http://sarma.mk/vesti/makedonija/30644/ ... mrtonosni/ Еве линк, барав во текстот да има дел и од биологот, па најдов. Мене ме има каснато стршлен, бев дете, уште се сеќавам како болеше, само мраз ставав и помина. Ама болеше 2 дена Во случај да сте алергични на убоди, секако со себе носете си лек, купете си од аптека, побитен ви е тој, отколку сјајот за уста. Некаде прочитав дане се миеме со цветни шампони, парфеми такви никако и пот никако. Иако јас мака си немам од оси, пчели и стршлени, не ми е проблем да ги фатам и фрлам, или и да ме каснат освен мало црвенило и болка, друго немам (отоци и слично) сепак не ми се пријатни.
Сликава што ја поставила Мимс ме постети на нешто што го видов уште Март месец, кај другар на фб на профил. Студира екологија на ПМФ, нон - стоп е на терени нели преку друштвово на биолози на ПМФ, значи има познавања од ова поле а со сигурност тврдам дека некаде добри 6 ако не и повеќе години е член на друштвово, а баш оваа област ја проучува Еве уште тогаш што имаше објавено, значи темава е уште од Март месец не од сега Полека, полека без дигање на општо народни паники! Инсектот на сликата е народно познат како попово прасе припаѓа на редот на Orthoptera (правокрилци). Претставува чест жител на македонските шумски еко-системи. Органот кој се наоѓа на крајот од телото се вика овопозитор или легалица и служи за снесување на јајца, не е отровен и не напаѓа со него. Врска нема со Нов Зеланд или Океaнија. Колегата од Штип измешал брзини. Не расте колку зајак, носорог или фиќо. Возрасните единки се среќаваат од март се до крај на ноември. Еве како доказ една слика од мене сликано 2012 во Мариово. Оваа е речиси оптимумот колку што расте! Спојлер А и сликава Мимс што ја постирала е устави негово дело Едит сега гледам дека сте го споделиле интервјуто со Кире
Мене ова ми личи на ѕвер. Се надевам дека само застрашувачки изгледа, и ако апа, не е опасен по живот.