, стршлени, сите опасни по живот станаа, што останува со други животинки...Од се да се пазиме.

    Од една страна стршлени, од друга листеријата, трето којзнае што ќе биде.
     
  18. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Мислам дека таа болест од комарците маларија се викаше ако не се лажам ? :?:
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Точно така, никој во ништо неможе да биде сигурен, и темава е баш за тоа да дискутираме. Не реков јас дека тој што ја отворил темава крева паника, медиумите ни креваат паника.
    Сепак добро е да се знаат заштитни превентивни мерки.
    Можеби јас дека немам страв од инсекти па го зимам ова здраво за готово, има многу видови на стршлени како што и напишав и цело време се околу нас само ретко кој обрнува внимание и ги забележува. Се додека не се појави ова сите стршлени кај нас немаа никакво значење.
    Ќе видиме што ќе кажат дали ќе се потврди вистински дали се работи за азискиов стршлен, во меѓувреме ако видам некој мртов низ двор ќе го соберам и ќе го сликнам, сама не би го убивала греота е. :)
     
    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не знам колку слушнавте на ударните вести ама јас фатив еден мал, но значаен дел. Кажаа дека стршленот од Водно е азиски, да, тоа било сигурно. НО, јасно кажаа и дека ќе мора да се прати примерокот на дополнителни ГЕНЕТСКИ испитувања во странство за да се докаже дали се работи за тој опасниот, смртоносен вид на азиски стршлен. Значи уште не е ни сигурно дека се работи за тој стршлен. А како што гледам по сликите погоре (ако се релевантни), си немаат врска нашиве стршлени со азискиот. Може постојат повеќе видови на азиски стршлен ама не значи дека сите се смртоносни. Ова погоре убаво го кажа професорот (не ме држете за збор, мислам дека звањето му беше професор) од Факултетот за ветерина кога ја пуштија телефонската снимка во вестите. Убаво си кажа човекот само ова медиумиве го занемариле тој факт зашто сакаат што поголема узбуна да се направи, а воедно и што поголема ударна вест да имаат. Набија страв и паника кај народот, па сега само што ќе слушнат "азиски" припаѓуваат и кој слушнал, кој не, не е ни битно, битно готови сме. :D