1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Азија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од SV1911, 3 март 2014.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    59.359
    Девојки, ми треба совет... со маж ми се мислиме да одиме на одмор некде во Азија ама уште не можеме да се решиме каде. Јас мислев Сингапур или Бора Бора, сте биле ли во некоја од овие две дестинации?
    Ако имате некоја интересна идеја (освен ОАЕ, Пакистан, Индија) ве молам споделете.
     
  2. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Ај земете ме и мене ?! Се шегувам нормално!
    Е во Азија никогаш не сум била,а најголема желба ми е! Сакам да отидам во Кина и на Тибет ,а не би пропуштила ни Индија! Ако одите во Индија не заборавајте го Таџ Махал! Во Кина има многу што да се види,а искрено и Сингапур не би било лошо! Јас да имам можност би отишла на сите овие места,ама по можност да тоа биде во истражувачко-авантуристички дух! Да јадам нивна храна (и да преживеам),да се облекувам во нивна традиционална облека и да се однесувам како нив! Едноставно да им влезам комплетно во културата!
    Ви посакувам среќен пат и мислам дека што и да одберите нема да згрешите! Па нека биде и Камбоџа или Виетнам, Тајланд или Кина......
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Ja bi odbrala bora bora..sepak e ostrof..plazs,palmi,voda,kokosi :D.Singapur e grad so 5 000 000 ziteli daleku podinamicen I spored mene poopasen :) .Sepak vie znaete sto preferirate
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Јас би ти препорачала да одите во Тајланд, прекрасно е. Друга вегетација, луѓе, култура. Сместувањето таму не е скапо. Пребарајте фино ако успеете да најдете поевтини авионски карти.
    Рај е :wasntme:
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    SV1911, сега ја гледам темава, се одлучивте ли за дестинација?

    Азија е ПРЕКРАСНА! Сте ја исклучиле Индија како опција уште од старт па да не ти зборувам за неа, ќе пишам на кратко за тоа што сум видела јас од Азија и мое мислење за местата.

    Предлог - Тајланд.
    Во Бангкок ти е права лудница, не е многу средено и чисто како Сингапур на пример, но можеш да најдеш буквално СЕ што ќе посакаш. Има големи гужви во сообраќајот, многу туристи, огромни трговски центри - цените се многу ниски слично како во Скопје, шопинг за џабе пари, ефтина храна, ефтин превоз, ефтина масажа...
    Хотели се наоѓаат ефтини, отприлика по 30/40 евра од ноќ, јадење по ресторани не е скапо (добро сега зависи каде ќе седнеш, но се наоѓаат и прифатливи цени), имаш организирани тури (претежно од хотелот организираат и ти нудат) посета на зоолошката (можеш да се качиш на слон, да се сликаш со животните, тигар, крокодил...), задолжително да се посетат околните места, островите на Џејмс Бонд, фул мун парти за само 30тина евра!
    Прекрасните храмови и палати (Кралската Палата) се работи кои треба да се видат преку ден, а за навечер нема што нема да видиш, све и свашта ненормална работа, од транвестити до секакви болештини се шетаат низ улиците и клубовите затоа човек треба да се пази на што ќе налета... Цените во дискотеките и клубовите се прифатливи, но ќе бидеш подложен на вистинско искушение бидејќи Бангкок е модерната Содома и Гомора!
    Од друга страна го имаш Пукет со прекрасни плажи, забава има исто така но не е на исто ниво со Бангкок или Патаја, и таму е ефтино само на мене не ми се допаѓа бидејќи е полно со туристи и не можеш баш она, да го почувствуваш Тајланд како во Бангкок на пример.
    Се што напишав за Бангкок - важи и за Патаја (во Патаја е поефтино и познато е по секс туризам), најлудите и најблесави места во светот, според мене Ибица е едно големо НИШТО во споредба со ова, едноставно можам да ти пишувам до утре сабајле и нема да најдам соодветни зборови за да ти прераскажам и доловам Тајланд.

    Куала Лумпур и Сингапур се помирни места, почисти и не изгледаат толку натрупани како Бангкок, ама затоа цените се огин и пламен. КЛ задолжително да се види мостот и да си закажете бесплатно така порано од сабајле затоа што има многу посетители.
    Каде и да сте сместени - имате нискобуџетни локални авиокомпании па доколку сте авантуристи можете да ги прошетате сите места и да останете по 2,3 дена.
    Во врска со климата, летно време е “малку“ загушливо и топло, можно е да ви биде тешко првите неколку дена додека се навикнете.

    На Бора Бора не сум била, но бев на Малдивите.
    Иако е во Јужна Азија, Малдивите се сигурно место, нема криминал, маларија и слични опасни болештини. Дестинациите од овој тип (Малдиви, Бора Бора) и сама знаеш дека се елитен туризам, па најпаметно ти е да уплатиш олл инклузив во некој ресорт за да не искешираш ненормална цифра за 15 дена одмор. Алкохол нема да најдеш ни за лек по продавниците, нема Содома и Гомора како во Бангкок туку има по некоја забава организирана од хотелите, нуркање е задолжително според мене!
    Овие дестинации се повеќе за меден месец, одмор со партнер, нема многу ука бука и ресортите се изолирани од населените места и се е толку мирно... убаво... релаксирачко...
    Сејшелите ти се многу блиску и се далеку поевтини, а можеш да најдеш и подобар ноќен живот и забава за разлика од Малдивите каде 99% се заљубени парови кои уживаат во коктелчич со цветни дезени оптегнати на прекрасните плажи.
    Малдивите се супер ако сакаш ваков тип на одмор, јас не би одела повторно.

    Од друга страна ги имаш Филипините, Манила ти е главниот град и цените таму се како во Скопје, дури и поефтино. За другите градови да не ти зборувам, буквално се е ЏАБЕ смешни цени се за храна, пијачки, сместување, и имаш многу ефтин транспорт до другите туристички дестинации.
    За ноќен живот на Филипините, Макате е РАЈ и со такси можете да одите секоја вечер за некоја смешна цена од 300 песо и ќе бидеш таму кај што е шемата нели...
    Ако одиш на Филипините оди преку лето, после таму на есен фаќаат тајкуните и може да биде малку влажно во Манила (вода до колена) но не и опасно.
    Стандардот е МИЗЕРИЈА, па ќе можеш да си дозволиш многу работи.
    Храната да ти кажам им е слична на нашата, некако така ми делуваше, на пример за разлика од Тајланд.
    Разликата помеѓу Бангкок и Манила ти е што на Филипините ќе видиш природа, добар ноќен живот, речиси истото како во Тајланд (со исклучок на Содома и Гомора) само на СМЕШНО ниски цени.

    Бали ти е уште една добра опција за плажи и тој тип на туризам, цените се многу поефтини од Тајланд, нема што да се види ама има доста активности.

    Каков тип на одмор сакаш?
    Заинтересирана си за Кина и Јапонија или да не пишувам за џабе цели реферати, а ако веќе сте одлучиле, среќен пат и убаво да си поминете, па сподели ни импресии, каде, што, како, за што...? :)
     
    На smajlii, lunicka, pamelche и 11 други им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пирана напиши повеќе ако не ти е проблем, сакам да читам вакви работи. А можеш да напишеш и како патуваше, преку агенции или на сама си резервираше се? Дали требаат визи такви работи... И колку кошта еден ваков одмор грубо кажано? :) Мене Тајланд, Бали, Бора Бора ми е сон да ги посетам, се надевам еден ден ќе можам да си дозволам. Имам гледано на една страна за сместување на Бора Бора ме зачуди што имаше понуди по 40евра ноќевање по човек, многу некако ефтино ми се виде :)
    Баш сакам да читанам и за Кина, Јапонија, Индија исто многу ја сакам. :)
     
    На femina90, Waka-waka, Pirana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мимс-89, воопшто не ми е проблем да пишувам, ете ако те интересираат импресии, прераскажувања и сакаш да читаш, можам да ти пишувам за секоја држава што ја имам посетено во Азија (да се задржам на темава нели), а ќе разгледам низ форумот ако има и за останатите континенти, па ќе пишам на кратко ако те интересира и за надвор од Азија.
    Голем дел од патувањата ми се заради “професијата“ – што е добро бидејќи во спротивно ќе треба да ги спичкам сите пари за да си ја задоволам болната желба за патување и соживување со различни култури и да го нахранам авантуристот во мене, вака барем ми останува по нешто. :)
    Многу ретко користам агенции, за мене е најважно да го резервирам летот и да стигнам до следната дестинација, а за сместување секогаш барам на лице место кога ќе пристигнам (хотел или апартман – зависи колку време ќе престојувам, дали сум за работа дојдена или како турист), освен ако не одам на исто место по вторпат, па веќе знам каде ќе бидам сместена.
    Во врска со визите, ако имаш само Македонски пасош сигурно дека ќе ти треба за некои места, не знам со сигурност да ти кажам бидејќи јас не го користам Македонскиот за патување, еве како ќе пишувам за земјите ќе кажувам и за визниот режим.

    Индија е неверојатна земја со големо духовно, историско и религиско богатство, јас првиот пат кога пристигнав буквално се шокирав од големиот технолошки застој и сиромаштијата во земјава. Имаат толку богата историја, потребни ќе ти бидат месеци за да посетиш од се по нешто, плажи, џунгли, пустина, еден од највисокиот планински врв и многу други работи…
    Општо за сместувањето, треба да се избегнуваат оние хотели кои се промовирани преку туристичките агенции бидејќи цените им се дупло повисоки, и нормално тука на сцена настапува ЦЕНКАЊЕ. Имаш хотели од 2 ѕвезди за 4,5 евра од вечер за двокреветна соба, Мумбај отскокнува со стандардот и нема да најдеш пристоен престој испод 15тина евра.
    Сообраќајот е многу френквентен, на пример може да се качиш во климатизиран автобус али ќе платиш двојно повеќе, ќе ти биде ладничко ама нема да се движите брзо! Сите каснат за некаде, и на почетокот ми беше интересно тоа силување на свирчињата и нервирање, ама после и јас почнав да се нервирам и буквално те излудува, седиш во такси или автобус, а покрај тебе поминуваат крави, трактори, оние точаците што влечат сено (не знам како ги викате), абе права лудница, се и сешто е вклучено во сообраќај. Таксистите ќе те избричат на суво со цена ако приметат дека немаш компас, па треба да се прашува по хотелите колку отприлика би ви наплатиле (и нормално – ЦЕНКАЊЕ).
    Возовите и метрото се ефтини и така подобри, а има и нискобуџетни авио компании со така нови авиончиња па можеш да прошеташ.
    Храната... Скапите ресторани не им се гаранција за квалитет! Хигиената не им е на ниво, па неколку пати сум имала проблеми со стомакот, па затоа препорачувам да се јаде на прометно место и да не се експериментира со храна.
    Користат рупли и ништо друго како платежно средство, првиот пат носев долари и така убаво ме заебаа за курсот кога бев во менувачница, па ми дојде памет за вториот пат. 100% ќе ви кажат цифра од ракав, затоа проверувајте за курсот и обавезно ЦЕНКАЊЕ! Банкомати има на секој чекор ако користите картички.
    За виза знам дека ќе ти биде потреба, но многу лесно се добива, треба да имаш повратна карта, околу 100 евра мислам, две слики...
    За безбедност, да ти кажам се случува да ти упаднат во хотел или апартман, ама ако знаеш што те чека ќе знаеш и да се обезбедиш. Не користам банкомати, но разбрав дека правеле големи превари со нив.
    Лелееее мажите се апла досадни!!! Прегорени за секс, и на секое женско му нудат брак, секс, дружење, вечера, абе ужасна работа, страшно се досадни и напорни ама не е опасно.
    Кашмир е најопасен дел заради Пакистанците, од таму што подалеку.
    Храна од улица у никој случај не се купува, и тука се заебав па 3 дена не искочив од тоалет. Никако користење вода од чешма, ни за миење заби! Пасошот секогаш носење со себе, пример ако сакаш да купиш карта за воз или метро – ќе ти треба.
    За шетање – само издрпана облека, освен ако не сакате да се опростите од Келвин Клајн кошулите за 2 дена. Многу е прљаво и прашина има насекаде па трајно ќе си ја упропастите облеката.
    Јас од Индија ги видов Калкута, Мумбај и Њу Делхи...

    Калкута
    Прекрасен град на вода, нема високи згради и бизнис центри како во Мумбај на пример, имаат еден мост кој е многу голем и вреди да се види, и тука нормално таксистите ќе те одерат, па најпаметно да ги избегнувате и да се возите со бродче по реката за некои 5 рупии. За сместување ќе ти качат цена, и нормално – ЦЕНКАЊЕ, условите се благо мизерни, немаат жици за сушење алишта, пегла НЕ ПОСТОИ, детергент за алишта е луксуз.
    Мимс знаеш ли што има тука, ги знаеш оние кочиите со коњи? Е – во Калкута има исти такви само наместо коњ – човек ќе те влече!!! Фактички тоа го користиш за да си го наполниш егото и да се почувствуваш како бог, некој вид на престиж, замисли...
    По автопатите имаш различни знаци за секое превозно средство па и за кравите, абе лудница е сообраќајот низ цела Индија и тоа од проста причина што не ги тргаат животните. А и фала богу, никој ништо не почитува од правилата...
    Во катедралата не влегов, бев во Планетариумот, и во еден објект како дворец, не знам како да ти објаснам, бил изграден во чест на Англиската кралица. Види мајка, влез за локалци 20 рупии, а за туристи 300 рупии! Што значи ова??? – ЦЕНКАЊЕ! – Задолжително да се посети, градбата е ФЕНОМЕНАЛНА!
    На мене ми остави впечаток нивната полиција, пендраци од трска, никаква опрема бре...
    Зградата на судот е многу убава, за разлика од другите градби кои се со никакви фасади. Архитектурата во Калкута е интересна, но Мумбај е најдобар на тоа поле.
    Интернет, WIFI, компјутер??? А, што е тоа? Тоа е луксуз невиден, за локалци сеуште има интернет кафе и плаќаат ненормални цени за 1 саат на компјутер од времето на дедо Ное. Полициски час накај 22 ПМ и секој објект се затвара. Ако имаш можност да шеташ после 22, ќе видиш многу бездомници како спијат гушнати на тротоарите.
    Е сега, да ти ја кажам другата страна на Калкута...
    Поминав цел ден во огромниот и луксузен трговски центар на 7 спрата, ги имаат сите познади брендови, од Најк до Лакоста, парфимерии - мислиш си во ЊуЈорк, а не дека те чека права бедотија надвор од молот.
    Цените се прилагодени на стандардот, се наоѓаат патики Најк од 20/30 евра, ама како одиш погоре - цените се се повисоки, на последниот спрат е само за храна и пијалок (јас пак се заебав и трчав до тоалет).
    Има пазари со храна, пијалоци, цвеќиња, ама никаде, буквално никаде нема сувенири!
    Има кино со најактуелни филмови од Боливуд, и кога бев да гледам филм - конечно си најдов едно ресторанче со вегетеријанска храна што не му штетеше на мојот стомак. Има и МекДоналдс бај д веј...

    Мумбај
    Центарот на градот е одличен, големи и прилично чисти улици, ама периферијата е без канализација!
    Имаш 2 аеродрома, еден за интернационални летови и еден за домашни (ти спомнав за локалните компании) и се наоѓаат еден до друг. Леле Мимс тука како сум се заебала со таксито, види они имаат бројки на таксиметар пример 110, ама тоа не е цената туку број на дестинација, а ти треба да платиш само 11 рупии, јас неискусна што апаши и арамии ме снајдоа во Индија, па ме исфарбаа убаво од старт додека се свестам. За нареден пат, само дрско и тука нема ценкање како во Калкута, бидејки имаат таксиметар, само треба да знаеш што покажува тој таксиметар!
    Хотелите се доста поскапи од Калкута (испод 1.000 рупии-60тина евра нема пристојна соба) и секогаш треба да се договара цена унапред за да не те избричат на крај.
    Најголем проблем со такстистите и туристите, огромно малтретирање ако почнат да те возат низ пола град само за да ти земат повеќе пари, затоа треба да се има малку од малку ориентација и компас.
    Центарот е помирен и нема многу гужви, можеш да шеташ по отмено, ама затоа периферијата ти е исто како Калкута, чак и бетер, ќе се пепелосаш целата од прашина и дим од возилата.
    Имаш превоз со возови, карта од 1ва класа и обична која е 10 пати поефтина, а нема никаква разлика. Вратите на вагоните не се затвараат, вози со отворени врати, а некаде имаш резервирани само за жени. Е ова беше добро, си купив број од Водафон и зборував 10минути со Македонија за нешто повеќе од 1 евро!
    Железничката станица им е преубава и заштитена од УНЕСКО, тука се наоѓа и библиотеката и една фонтана - работи кои треба да се видат.
    Музејот е ПРЕКРАСЕН, хинду и будистички скулптури, слики и предмети од порцелан - влез 300 рупии. Карши него се наоѓа галеријата со многу необичен надворешен облик, прекрасни фотографии воглавно од минатиот век. Мора да се посети, препорачувам. Има уште неколку мали галерии, но овие 2 работи се најголеми и има доста гужва од посетители.
    Е, Таџ Махал и Индијската капија...
    Сите згради наоколу се со црна фасада, има многу банки и ексклузивни продавници во тој дел и скоро секогаш има новинари и камермани наоколу. Да не ти објаснувам колку е убаво.... Е тука дојде еден Индиец и ми нудеше масажа! Хахаха! А малку подолу од капијата, имаше четиричлено семејство седнато на трева и јадеа, таа слика ми остана во глава. Е малку подоле имаш пазар и се наоѓаат сувенири, храна, се и сешто, и тука има ЦЕНКАЊЕ.
    Храната тука е многу подобра и поквалитетна, а цената е многу ниска за разлика од Скопје на пример. Рестораните се чисти, големи, немам замерки.
    Го посетив Универзитетот, и нивната библиотека, и во близина видов една црква на која не и го знам името, ама беше преубава!
    Елитниот дел од градот да се посети, а и од Капијата препорачувам да се оди со бродче до Слоновскиот остров - повратна карта околу 150 рупии, таму има музеј кој не го посетив, и многу други работи за гледање...
    На враќање, погледот од бродот према Мумбај е ИМРЕСИВЕН.
    Фатив и некој празник на градот, па имаа интересни церемонии.
    За крај морам да нагласам дека луѓето се многу тешки за бизнис!

    Њу Делхи
    Главниот град е најлуд, во еден дел имаш луксуз и модерни центри, а остатокот се скромни стамбени згради и АСФАЛТИРАНИ улици преплавени од луѓе и возила. Леле се сеќавам авионот од Колумбија ми каснеше цели 6 саати, и за разлика од минатиот пат, сега веќе имав обезбеден превоз а не такси. Нормално хаотичен сообраќај - три ленти а пет колони од возила! Беше Декември, денски температури околу 20тина степени а навечер околу 5,6 и по улиците имаше илјадници бездомници како се мрзнеа или палеа оган за да се згреат.
    Има многу хотели од секоја класа, пристојни соби за некои 400 рупии. Тука една вечер се заебав, не го носев пасошот со мене и нема шанси да нарачаш пиво без индетификација. И јас како снаодлива, се зазборев со едни локалци кои ме упатија да купам пивце на “црно“ од луѓето кои продаваат на такви како мене кои го заборавиле пасошот - за да се прехранат. Кога се вратив во апартманот, се качив на кровот и сфатив во кој ебан хаос се наоѓам! Буквално нема место за разминување.
    Многу треба да се внимава на менувачниците, ништо чудно да ви дадат фалсификати.
    Железничката станица е прекрасна, како и секаде низ Индија.
    Тука имав прилика да поразговарам со еден дечко од хотелот што го начекав да спие на подот, кој ми кажа дека работи од 10 години бидејќи поткнувал од сиромашно семејство. Спремни се на БУКВАЛНО СЕ, за да заработат за 1 кило ориз. Се килават со километри за да си ја донесат храната дома, бидејки не можат да си дозволат превоз.
    Во Њу Делхи, половина од населението го живее овој мизерен живот, ДНО ДНА и не се жалат и кукаат како луѓето во Македонија, кои барем имаат каде да спијат и што да јадат.
    А другата половина живее во невиден луксуз, најголемата разлика мислам дека ја видов токму во Индија.

    На мене оваа земја ми остави прекрасен впечаток, го видов луксузот, ја видов бедата, го видов и ноќниот живот, соживеав со локалците и топло ја препорачувам за посета. Според мене, најголемиот проблем е во превозот т.е. како да стигнете до Индија, а за таму верувам дека Македончето со малку познавање, ќе се снајде и исценка за добри цени во однос на храна/престој/превоз/шопинг, а ќе замине многу побогат од тоа што бил.
    Ќе види нова култура, нов начин на живеење, со еден збор - ќе види потполно НОВ СВЕТ.

    Меѓу другото, јас има едно тефтерче каде ги запишувам своите импресии од секој град, секоја земја и континент што сум ги посетила, па еве со тефтерот пред мене се обидов да ти доловам барем малку за Индија. Ако имаш конкретно некое прашање - кажи, а моето следно мислење ќе биде за друга земја од Азија. :)
     
    На lunicka, pamelche, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Што да ти кажам ,многу убаво раскажуваш. :) Кога ќе имаш време напиши и за другите, многу сакам да читам доживување :)
     
    На lunicka, Lilit и Pirana им се допаѓа ова.
  9. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    mims-89, oд твоите омилени дестинации во Азија, ти напишав за Тајланд, на Бора Бора не сум била, па еве ти нешто повеќе за Бали и грубата проценка на трошоци за Малдивите.

    Малдиви
    Напоменав дека е муслиманска земја, па по дефиниција се подразбира дека алкохол нема да најдеш никаде, сериозно и мирно место, немало никаков проблем со туристи ниту пак со заразни болести (Јужна Азија асоцира на маларија).
    Малдивите уствари се состојат од многу малечки островчиња и речиси сите ресорти се на вода, потполно изолирани од населените места, па единствената опција за шетање ти е да изнајмиш бродче/скутер.
    Јас кога пристигнав на аеродром ме чекаа од хотелот и не превезоа со бродче.
    За убавината на плажите, водата, квалитетот на услугата и храната, немам коментар. Апсолутно ПРЕКРАСНО, рај на земјината топка, таков бел песок и толку чиста вода немам видено никаде на друго место.
    Немаат многу за шетање и разгледување како културно и историско богатство, но има секојдневни активности од ресортите (забави, некои игри на вода и слично) а можеш да си уплатиш нуркање за кое ќе платиш 600 евра од човек.
    Храна имаш и од пиле млеко, ќе те ранат, појат, гојат и гледаат како Бог. Во тој ресрот кај што бев сместена, секоја вечер јадевме под вода, си седиш и си јадеш, гледаш риби на стаклото до тебе, над тебе вода и си пливкаат рипчиња, гледаш под нозе - пак рипчиња, абе уште не сум почнала со пиење - мислев дека сум пијана па халуцинирам, ми се гледаат само риби околу мене и замислувам дека се наоѓам во романот на Жил Верн - 20.000 милји под морето.
    А, што ќе правиш, кога ќе видиш околу тебе само некои заљубени Скандинавци да јадат како кипови, за тие пари што си ги дал едино можеш да се начукаш и да ти олесни...
    Што има во ресортот - не смееш да изнесеш надвор, како на пример алкохол!
    Мислам, тоа е се супер, фино и културно, ама после 5 дена ми се здосади.
    Јас бев 15 дена на Малдивите, и ги разгледував сите опции бидејќи нели секогаш сакам на лице место да барам сместување, ама прво ми кажаа дека ќе имам проблем кога ќе слетам и немам резервација, а второ - бидејќи скоро сите ресорти имаат договори со агенции па кога ќе дојдеш на лице место ќе треба да искешираш дупло повеќе и нема кај да бегаш.
    Нормално, се одлучив да си уплатам преку агенција, за 15 дена платив нешто помалку од 4.000 евра само за сместување и ол инклузив, таму изнајмував скутер на вода и бродчиња, купував некои глупости божем сувенири (огин скупо!) и плус патот до Малдивите (тргнав од Европа), горе доле Мимс јас уште од старт одвоив 10.000 евра - а се вратив со нешто помалку од 1.000 евра кусур.
    Може да се помине и поефтино, ако не одиш на нуркање, не изнајмуваш скутери, бродови, не се пријавуваш за журките и крстарењата кои ти ги нудат хотелите, ама најискрено да ти кажам ако не одиш никаде ќе полудиш на плажа и за 15 дена ќе се направиш женска верзија на Робинзон Крусо (може и брада ќе пуштиш, слушам модерно било).
    Не знам, можеби затоа што јас сум таков човек што сака предизвици и динамика, да шетам, гледам нови работи, да бидам постојано во движење, го сакам ноќниот живот, па ова ми дојде како рамна безживотна линија после една недела престој. Не викам дека се згрозив и ми се слоши од Малдивите, и нема да ми се слоши ако отидам пак или да се згрозам ако некое сабајле се разбудам така изненадно плукната на Малдиви, туку едноставно не ми е омилен таков тип на одмор, пре би отишла повторно во Индија на пример и за истите пари ќе седам 2 месеци или на некоја друга за мене поинтересна дестинација - отколку 15 дена на Малдивите.
    Вака кога се читам, штознам, а можеби и не бев доволно заљубена за да ми биде интересно...

    Бали
    На Бали бев многу краток период од 5 дена, и тоа ми искочи баш непланирано, бев во Сингапур и побрзо од предвиденото си ја завршив работата по која отидов (читај се опарив), па како и секогаш се подлажав со нискобуџетните локални компании (секогаш се оправдувам и се вадам на овие јадни компании, се си викам, ај кога веќе сум дошла до тука греота е да не прошетам за смешни цени) фатив куферчињата, авиончето, и ете каде го спичкав профитот...
    Да ти кажам воопшто не жалам!
    Уште на аеродром, кој патем е многу пространет и чист, ме пречекаа девојчиња и ми ставија магнолии на вратот! Многу убаво Добредојде, да ти е мерак парите да си ги оставиш, Бали живее од туризам и нормално е се што прават.
    Имаше тука на аеродромот една агенција и вработениот знаеше Руски па уште поубаво се разбравме и ми помогна за сместување. Хотелите се исти како во Тајланд, иста архитектура, ниски со отворена рецепција (врати и прозори од соба навечер да не се оставаат отворени - влегуваат верверички и си зимаат по нешто).
    Хотелот беше преубав, ама надвор од него пак видов бедотија. По плажите стално одат продавачи, нудат онакви шнолички со цветот магнолија (многу се убави!), пераи, имаше некои шалови од памук и слично.
    Јас не сум јас ако не се ИСЦЕНКАМ, а и Русинот ми кажа дека цената треба да ми ја симнат најмалку 6 пати, така да ќе си дојдеш до некоја пристојна цена за шнолички од 2 евра.
    Имаше едно место како пазар, место за шопинг, не ми се допадна баш многу, ама затоа храната ме освои. Свежа риба по рестораните, ракови, школки, абе 5 дена бев само на морска храна.
    Претежно рестораните си имаат базени со риба, ќе си одбереш некоја (можеш да се обидеш сама да ја фатиш) и ќе ти ја приготват на лице место и обавезно гарнир - ОРИЗ.
    Луѓето се толку позитивни и насмеани, абе да ти е мерак да ги гледаш по улица.
    Забележав дека локалците покрај куќите оставаат како во една кошничка мала, дарови за боговите, на пример цигари, некои бомбони, храна некоја, а и ниту една куќа не смее да биде повисока од палмите!
    На цел остров нема ништо повисоко од 3 спрата, освен еден хотел кој штрчеше ама не знам како се вика.
    Во Денпасар (главниот град) има премногу сурфери - е тоа е многу интересно да се гледа, има регион за купување на злато, сребро и камења на доста добра цена, преубави скулптури од дрво (не си купив не ја знам цената).
    Будистички храм не смее да се пропушти, нозете мора да ви бидат покриени па уште пред да влезете ќе ви дадат едни како шамии за да се покриете. Ја посетив ботаничката градина и вулканот, и толку ми беше, немав повеќе време за шетање.
    Ау да не заборавам, УНИКАТНО И НЕНОРМАЛНО СКАПО КАФЕ! Тоа нивното најпознатно кафе, знаете колку го платив? 40 евра за два пати да шмркнам - најскапото кафе во светот. Кафе, ориз и кокос се работите кои секогаш ќе ме потсетуваат на Бали.
    Од Сингапур до Бали патував 2 ипол часа, повратна карта ме кошташе околу 500 евра.

    Јас пре би отишла повторно на Бали отколку на Малдивите каде што платив многу повеќе, а добив помалку од она што го сакам, но секој со своите желби.
     
    На anuskaNESTLE, lunicka, pamelche и 12 други им се допаѓа ова.
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Pirana браво за тебе што имаш таква работа и можеш да го прошеташ светов и да уживаш во него, мене ме интересира Шангај ако си била таму или нешто интересно да споделиш за Кина :) :*
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пирана чекам да те читнам за Јапонија и Кина и дај кажи како да си најдам работа ко твојата!!! :D
     
    На Pirana и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски

    Мимс да добиеме на лото па ќе шетаме секаде :lol: Инаку Пирана, да ти отвориме ние посебна тема со наслов “Пирана“ па да ни пишуваш таму за секаде кај што си била и да ни ставиш некоја сликичка да плакнеме очи :wasntme: :*
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Паричката секогаш има две страни, две лица, кои прават едно цело. И по некое непишано правило, тие две страни се секогаш спротивни една на друга, ќе видиш од што си направен и на што си способен оној ден кога ќе собереш храброст да го пробаш отровниот вкус на успехот, со цел да ги задоволиш своите апетити. Следната работа што ќе ја дознаеш, животот е една тенка линија помеѓу два датума на надгробната плоча, ќе те натера да размислиш што сакаш од себе, и најверојатно ќе дојдеш до заклучок дека целта ги оправдува средствата и дека се си има своја цена.
    Ако имаш храброст и си спремна да ја платиш цената за да го добиеш она што го сакаш, ќе го направиш првиот чекор. Малку подоцна ќе сфатиш дека таму каде што е светлината постои и темнина, каде е чадот има оган, ако има Бог со сигурност постои Ѓаволот и ќе видиш дека од другата страна на Рајот секогаш се наоѓа Пеколот.
    Ќе почнеш да покажуваш чувства и кога ги немаш, ќе се научиш да ги контролираш и криеш своите емоции, со текот на времето ќе ти останат само мислите во сенка од тоа што беше на почетокот, бидејќи ќе навлезеш толку длабоко што нема да можеш да се вратиш назад.
    Љубовта ќе ти стане изговор на слабост, а ти немаш повеќе право на изговори.
    Ќе се видиш себеси како роб на својата бесчуствителност со скаменето срце и изгубена душа. Таа слика ќе те натера да се смееш и плачеш истовремено, да го проколнуваш оној ден кога стави цена на се што посака, ќе се најдеш на работ на лудило од измешаните и пребледени спомени за последен пат. Ќе молиш и преколнуваш срцето да ти биде кремирано.
    Ќе изгледа како да си на врвот на успехот, но всушност длабоко во себе знаеш дека стоиш на границата на својата пропаст.
    Ќе се издигнеш повторно и заљубиш во себеси. Ќе сакаш да победуваш и по цена да останеш сама. Ќе се навикнеш на твојата работа и ќе ја засакаш. Ќе можеш да купиш се што има цена, а нема да сретнеш ништо без неа. Светот ќе биде твој, можеби сеуште не знам што сакам, но со сигурност знам што не сакам. Ќе се научиш на овој живот, и за тебе нема да има граници. Нема ни да помислиш за враќање назад кон она што требаше да бидеш, ќе го избегнуваш секој поглед кон минатото бидејќи веќе си го заборавил патот за назад...
    И ден денес има ретки моменти кога психата ме боде, знам дека сум тешко сварлива и затоа никој не може да ме изеде онака како што се јадам самата.
    Ако сакаш ваква работа каде би “уживала“ во животот - ќе мора да ја платиш цената и биди сигурна дека можеш да се носиш со последиците кога ќе изгубиш се што си имала, стави се себе како приоритет и не ти треба ништо друго освен Храброст за старт, а среќата ги прати храбрите и мал сенс за бизнис.
    Позади сите овие работи во кои уживам се крие цената што ја плаќам.
    Тоа е таа друга контраст-страна на паричката, која најверојатно е рѓава.

    Но добро, стартот изгледа страшен но со текот на времето ќе се навикнеш- прилагодиш на ситуацијата и ќе научиш да уживаш. Еве на пример јас покрај сето тоа, имам хоби со кое се занимавам и слободното време го користам за шетање и останати активности, па на еден начин ја пополнувам својата душевна празнина. Да не го правам ова што го правам, никогаш во животот немаше да ја видам:

    КИНА
    Во Кина бев два пати, првиот пат на 7 дена, а наредниот седев околу 2 месеци. Во хотел платив 500 евра за една недела без јадење (Шангај), а наредниот пат изнајмив мал апартман за 500 евра месечно (беше 700, се исценкав!), на саат време од центарот на градот. Без разлика каков пасош имаш, визата е задолжителна само не знам која е процедурата со македонскиот и дали е лесно да извадиш.
    Ги посетив Шангај, Пекинг и Хонг Конг, секој град е приказна сам по себе, ќе пишувам генерално бидејќи ако почнам за секој посебно најверојатно ќе се скифлам и укочам пред компјутерот.
    Државата има добри и лоши страни, зависи каде ќе отидеш, толку е голема што уште пред да ја посетиш мора да знаеш каде одиш и што сакаш да видиш.
    Хонг Конг е вистинска метропола од град, огромни облакодери, некоја чудна кинеска мода по продавниците, интернационален град има белци, азијци, црнци, од се по малку. Интересни места за искачање, ама цените не се така ниски... И има многу места на кои белците не смеат да одат, па треба да знаеш каде да влезеш за да не те избацат од дискотека.
    Шангај ти е бизнис центарот на Кина, нон стоп се гради и е мнооогу загадено! Има интересни градби за гледање, и тука се прави добар шопинг. Ноќен живот ОДЛИЧЕН, ама многу скап, и за локалците а и за туристите.
    Пекинг е типичен главен град со многу музеи и градби од времето на комунизмот и историски, како на пример Забранетиот град кој е ОГРОМЕН, Пекинг толку брзо напредува, што мислам дека ако отидам сега - нема да го познаам.

    Уште од аеродром имав проблеми со таксистите бидејќи многу слабо зборуваат Англиски (а Кинески не знам), па не можев да се разберам за превоз до хотелот, цел ден го изгубив лутајќи некој да им преведе.
    Прво нешто што ми падна во очи е тоа колку голема природа имаат ама многу брзо ја уништуваат со градбите.
    Канализацијата насекаде им е благо ужасна, и не можат да се пофалат со високо ниво на хигиена. Тоа што за мене е малку прљавко, на нив им сија. Има многу пушачи, а и мажите не држат на алкохол! Ќе се напијат 2,3 чашки - паѓаат како крушки и се прават на Џек, а уствари се многу груби, воопшто не се каваљери. Нивниот алкохол е многу јак и сличен на нашава ракија, па после 2,3 чаши знаат да си нарачаат чајче во дискотека.
    Жените многу се пазат да не поцрнат, за нив онаа бела аристократска боја на кожата многу значи, па ќе гледаш дами со чадорчиња и мрежи на главата како се шетаат по улица, а и многу често знаат да те сопрат за да се сликаат со тебе (доживљај им се туристите).
    Многу побрзо ќе стигнеш кај што треба ако одиш пешки отколку со воз/метро или недај боже во автобус да се качиш. Сообраќајот е УЖАС, нема ни знаци ни ништо, ако сакаш да поминеш улица никој нема да ти застане ма ќе те однесат сосе партали воопшто не те регистрираат. Многу треба да се внимава на ова.
    За технологија, имаат милион молови по 10 спрата и ќе најдеш буквално РОБОТИ и се што ти треба, триста кинески глупости кои на мене не ми беа интересни, а и ако ги купиш - немаш право да ги изнесеш од Кина.
    Имаат убави работи за шопинг и на добра цена, само долната облека им е БАБСКА, старомодни мидери некои никакви, гаќа некоја бабска до пупак со разни џиш боички и цртежи, танга многу ретко се наоѓа или некои нормални гаќи бре (ја израдував бабами тука, највеќе поклони доби од Кина!).
    По пазарите има ценкање, може да се проба и во моловите, јас и таму се испоценкав и тоа многу.

    Има толку многу работи за посетување, задолжителен е Кинескиот ѕид - фала богу, светско чудо и ако си бил во Кина а не си го посетил за џабе си отишол. Таму видов многу луѓе со шаторите како спијат, најверојатно се туристи и не им се давало пари за сместување по хотелите. Има прекрасни музеи во секој град, имаат еден фестивал еј не ми текнува како се викаше, на пролет се случува и има многу интересни работи по улиците, паради со маски и слично. Самата архитектура на градбите ќе ве остави без зборови, начинот на живот, многу се љубезни и насмеани, баш ме потсеќа на Балканскиот менталитет, ич уво не ги боли за ништо и се шеткаат, па ќе те застанат да ти зборат прво на Кинески, ќе ги замолиш за Англиски и ако знае добро, ако не пак добро, ќе се изнаслушаш Кинески и ќе ти ја надува главата додека чекаш воз на пример.
    Додека бев во Хонг Конг, скоро секоја вечер одев до едно место што е на саат време одалечено од градот со фери, Макау се вика, еее да видите што е ЛАС ВЕГАС у Кина! Апсолутно ненормални и изветоперени журки, казина и хотели, мое омилено место за ноќен живот во Кина, права лудница, ама и цените за храна, сместување, пијачки се многу високи, па уште ако се забиете во некое казино - нема искачање.
    Храмовите, камената војска во Шијан и кинескиот ѕид се must see, а јас би сакала да кажам малку пошироко за нивната кујна што според мене е СВЕТСКО ЧУДО!

    Кинеската храна е пиедестал за оние што сакаат да експериментираат, јас мислев дека сум јадела кинеска храна по рестораните низ Европа на пример, ама кога отидов таму сфатив дека сум била во голема заблуда.
    Фантазија на вкусови, начин на готвење и бои, вистинска уметност.
    Прво, влегувањето во еден богат супермаркет за храна е вистинска туристичка атракција, најголем дел од производите не ми беа познати. Гледам некои јајца на пример, кафеави, зелени, плави, мали, големи, од кокошка, гулаб, гуска, имаше и некои мермерни јајца бог ти знае какви, ги готват со чаеви, па имаат една црна кокошка, вистинско ЦАРСТВО за чајеви, овошје, грицки... ма све, што и да фатиш е нешто ново и непознато за тебе, едвај ме извадија од супермаркетите.
    Храната по рестораните им варира од благо и луто, до солено и слатко, морска храна, печени патки, печени гулаби, змии (КОБРА!) некои желирани јајца, мачки, кучиња, крастави жаби и такви некои работи, абе буквално СЕ ЈАДЕ СЕ ШТО ЛЕТА, ЛАЗИ, ПЛИВА ИЛИ МРДА, се што гледаш покрај тебе ти е потенцијален додаток во тањирот.
    Да ви кажам ова соочување со Кинеската храна може да биде вистинска траума за некој што не е запознаен и доаѓа за прв пат (како на пример - јас првиот пат).
    Во секое јадење ставаат по 5,6 зачини минимум, па може да дојде дечкото и да ти објасни што е тоа (на кинески) и јас лаком газ да кажам дека сакам, па после откако ќе се најадам да ми објаснат дека ми наросиле зачин од препечени штакори и бубашваби на пример, и да имам таква револуција во стомакот па да повратам на лице место и после 3 дена да не јадеш ништо (што од една страна е добро за линијата де). Имате и обични јадења, ориз, компир, варен зеленчук и слично, ама сега сум отишла во Кина и сакам да пробам нешто поинтересно...
    Комбинациите звучат многу лошо, ама уствари се многу вкусни, како на пример месо (ајкула/жаби/јагнешко/патка) во комбинација со мед, кафеав шеќер, ориз, ликер, масло од сусам, цимет, каранфил, анасон, кикирики, кора од мандарини, со еден збор КИНЕСКА РАБОТА, се што им дошло при рака е измешано.
    Редоследот на јадење не се запазува ако не им нагласиш, на пример може прво да ти донесат десерт, па овошје, па супа и главно јадење, соковите не ги прават од овошје туку од зеленчук, па ако ви донесат нешто ORANGE JUICE да знаете дека е морков уствари, а не портокал.
    Сирењето не им постои во менито, освен Тофу, сол не користат воопшто, салатите не се свежи туку речиси се е варено, дури и марулата ја варат.
    Доживување е јадењето ориз со стапчиња, бев во едно малечко ресторанче во Шангај и види, таму приборот да ти го рачунале за ладно оружје, па освен со стапови не можеш со ништо друго да јадеш ориз, освен ако не фатиш со раце - како што направив јас.
    Во Пеникг мора да се проба Пекингшката патка и рибата мандарин што ја обликуваат како верверичка, печено свинско (слатко и луто), пилешко со лубеница, ракчиња со слатко-кисел сос, и ова најблесавото за крај - јајца со пепел, вар, глина и оризова слама (во вид на желе!).

    Во Пекинг никој од локалците не јаде дома, сите јадат по ресторани и се наоѓаат места со пристојна цена, а има и луксузни места со цени боли глава. Кина е многу интересна и убава земја да се види, може да се помине ефтино ама станува се поскапа со текот на времето, јас ја приметив разликата од првиот и вториот пат, што значи дека е во голем и забрзан развој. Најголем впечаток ми остави нивната кујна, и нешто што секогаш ќе ме потсетува на Кина се лебарките!
     
    На Hija.de.la.luna, lunicka, pamelche и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    From Russia with Love!
    Уште на почетокот на моите патувања, една од првите дестинации ми беше Москва, град кој е еден од најнаселените и најскапите градови низ светот.
    Од аеродром до строгиот центар на Москва = 50 евра со такси, фала, друг пат пешки ќе си одам (ќе платев многу повеќе ако не се исценкав), никој не зборува Англиски ниту пак ќе се потруди да те разбере, ако не знаеш барем малку Руски ќе мора да вртиш на Бугарски/Српски, гестикулации со раце/цртежи и да се разберете по нешто.

    Москва ти е град во кој ќе најдеш се што ќе посакаш, од луд ноќен живот – до допир со историјата преку огромниот број на цркви и музеи, почнувајќи од најубавата црква која ја направил Иван Грозни (не ми текнува на името на црквата) и има легенда дека откако ја изградиле црквата, Иван ги ослепил сите работници бидејќи не бил задоволен од надворешниот изглед (и мислам дека баш заради тоа Црвениот плоштад се вика Црвен плоштад). Јас кога ја видов, се укопав во место!
    Има премногу цркви, ама на мене оваа најмногу ми остави впечаток, уште пред да пристигнам си зацртав дека сакам да ја видам и тоа беше тоа. Други работи што треба да се видат во Москва, црвениот плоштад – нормално, имаат прекрасен театар сигурно сте слушнале за Баљшој, многу галерии, музејот на Пушкин, имаат едни згради што се викаат седум сестри, исти се како катедрали и мнооогу високи, мислам дека се највисоките градби во Москва.
    Многу важна туристичка дестинација им е метрото, според мене најубаво на цел свет, со мозаици, многу скулптури, насликани ѕидови и тавани. Многу големи гужви по станиците, а и заради големиот број на терористички напади секогаш има многу навооружени војници со кучиња.
    Бев во две ботанички градини, ПРЕКРАСНО… Каква природа и зеленило има Москва, се запрепастив, воопшто немав таква претстава за градот пред да го посетам, мислев дека поради пренаселеноста нема да видам многу природа, ама сум се излажала.
    Го видов Кремљ, таму се наоѓаат речиси сите гробови на Руските цареви, бев и во манастирот во кој биле крунисани Иван Грозни и царот Никола 2 Романов!
    Тука бев и во една галерија (не знам името) каде што се наоѓаат многу стари икони, а најпознатата е Светата Троица.
    Луѓето ми се видоа многу љубезни, секогаш спремни да ти понудат вотка!
    Огромен број на ресторани, барови, ноќни клубови, дискотеки, од се по нешто, имаат и место за дружење на иселениците кои се во Москва!
    Ноќниот живот им е ФАНТАСТИЧЕН, многу сличен на Бангкок (Содома и Гомора), а има едно место што се вика Камчатка и е одма спроти стоковната куќа во центарот на градот, тоа ми беше на мене главна биртија! Менито им е супер, се наоѓа од се по нешто, се слуша само Руска музика од 80тите, цените им се пристојни, пивцето е околу 3 евра (флаша вотка нешто помалку од 100 евра), тука идев на загревање или во Соленка, таму ти е како ресторан/кафич, не е многу биртија како претходното ама и цените се повисоки, пивцето дупло, некои 6,7 евра зависи какво пиеш.
    Светски клуб ти е Арма, огромен и со топ журки, се наплаќа влез околу 15тина евра мислам беше, ама цените на пијачките не се високи. Нешто слично на ЏУБОКС во Скопје ти е клубот Дарлинг ај вил кол ју лејтер и тука цените се малку повисоки.
    Настрана имате една улица која мене ме потсети на Улица Македонија, така со многу кафичи од лево и десно, секогаш е фул и малку потешко да се влезе, нормално и цените се напумпани, ама има многу добри журки.
    Москва е скап град со бурен ноќен живот, стандардот е многу висок, не за џабе најголем дел од милијардерите се наоѓаат таму, па ко воли - нек изволи. Мене многу поголем впечаток ми остави:

    Санкт Петербург (Ленинград)
    Како што споменав погоре, Русија беше една од моите први дестинации па сеуште не бев финансиски моќна да си дозволам хотел или апартман на подолг период, и смештајот ми беше платен па не ги знам цените за сместување.
    За мене овој град е најубавиот град на светот, ми прирасна за срце и секогаш ќе ме потсеќа на моите почетоци во кариерата. Голем град што значи дека има многу работи за гледање, како на пример музеј/црквата Св. Исак, а пред неа е споменикот на царот Никола 1 кој ми е пример за татко, зашто сметал дека имотот треба да им припадне на ќерките а не на синовите! Па во близина се наоѓа еден двор кој го поклонил на ќерката, и таму се наоѓа ЗЛАТНАТА ЅВЕЗДА (тоа им е некој знак на херојство за градот), убаво е да се посети.
    Одма покрај црквата е хотел Асторија кај што Хитлер го направил приемот по освојување на градот, а после тоа следно му доаѓа Асторија Б и еден мост (мостови ќе се изнагледате), а тоа што го прави на некој начин интересен баш овој - е фактот што тој што го изградил отишол во затвор, па на крај добил херојско одликување (ми објаснуваа ама и јас толку разбрав) битно убаво е да се види. Многу е убав мермерниот дворец кај што се наоѓа споменикот на Александар 3ти, направен е од 30тина врсти на мермер.
    Следно што треба да се види е дворецот во кој се одржувале балови каде што одела и жената на Пушкин, а малку подалеку види што ќе начекаш, има уште еден дворец и таму даваат бесплатно јадење ама под услов да си трезен! Хахаха, ако си мамурен ќе те избацат и ќе останеш гладен.
    Црквата на Петар и Павле се наоѓа на зајачки остров, и името го добил според обликот, а и на влезот ќе видите зајак на неколку стубови. Е тука има една интересна работа, треба со паричка да погодите еден од стубовите и божем ќе ви се исполни една желба, а ако не погодите ништо, на здравје 1 евро пробајте пак и видете дали сте добар стрелец (ЈАС ПОГОДИВ ОД ПРВА!).
    Знаете кој бил затвореник на островов? Достоевски, јас тогаш немав појма, ама сега знам - таму ми објаснија, и некој од синовите на Св. Петар, а единствениот кој го напуштил островот бил Горки. За овие работи немав појма, таму ми кажаа, јас бев најмногу заинтересирана за островов бидејќи во црквата се погребани РОМАНОВИ, и сакав да ја видам гробницата.
    Уште една приказна, тука над црквата има еден крст и ангел кој се искривил во минатото, и сега Петар Велики понудил многу пари за оној кој ќе може да го исправи, оној што успеал наместо пари - барал од царот да му овозможат да пие бесплатно до крај на животот во секоја кафана во градот! (Ај погодете кој се пентареше на црквата за да си добие таква награда...)
    Има уште мал милион цркви, па да скратам. Тука има и една галерија каде што се наоѓа еден од 5те примероци низ светот на Богородица од Рафаело Санти (од 5 примероци, 2 се во Русија), мнооогу скулптури, и еден златен часовник кој бил подарок за кралицата.
    Следно, дворецот каде што е убиен РАСПУТИН! Го видов дворецот и неговата соба, салата, мебелот, во дворецот има и театар кој бил единствениот приватен театар во Русија на времето кога владееле Романови. Ѕидовите се од свила и кожа, прекрасно, јас останав со отворена уста. За посета има многу гужва па ќе мора да си закажете порано.
    П.С. Водичот зборува исклучиво Руски, нема Англиски, многу детално и опширно објаснува па може да снимате и после да си преведете или да пробате да запишувате што гледате, нема шанси се да запамтите.
    Градот е најубав и најскап на лето и баш за време на белите ноќи, тука јас се изгубив во просторот и времето, почнува да се разденува во 3 саат по полноќ! Тој период има многу концерти, забави на бродови, абе милина... Исто да не заборавам многу е интересно да се гледа кога ќе се раздвојуваат мостовите за да поминат бродовите, посебно во темница и има точен распоред на секој мост, ако го утнете времето ќе си останете на островот.
    Цените за по музеи и галерии се дупло повисоки за странци, баш дискриминаторски. Друга работа што сакам да кажам е дека ако патувате со метро треба очите да ги отворите и да гледате кај се наоѓате, зашто не кажуваат која е следна станица, па може да се заборавите и отиде возот... Метро станицата е ФАНТАЗИЈА!
    Друга работа што треба да се нагласи, кога се возите во мали бродчиња да не се ѕверите многу лево десно затоа што има многу ниски мостови и може да си ја чукнете главата (јас).
    Многу е убаво да се направи една тура од воздух со балон, да го видите целиот град, само малку скупичко, 300 евра од човек, ама мајке ми - МНОГУ Е УБАВО!
    Во врска со цените за ноќен живот, исто е како Москва, можеби малку поскапо, има многу многу многу работи и атркации што треба да се видат и доживеат, и многу повеќе туристи од Москва.
    Се надевам дека со моите ситни деталчиња ви помогнав да направите една слика за Русија преку овој текст, ги препорачувам двата града за посета, а Санкт Петербург (Ленинград) е градот што завзема посебно место во моето срце.
     
    На anuskaNESTLE, lunicka, Trnche и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    Дали си била во Шри Ланка и дали треба виза за таму со македонски пасош? На страната на МНР пишува не треба, а во амбасадата во Виена (која е акредитирана и за Македонија) нема ништо споменато
     
  16. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Отсекогаш сум сакала да ја посетам древна Персија, уште како мала многу ме интересираше историја па секаде по книгите читав само Персија, Персија, Персија, и се решив на тој ризичен чекор пред отприлика година дена. За мојата посета на Иран и сите дупки низ кои поминав, имам да кажам само една работа. Штом успеав да го преживеам Иран – ќе живеам вечно! Читав, знаев што ме чека и се подготвував за посетата ама не е исто како на терен, што побарав – тоа и добив...

    Шираз
    Еден од најубавите градови во Иран, го викаат град на ружите или град на градините, а мене Шираз отсекогаш ме асоцирало на вино, ама добро, кој по што си е... Иронија е дека тука се прави прекрасно вино, а не смееш да пиеш ниту пак да си купиш бе! Само за извоз, најмногу што може да добиеш е безалкохолно сокче од врстата грозје Шираз, глупости, муслиманска работа, што ќе правам земав си цуцнав едно сокче, две голтки = оп 10 евра, одма ми се спури устата мислиш мушмула сум изглодала!
    Една од работите кои треба да се посетат е тврдината Карим Кан, ПРЕУБАВО изгледа, со длабоко изрезбана фасада и на секој агол од тврдината се наоѓа по една кула, три од кулите се супер а само една е искривена!
    Кога влегов внатре за да ја разгледам тврдината, уште на самиот влез даваат портокали (бесплатни се!) па може да си земете и да си каснете додека разгледувате. Собите се многу богати и раскошни, огромни и декорирани базени, прозорите се насликани со разни бои, баш како што сум гледала по книгите за Персиските замоци.
    Пазарот се наоѓа во историскиот дел од градот, се продаваат многу зачини, сушено овошје, некоја гардероба од свила, чаеви, ќилими некои Персиски, има и многу антикварници кои воглавно продаваат накит и трофејно оружје. Леле јас се заљубив во еден тиркизен плав камен, почнав да се ценкам – се испокаравме и си отидов. Вртев низ пазарот, ме фати една мука и после 15мин пак се вратив кај каменот и почнавме да се расправаме, нејќеше бре и нејќеше да симне цена и од инат не му го купив (а требаше, многу беше убав!), се вратив по трет пат и кога поминав покрај излогот да си го видам камчето за последен пат само му се намрштив на продавачот!.
    Ако сте го гледале оној филмот со Жаде кога се бркаат по пазарите низ Мароко, е нешто слично е и тука, таква е сликата на пазарот.
    Одма кога ќе искочиш од пазарот се наоѓа Вакил џамијата и важи за една од најубавите во Иран, влегов во салата за молитви каде има бели стубови на секои 3,4 метри, а одма до оваа џамија има уште една ама таму влезот е строго забранет.
    Малку подоле се наоѓа џамијата на мачениците од 13тиот век, која е многу убава, и не е лесно да се влезе. Влезот е бесплатен, ама има полициски пунктови каде што ќе ве истресат од гаќи и после одите на метален детектор (ќе ви земат камера, телефон, ранец, буквално се што имате), леле боже внатрешноста на џамијата е украсена со мозаици од стакло и кристали, ПРЕКРАСНО, едноставно немам зборови со кои би можела да ви опишам колку е убаво.
    Еее од тука отидов во една слаткарница кај што го прават најубавиот сладолед во цел Иран, и додека си седев видов нешто баш интересно... Пред мене имаше еден дечко со девојката кои купија сладолед за носење и искочија од продавницата фатени за рака, луѓе во рок од 5 секунди се собраа војници и само што не ги искршија од мавање (најверојатно се бациле, така ми кажаа) и ги однесоа во притвор. Го прашав дечкото што работеше во слаткарницата што ќе се случи со децава, и вика дека следна опција им е да се земат или ќе ги протераат од Иран сосе фамилиите. Во моментот нешто почна да ме боли зуб од сладоледот, а и гледам дека веќе ми се растоппил па си станав и заминав.
    Тука во близина се наоѓа универзитетот и видов мал милион хомосексуалци од двата пола, најверојатно зашто ги држат изолирани едни од други се до свадбите (не се мешаат машки и женски по школите).
    За градините, има три кои се најубави и задолжително треба да се посетат: Палатата Ерам, Џахан Нама и Помаранџестата градина (така се вика!). Почнувам од оваа последната која е уствари куќа/музеј во која живеела една од најбогатите фамилии во Иран. На влезот ќе ви дадат портокалче – очекувано. Базенот е огромен, а градината не е многу голема за разлика од другите ама е многу добро средена, внатре во куќата е прекрасно, а она што на мене ми остави впечаток е стаклената соба во која се е направено од стакло!
    Градината Џахан Нама е една од постарите (мислам дека датира од 13 век исто како онаа џамијата), многу е поголема од претходната ама не е тешко да се ориентирате бидејќи во центарот има градба. Дрва со палми и урми, портокали и лимони и некои специфични билки.
    Најубавото го оставив за крај! Градината/палата Ерам, класично Персиска градина (ако некој оди да знаете дека е отворена за посети после 5 попладне, јас дојдов накај 3 и бацив врата па чекав 2 саати) ама важно влегов меѓу првите, а има многу голема гужва од посетители. Леле луѓе рајска градина, имаат и предел кај што се наоѓа ботаничката градина, многу базени и водата им е тиркизно плава, прекрасно. Иранците од Иран подалеку немаат видено, па ако ве начекаат многу ќе ви прават муабет и ќе ве тераат да им раскажувате за животот надвор од Иран (на мене ми се закачија локалци во градинава).

    Персеполис
    Е градот кој никогаш не бил освоен се додека не се појавил нашиот Александар Македонски, и се наоѓа на пола саат од Шираз со кола. Фатив едно такси кое ми се виде така понормално, ама тој да ти бил најблесав. Знаеше само 5,6 зборови на Англиски и само ги повторуваше како папагал цели 30мин, што и да го прашам истиот одговор го добивав. Леле па за беља работа јас седнав на совозачкото место, абе цел пат ме тапшаше по рамо и ми ги повтараше тие 5 збора на Англиски, и се ќе беше донекаде нормално ако не приметив дека има пиштол. Еи, крвта ми се заледи и пребледев како крпа во истиот момент, леле реков готово отидов јабана кој ѓавол ме натера да доаѓам тука! Капак на се, тој период имаше нели немири, гледам пустелија околу мене и само некои бази, војници, кучиња, сонце едно проклето пече ли пече директно во глава ми мава, абе готова бев да скинам конци у сред Иран од страв.
    Ај стигнавме некако до Персеполис, НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕ МИ ТЕКНА ДА СЕ ЦЕНКАМ со такстистот, колку кажа толку му дадов (30евра) и џом да ме нема се изгубив и измешав меѓу луѓето.
    Цената на влезници е СМЕШНА, 2 евра. Се искачив по едни големи скали и влегов во градот, влезот е онаа позната “Врата на народите“ сигурно сте слушнале, градов има само еден единствен влез и затоа бил многу тежок за освојување, од сите страни е опкружен со ѕидови и планини. Градот е многу зачуван од Античкиот период, сите градби се убави а јас би ја одвоила палатата Тачара што на мене ми остави најголем впечаток.
    Следна работа што видов се гробниците на Персијските кралеви!
    Е цената тука малку повисока, некои 20тина евра за влез, местото е ИМПРЕСИВНО... Огромни и високи ѕидови, многу детали на кои треба да се обрне внимание, гробниците на кралевите им се означени со крстови (забрането е да влезете во гробниците, само може да гледате од надвор и да шетате наоколу), тука има и една коцка која Иранците ја викаат храм на оганот, па кога сте веќе тука убаво е да се посети.
    Искочив од градот и што да видам се шлогирав, таксистот уште стои на истото место, разгледав малку и влегов во друго такси кај еден стар човек, по фин ми се виде и ме врати до Шираз, е со него се исценкав и платив 20 евра за назад.
    *После оваа случка, си земав и си ставив марама на глава кога шетав сама низ Иран, бегај таму страв ме фати од таксистот башка и немири имаше тој период, дај викам да префрлам една марама над глава не ми е дојдено до фризури – да не останам без глава, што е сигурно сигурно е, од една страна топло беше, а и малку ми фуфкаше да се шетам со разлетани коси...

    Исфахан во тој период беше многу опасна територија заради Пакистанците, ама јас се заинатив да одам да го видам, и бев, тоа беа пеколни 2 дена во мојот живот. Најубавиот дворец во Исфахан се вика дворецот на 40 стубови, која служела на Персијските кралеви за забави и прием на странски делегации. Премногу беше убаво, описот е типично персијски со мозаици, базен и нормално 40 стубови, јас бев фасцинирана и не сакав да искочам од објектот.
    Тука се наоѓа и пазар сличен на оној во Шираз, цените на теписите се ЏАБЕ, карта за автобуси по некои 5 македонски денари бе, храната ЏАБЕ, ама затоа за тие 2 дена животот ми се скрати, постојано имаше пукање, бомби, напади, колење на улица, самоубијци...
    Се мислев да земам еден персијски тепих кога сум веќе тука, абе џабе пари, ама бегај викам што се глупирам да поминувам пак низ пазарот, а и кај ќе го мкнам ќе изигравам Аладин у сред војна, си собрав куферчињата и пут под нозе си фатив вовчето за:

    Персисјскиот (Нафташки) залив
    Е тука треба да знаете дека ќе ве пречекаат Арапите...
    Многу необразовани и глупи Арапи има во Персија за разлика од оние во ОАЕ, само парите ги интересира и гледаат да те олеснат на секој можен начин. Во Бандар Абас е ужас невиден, таксистите ако те видат со куфери ќе почнат да вриштат по тебе, да те влечат за ракави, урлаат само за да им се качиш во такси, па кога ќе ги откачиш почнуваат да те плукаат и пцујат на Арапски. Цел град е полн со сумљиви и забрадени Арапи, не се само таксистите, само нешто се шуњаат по сокачиња и тесни улички, атмосферата воопшто не е пријатна и да ви кажам не видов едно женско по улиците, само мажи... Од тука се фаќа брод кој има на секој саат, за некои 3 евра ќе те однесе до:

    Островот Кешим
    Не патувате со некое големо фери, туку малечки бродчиња ај да не речам кајче! На сите патници им даваат такви портокалови елечиња за спасување, и вози Мишко до Кешим. Заливот е многу френквентен со товарни бродови, многу многу густ бродски сообраќај, се разминувавме со огромни бродови кои пренесуваа некаква роба, а имаше и многу танкери, колку ли само нафта поминува тука еј...
    За нешто помалку од саат време стигнав на островот, и одма се фатив да барам сместување за неколку дена и тука наидов на проблем бидејќи поминав 10 хотели и никаде не примаа странци! На крај, веќе бев папсана од патот (ТЕМПЕРАТУРА 50 СТЕПЕНИ) и најдов еден кокошарник од хотел, па ајде дај што даш, кога ми кажа цена од 45 евра за ноќ уште толку ме удри дамла ама многу бев преморена и не се ценкав.
    Ееее тука плажите се ФЕНОМЕНАЛНИ, насекаде се шетаат мажи со оние бели наметки и турбани на глава, типично Арапско место, мене ми беше чудно што никој не се бањаше во водата, луѓето си јадеа, играа карти, се сунчаа на плажа ама не видов ниту еден во вода, сакав да влезам до колена ама се мислев да не е забрането па да отидам апсана, прашав во едно ресторанче и ми дадоа зелено светло па се прошлапкав малку (водата е многу топла!).
    Буквално секоја вечер седев во наргиле барот на плажа и со некоја чил аут музика во позадина пушев Арапско наргиле (во Либија е подобро!) вечерав по некоја овошна салата и пиев само чајчиња до сабајле!
    Меѓу другото, и тука имаше тензија заради конфликтите околу нафтата помеѓу Иран и Израел (имаше некои морнарици) ама беше далеку побезбедно од Исфахан на пример.

    Па, тоа имав да кажам накратко за Персија т.е. денешен Иран, местото е многу убаво и има што да се види, но не го препорачувам за посета во никој случај барем додека не се расчисти ситуацијата бидејќи е премногу стресно и опасно за туристи.
     
    На LittlePinky, lunicka, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Пирана, браво девојко, можам само да сонувам некогаш да ги посетам овие дестинации.Многу ти се убави текстовите.Ако не те мрзи, слободно пишувај, уживав додека прочитав се. :)
     
    На Pirana и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Денес би сакала да пишувам за Камбоџа, земја во која не одат случајни луѓе по грешка кои не се запознаени со нејзината историја, туку оние што имаат некои сознанија за земјата и желба за запознавање на нови луѓе, предели, обичаи и култура кои на мене ми донесоа незаборавни две недели и огромно искуство. Под уживање не подразбирам дека ќе ви се допадне се што ќе видите и слушнете затоа што многу работи се тешки и мачни, но ќе бидете полни со впечатоци кои не можат баш најдобро да се опишат со зборови. Ќе се обидам да ви пренесам дел од моите импресии, преку мојот текст да ве приближам до она што го доживеав и се надевам дека ќе ви помогнам да направите некоја слика за оваа земја во која присутноста на лице место едноставно нема цена!
    Пола од територијата на Камбоџа е масовна гробница и постојат многу т.н. “полиња на смртта“ на кои се фрлале лешеви на луѓе кои умреле од изгладнување, болести, работење од мрак до мрак и “непослушните“ кои биле стрелани. Освен ова физичко осакатување на нацијата, постоело и психичко. Ни вера, обичаи, традиција ни семејство не се почитувало, синот го убивал својот татко и брат само ако се посомневал дека се против власта.
    Камбоџа денес е единствената комунистичка земја која има крал кој е одбран од кралски совет, единствените приходи им доаѓаат од земјоделство и туризам.
    Визата е задолжителна, и се добива на лице место кога ќе слетате на аеродромот во Пном Пен (главниот град) и ќе ве кошта некои 20 долари. Имаат нивна валута, но како официјален стои и доларот па може да го користите (кога ви враќаат кусур не прифаќајте да ви тутнат нивна валута која е безвредна – барајте си долари). По копнен пат е речиси невозможно да влезете, па јас првиот допир со Камбоџа го имав на аеродромот во:

    Пном Пен
    Најголемиот град во Камбоџа, го викаат и бисер на Азија, преполн е од туристи кои најмногу се шетаат покрај големата река Меконг (инфо: реката Меконг нема извор туку е создадена од снеговите што се топат по Хималаите) каде што има многу ресторани и малку подоле се наоѓа музејот Туол Сленг кој некогаш бил центар за мачење и убивање (за време на граѓанската војна преку 2 милиони го изгубиле животот на ова место) и сега, како да ви го опишам? Дали би требало да кажам дека е многу убаво и прекрасно?
    Во пределот покрај реката се наоѓа и Кралската Палата која треба да се види, многу убави хотели и неколку ноќни клубови кои не се нешто посебно. Кралската Палата е единственото место кое не било напаѓано и е добро сочувана, правилата за влез не се многу строги но сепак рамената мора да ви бидат покриени и влезницата е некои 6 долари. Во целиот комплекс доминира жолтата т.е. златната боја, има некои малечки фонтани со цвеќиња во водата, некаде на крајот се наоѓа кралскиот престол (сликање строго забрането!), интересно е што уште на влезот се наоѓаат огледала и ми објаснија дека тие се таму за да ги избркаат злите духови што ги носат туристите.
    Надвор од Палатата гужвата е огромна сите брзаат за некаде и да не ве чуди ако видите мотори како возат во спротивен правец само за да се пробијат во сообраќај.
    Малку подоле се наоѓа пазарот кој е огромен! Ако сакате да си купите свежа риба ќе ви ја исчистат на лице место, свежи парчиња месо се распостелени на кори од банани или листови од дрва и многу видови на овошје и зеленчук (на мене многу работи не ми беа познати), расчепени и препечени пилиња, некое грозје со толку големи зрна што не ми се веруваше дека е грозје уствари. Не сакав да јадам од пазарот (кој ме читал за другите места знае зошто) и секоја вечер седнував во различни ресторани но со иста слика... Секаде се обидуваат да ти понудат некакви услуги и да ти го дадат своето тело на располагање, без разлика дали си машко или женско (ми нудеа и мажи и жени) само за да дојдат до пари.
    Луѓето на улица ми оставија многу позитивен впечаток, секогаш беа насмеани и расположени без разлика на тоа што им се случува.
    Она што ќе го видите по улиците не е ниту малку пријатно за гледање, пред се мислам на оние кои просат а се со тежок хендикеп. Не сум била ниту на едно место во светот на кое може да се види толкава количина на луѓе кои изгубиле цели или делови од своите екстремитети заради минските полиња кои се поставени низ целата територија, а има и такви кои преживеале експлозии и останале тешки инвалиди. Знаев дека на местата кои ги посетував нема мини, но сепак чувствував страв со секој мој чекор, со секое мое подигнување на ногата, гледајќи ги тие луѓе и поради фактот дека Камбоџа спаѓа во трите најризични земји во светот кога станува збор за минско поле, првите денови газев како на јајца.

    Сием Реп
    е туристичко гратче до Ангкор во кое ќе најдете многу хотели. Можете да отидете со брод или автобус, а таму ќе најдете ТУК ТУК (превозно средство, така се вика)! Е ова е прекрасна работа, за 20тина долари (зависи како ќе се договорите со возачот) ќе ве вози цел ден и цела ноќ, фактички вие си изнајмувате шофер и кола за цел ден за смешни 20 долари (а ако се договорите на 3 дена со истиот како што направив јас, платив 40 долари за 3 дена личен шофер кој ме возеше кај што ќе посакам). Во околината на гратчево, има едно езеро во кое се влева реката Меконг што ја спомнав погоре, а и излегува река (исто како Струга кај нас) и е убаво да се посети и види тој процес на вртење на вода во природата (се надевам ме разбравте) кој им овозможува да опстојат плодните површини и претставува извор на вода.
    Тука седев само 3 дена, мало градче и нема многу за гледање но има интересен ноќен живот и многу ресторани со добра храна, пазар со смешни цени и ми дојде како добро загревање за градот со најмногу храмови во свет:

    Ангкор
    Град во кој прво се практикувала Хинду религијата, а некаде во 13 век се носи Будизмот од Шри Ланка. Едно од местата во светот кои мора барем еднаш да се видат во животот, толкави комплекси од храмови, за да разгледате еден храм ќе ви требаат неколку дена, а не па цел град. Прво да ви кажам за цената, знаете колку е ДНЕВНА универзална влезница за целиот комплекс т.е. сите храмови? За СМЕШНИ 20 долари може да влезете кај што ќе посакате, а може да си земете влезница за ТРИ дена на цена од 40 долари, цела недела за само 60 долари! Џабе!!! За тие пари гледате цел град кој е заштитен од УНЕСКО, градба која е ОГРОМНА, спаѓа во најзначајните споменици во светот која не се знае како е изградена, и најважното за филмоманите и фанови на Анџелина Џоли - тука е снимен филмот Tomb Rider.
    Знаете ли дека во времето на Кмерите (некаде од 8 до кај 13 век – не сум сигурна) тоа бил најголемиот град во светот и нивниот храм им парира на пирамидите во Египет?
    Целиот овој предел е уствари една прашума во која има многу храмови од бетон кои ги граделе кралевите во чест на боговите, локалниот водич ми кажа дека го дизајнирал само еден човек што искрено да ви кажам не верувам ама воопшто, нема теоретски шанси!
    Ќе скратам бидејќи има премногу, па од храмовите во комплексот би сакала да ги издвојам и опишам Ангкор, Бајон, Бафуон и Та Пром, секој еден храм има различна симболика...
    Ангкор е најголемиот религиски објект во светот кој мора да се најде во листата на светски чуда, едноставно ме остави без воздух, посветен е на хинду бог а кога настапил будизмот се променил во будистички храм, целиот комплекс е опкружен од вода, внатрешноста е донекаде зачувана - постојат делови кои се многу оштетени. На ѕидот во средина се наоѓа слика (леле не знам името не ми текнува!!!) која ја означува борбата за еликсирот на бесмтрноста помеѓу боговите и демоните – ФАНТАСТИЧНО. Морам да напоменам дека скалите се во лоша состојба па мора да внимавате малку повеќе кога се движите за да не се струполите надоле.
    Храмот Бајон е храм кој има 5 влеза, а јас само еден запамтив дека се вика “Капија на Победата“ (тука влегов) и на секој од влезовите има огромни камени блокови со лица, а внатре што да видам, мал милион такви камени лица со некоја чудна фаца од која ми се крена косата и се ежев на секоја минута (иначе овие камени лица се ставени со цел да ја пренесат пораката “кралот ве гледа!“) Боже сачувај, језиво бре, одиш одиш и пред тебе камен со кисела насмевка...
    Додека да стигнам до Бафуон храмот душата мислам дека ми излезе низ нос, ама сакав да го видам лежечкиот буда што сите се обидуваат да го состават. Тука е интересна терасата на слоновите кај што се одржувале парадите, а денес таму има многу ресторани кај што може да одморите и да јадете/пиете кафе (ефтино е, а храната е добра).
    Храмот Та Пром до душа би бил еден обичен будистички храм ако природата не умешала прсти... нели откако е напуштен градот, џунглата упропастила многу храмови, а баш на овој храм се наоѓа она дрвото кое пушта корени низ целата градба (Лара Крофт, Анџелина Џоли баш тука го снимаше филмот Томб Рајдер ви текнува на онаа сцената со дрвото?).
    Ќе ги видите кулите кои претставуваат плодност и просперитет, многу рељефи со митолошки сцени од кои на една е прикажан епот за Рамајана, во принцип на секој влез од храмовите имате по две статуи (инфо: боговите секогаш се на десна страна а демоните на лева) јас не бев до толку запознаена со овие факти ама водичот беше многу добар, а и јас сум си таква, за се си прашувам по три пати и сакам да знам.
    За некои 50тина долари може да го видите целиот комплекс од воздух, глетката е прекрасна.
    Цените по рестораните надвор од комплексот со храмовите се многу ниски, јас навечер одев во оние ресторани кај што има танчерки и плаќав горе доле некои 30 евра (зборам со предјадење, јадење, десерти, пиење и многу пиење), танчерките се прекрасни и танцот е навистина убав, задолжително да си одвоите барем една вечер за ова.
    За љубителите на животни, поточно тигар, имате нешто како зоолошка/храм на тигарот и можете да се сликате како гушкате тигар - ако не ви фуфка да му се приближите и не се плашите случајно да не ве “гушне“ засекогаш. Пред да влезете, имајте на ум дека животните не се во кафез туку се шетаат покрај вас.
    Во близина на градот се наоѓа Баконг и Та Кео (места на кои се вршеле ритуали), па оние што се авантуристи можат да си изнајмат точак и да ги посетат, јас изнајмив за 3 долари и цел ден вртев низ периферијата.

    Кампонг Плунг
    е местото каде што порано се тргувало со слонови, мал град кој ми го препорача возачот на Тук Тук и на негово инсистирање ме зема од хотел и однесе до таму. На локалците им е забрането да се фарбаат плави, да употребуваат телефон/камера или недај боже компјутер. Нема многу што да се види освен - природа, а неа не можам да ви ја опишам со зборови.

    Од сите земји кои сум ги посетила, Камбоџа е најтажната.
    Обичните туристи најмногу го посетуваат Ангкор и комплексот од храмови, а јас како и секогаш се обидов да ја осетам и видам Камбоџа од сосема друг агол и пробав да соживеам со локалците.
    Не ви препорачувам да ја посетите доколку не сте психички спремни да ги видите крвавите и неасфалтирани патишта низ градовите по кои секојдневно чекорат боси бидејќи не можат да си дозволат обувки, доколку не сте спреми да им го видите домот направен од трски кој би се срушил во секој момент.
    Треба да бидете психички спремни дека кога ќе влезете во продавница, освен 2,3 пакетчиња ориз, кокосово млеко и неколку лименки пиво нема да најдете ништо друго, и кога ќе му подадете 2 долари на продавачот, бидете психички спремни да видите дека останал без раце како последица на експлозија и потрудете се да не покажете знак на слабост кога ќе ве замоли сами да си го земете кусурот од ебаните 2 долари за пиво.
    Соберете храброст да искочите од продавницата и да поминете покрај плантажите за ориз, треба да бидете спремни за сликата од човек кој штотуку нагазил на мина и останал без нога и неговите најблиски облеани во крв (меѓу кои е и дете од 10 години) го носат на раце до најблиската куќарка за да му укажат некаква помош обвиткувајќи го со кори од банани бидејќи друго немаат.
    Откако ќе се најадете во некој од рестораните, надвор ќе видите гладни деца меѓу кои ќе има и инвалиди кои продаваат сувенири па дури и својата облека ќе ви ја понудат за да им дадете пари да се нахранат барем еден ден. Тие деца од мали се научени да бидат благодарни и секогаш ќе ви кажат Благодарам ако им се обратите, без разлика дали ќе им оставите пари, а многу често ќе ве замолат да дадете уште еден долар за нивното братче или сестриче кое има 10 години и е инвалид, и ќе ви покажат каде лежи неспособно да стане и да проси, а вие тоа ќе го видите.

    Првиот пат кога едно девојче ме застана и праша за долар, онака махинално и одговорив “Немам“, а она ме погледна директно во очи и изусти зборови кои ден денес ми одѕвонуваат во глава: “Можеби можеш да ме излажеш мене, но не можеш себе да се лажеш“ и замина трчајќи, а јас вечно ќе жалам за тоа што не и дадов еден проклет долар.
    На крајот од денот, возачот кој го изнајмив за 20 долари да ме вози кај што ќе посакам, ме врати во градот и влегов во мојот удобен хотел. Таму имав се што ќе посакам, од кревет и храна до телевизор и вентилатор. Голем луксуз кој не може да си го дозволи жител на Камбоџа, нели?
    Веќе беше касно и си легнав, почнав да размислувам што видов и само што не се истурив од плачење.

    *Откако заминав, се заинтересирав за нивниот образовен систем бидејќи школо не видов никаде а дечињата по цел ден беа на улица и очигледно е дека немаат образовен систем затоа што не можат да изградат доволно училишта, и дознав дека за изградба на едно училиште во периферијата на Кампонг Плунг поконкретно, се потребни нешто помалку од 15.000 долари и сите деца од таа област би можеле да се образуваат. Локалците собираат донации од туристи, но ретко кој го знае тоа па сеуште не можат да ја соберат потребната цифра. Решена сум во блиска иднина повторно да ја посетам оваа земја и точно знам што ќе направам.
     
    На anuskaNESTLE, lunicka, Trnche и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мислам дека дојде ред да пишам за земјата на изгрејсонцето, технологијата, самураите, сумо борбите и експресно брзи и точни возови, т.е. Јапонија.
    Валутата е Јапонски јени и ништо друго, ни долари ни евра и нема попуштање, правилата низ цела држава мора да се почитуваат, многу е стегнато, а јас тоа го осетив уште на аердромот во Токио. На секој еден што влегува во Јапонија му се зимаат отпечатоци, го сликаат, потпишува некакви изјави, важна работа - ако имате повеќе од 1 пасош да си пријавите на време зашто ќе ви го проверат цело минато и се што имате и немате, јас не кажав бидејќи не знаев дека е до толку дојдена работата, па ме однесоа во една собичка и почнаа да ме тресат и да ме испрашуваат некои саат време, леле реков уште не стигната ќе ме снајде Џек Мевосек, баш се укопав! Ми извадија документи од се што имам, цело минато пред нос ми го ставија, имиња на потесното семејство и ред други работи, абе така добро и темелно ме прочешлаа во рок од саат време што на крај очекував да ми кажат какви гаќи носам во моментот. Само демократски, максимално сериозно, смирено, точно и конкретно да се одговара на сите прашања што ќе ви ги постават, нема тука глупирање и урлање на аеродром, не е ова Камбоџа село без кучиња.
    Правилата ОБАВЕЗНО да се почитуваат низ цела земја, како на пример забрането пушење во јавност, казните се ненормални.
    Од аеродром, фатив такси и за 20.000 јени, тоа му доаѓа 150 евра (БРИЧЕЊЕ НА СУВО!), а јас сеуште бев пребледена од тоа што ме снајде на аеродром па не ми падна на памет да се ценкам, му платив и ме остави во хотелот во центарот на:

    Токио
    Покрај тоа што е ОГРОМЕН и има облакодери на секој чекор, во Токио е многу лесно да се ориентираш (барем на мене ми беше), фала богу знаците имаат превод на Англиски, има многу станици со детален опис и не е многу страшно. Јас бев сместена во Асакуса (тоа е делот од градот), хотел некои 80евра од ноќ без јадење.
    Улиците се полни со сувенири и е многу пријатно за прошетка (ќе се разминувате со локалците кои само брзаат за некаде), и нешто што мора да се види е храмот Асакуса (ИМПРЕСИВНО!), 300 метри високата кула која е копија на Ајфеловата во Париз и препорачувам да ја посетите навечер, да се качите и ќе го имате целиот град на видик - фантастична глетка. Може да пиете кафе или да јадете на кулата, ама многу е скапо, ова се наоѓа во областа Гинза и таму се луксузните продавници, брендирана облека, кремот тука е - ОГИН СКАПО. Дискотеките во Гинза се ТОП, ненормални журки и многу пијани јапонци - права лудница, ако можете да си дозволите барем една вечер е убаво да се проживее.
    Во близина на кулата е местото Ропонги, тука има милион барови, ресторани, дискотеки, ноќниот живот е ОДЛИЧЕН! Обавезно да се проба печено пилешко во ресторанот Фукурои, и кога сум кај рестораните да си знаете дека цените им варираат, преку ден е една цена а навечер е дупло поскапо (е ќе си направите финта, ќе нарачате флаши вино и храна на пладне и ќе мезите до другиот ден сабајле, тоа ресторанот навечер е нешто како бар/дискотека). Јапонската кујна се состои од пресна риба претежно, а тука подоле од делот со рестораните и дискотеките се наоѓа пазарот и има да си пробате суши бесплатно од штандови, е после пазарот се наоѓа еден многу добар ресторан (не знам името) кај што јадев месо од кит за прв пат, тоа треба да се проба! Цените се ненормално високи, баш со луѓето зборевме за станови и ми кажаа дека за квадратен метар во Токио се плаќа почетна цена од 100.000 евра, луксуз невиден, а баш мислев стан да си купам, хахаха.
    Има премногу саеми на технологија со секакви работи во пределот Акихабара, огромни молови мене тоа не ме интересираше и не гледав.
    Има уште еден пазар кој го викаат град на кујната, и таму има разно разни јадења па кој сака може да експериментира.
    Императорскиот дворец мора да се види, тоа е местото кај што живее императорот на Јапонија со семејството, има одредени денови кога дворецот е отворен за посетители, внатре е... како да ви кажам, императорски!
    После бев во театарот (јас мадам, како културна и образована личност, во театар ќе одам претстава да гледам...) Кабуки мислам се викаше театарот и ќе ви дадат слушалки за превод на Англиски, имаше некоја опера што траеше 3 саати, јас си станав и си заминав после првите 30мин - толку ми беше.
    Е има еден музеј Мори се вика, тоа е добро да се посети, а има и кула Мори и тука може да се качите горе и да седнете во некој од рестораните, поефтини се од Гинза.
    Западната страна на Токио, мислам таму накај Харајуку е многу поефтино и таму може да ја видите различната страна на Јапонската култура, огромни паради со змејови, костими, интересно да се прошета и тој дел од градот.
    Во провинцијата на Токио има едно место кај што се наоѓа паркот на цвеќето Ашикага, се стигнува за саат време од градот. Тука е најубаво да се оди на пролет, кога цветаат дрвата, абе милион дрва дрва дрва во сите бои, огромен е паркот некои 10 хектари ќе се изнагледате природа.
    И за крај, да ја посетите пиварата!!! Тоа е уствари цел кварт со пивари, а најпозната е зградата на Асахи (нормално, пиво да си купите).
    Има мал милион храмови низ градот и секој е со посебно значење и историја, убаво е да се посетат но нема да имате време сите да ги видите, а и да не почнувам да пишувам за нив ќе се изгубам.
    Важна работа што мора да се напомене е дека возовите не каснат ни секунда, па секогаш да си бидете на време на станиците и имате само 30тина секунди да влезете во воз, нема многу мотање лево десно. И превозот е огин скап, најпаметно да се вади дневна карта или неделна, ако плаќате за секое возење посебно многу брзо ќе ви се види крајот на вашите финансии. А ако ви избега последниот воз, да знаете дека ноќно време не возат, па наместо да си одите до хотелот со такси (ке ве избричат со цена) многу подобра варијанта е да си останете во некоја дискотека до сабајле и да си одите со првиот воз другиот ден. Јас еднаш закаснив, ми се уарни оваа варијанта, па нешто почнаа секој ден да ми бегаат возовите, несакајки де...
    А јапонците се баш супер, спремни за журки до сабајле, ќе дојдат ќе се запознаат со тебе, ќе си направите муабет, јас со кој и да се запознаам само моето име си го запамтив, а и сите исти се бре не можеш да ги познаеш низ дискотеките.

    Кијото
    во градов бев на многу краток период, па немав баш многу време за разгледување. Прво уште во местото Нара мора да се види статуата на најголемиот буда во свет и храмот што е построен околу него! Тука во Нара има едни ресторанчиња, Јоши Нова се викаат или така нешто, со портокалови табели, баш вкусна храна имаат и со пристојни цени.
    Во Кијото пак храмови, златниот храм со карактеристичниот златен феникс на врвот што е на вода мора да се посети (тука во дворот имаше бонсаи дрво кое беше многу старо, внатре нема сликање ама надвор е дозволено), имаше уште еден храм кој е малку на повисоко место (не ми текнува името) и погледот од таму кон целиот град е ВОЛШЕБЕН!
    Има еден храм Санјусангендо, со милион различни статуи од оние што се со многу раце (мислам дека имаат по 42 раце), ова е храм што мора да се посети. Веруваат дека секоја рака штити одреден број на животни на земјата, така објаснуваше водичот ама не разбрав баш најдобро. Внатре во храмот сликањето е строго забрането, а од надвор може да го сликате храмот и езерото.
    Во стариот дел на градот, Гијон, може да ги видите гејшите.
    Во принцип тука само храмови има за гледање, а јас со човекот со кој имав работа отидовме на сумо борба! Леле, тоа е ненормална работа, баш тешка категорија на спорт... Наредниот ден се забивме во некое локално ресторанче со караоке! Хахаха, леле не можам да престанам да се смеам кога ќе ми текне како рикав, се поднапивме малку и јас одма се фатив за микрофонот да пеам на Јапонски (имаше помош титлови на Англиски!) и баш ме пофалија, јааааеее, јееее, ниииии, наааа.... оние традиционалните песни.

    Толку ми беше на мене од Јапонија, бев работно на само 10дена и немав многу време за шетање, стандардот е многу висок, интересна земја со многу работи за гледање, ја препорачувам за посета, а јас најверојатно ќе се вратам да бидам кафанска певаљка!
    :)
     
    На x.Daisy.x, anuskaNESTLE, Trnche и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Susmita

    Susmita Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Jас еве си збирам пари си работам и искрено од толку места во светов не знам кај попрво да опалам и би посетила неколку дестинции одеднаш што би биле колку толку во близина. Mногу убав опис даваш за местата кои си ги посетила до сега алал вера дури ми дојдоа некои места на памет да ги посетам само од твоиве искуства. E сега мене ми е зацртана во глава Jужна Aмерика. имам еден геј пријател во перу во лима живее се запознавме пред 6-7 години на миконос во грција и од тогаш се договараме кога иде низ европава да посетува некои места ако сум во можност сум идела сме се сретнувале и имам нормално отворена понуда да дојдам и во перу. од него знам дека во перу можеш пристојно да поминеш додека уругвај на пример е скапо. значи тука е и бразил,аргентина,боливија,колумбија,чиле,парагвај и стварно знам дека има што да се види. е ако си посетила и некое од овие места радо би чула од тебе,твои импресии сепак друго е од некој наш човек да чуеш мислење