Подолго време ве читам и дури сега се решив да се вклучам во форумов со нашето искуство. Постот ќе биде малку долг. Знам колку мене ми помагаше кога ќе прочитав нешто објаснето, или кога знаев кого можам да прашам за совет. Резултатот со азооспермија го добивме лани во Октомври, првичниот шок и кошмарот што се живее после тоа не се опишува и дај Боже никој да не го осети, но верувајте се случува почесто од што можеме да помислиме. Првично, ни дадоа надеж дека може е погрешен резултатот, па испитавме и втор пат - без промена. Двете испитувања беа во приватни клиники, Санте и Њу Борн. Следно беше потрага по информации, што е тоа, дали се лечи, дали има надеж.. На интернет прочитав преку 500 страни со медицински истражувања и каков е напредокот на тоа поле. Откако ги имав тие информации отидов по упати кај матичната, ужасно е колку НИШТО не знаат, и морав за секој упат да се расправам и објаснувам, ама бев упорна и зедов приоритетни упати, за некои испитуваања и во две клиники за второ мислење. Во кратки црти ќе соберам се што сме испитале, за подетално ако некој нешто го интересира нека праша. Азооспермија може да е опструктивна што значи производството на сперматозоиди е во ред но некаде низ каналите има прекин и не излегуваат во ејакулатот, или не-опструктивна што значи проблем во производството на сперматозоиди. Да нагласам, ниту едно испитување не може со сигурност да потврди дали е едниот или другиот тип на азооспермија. Следуваше преглед на уролог и ехо на тестиси и во државна и во 8ми септември за второ мислење, термини за уролог нема по три месеци затоа бидете упорни и барајте приоритетни, во таа агонија секој ден ти е година.. На тој преглед излезе дека се е во ред, најбитно тука било да се види волумен на тестисите и паренхимот (ткивото од тестисите) дали изгледа во ред на ехо. Следно беше испитување хормони кај ендокринолог. И тие резултати беа во ред. Тука да нагласам се битни хормоните ФСХ, ЛХ и тестостерон. Потоа следеа испитувања за инфекција, брисеви од уретра, спермокултура, хив/хепатит, испитувања на микроделееции на Y хромозом во Ману, ретроградна ејакулација (ова никаде не се испитува, морав да ја молам докторката во Букурешт да проверува сперматозоиди во мокрача..) Откако сите испитувања испадна дека се е во ред, единствен начин да се дојде до одговор беше некоја од понудените процедури за биопсија. Тука сакам да нагласам дека има ОГРОМНА разлика помеѓу понудените опции, а тие се: стандардна биопсија, ТЕСЕ, и МИКРОТЕСЕ: При биопсија со игла се зема примерот од тестис и се испитува. Дури и да се најдат сперматозоиди материјалот не се замрзнува бидејќи на државна нема криопрезервација. При ТЕСЕ се прави рез и се зема примерок од тестисот кој потоа се испитува дали ќе се пронајдат сперматозоиди. При МИКРОТЕСЕ се отвараат двата тестиси, со микроскоп се гледа каде е најдоброто ткиво на тестисот и се вадат само примероци каде има сперматозоиди. Ако веќе сте дошле до овој момент, веројатно веќе ве убедувале дека биопсија е доволна. И иако сите уролози ќе ве убедуваат дека МИКРОТЕСЕ во Македонија нема, ИМА, и го прави само д-р Мицковски во Ремедика. Ние ја одбравме таа опција бидејќи од се што прочитав во тие два месеци, таа беше единствената процедура што ветува дека ако има и најмала надеж, ќе ја најде! Операцијата чинеше околу 50 000, но во тие моменти парите не значат ништо ако животот ти губи смисла.. МИКРОТЕСЕ е најскапа, најболна, најтешко се опоравува (една недела во кревет), но има зошто е и најдобра. Во нашиот конкретен случај испадна дека има хипосперматогенеза во двата тестиси, со мешан патерн. Ова во превод би значело дека има места на тестисите што се празни и се максимално оштетени, до најнормално ткиво што произведува сперматозоиди. Ако одевме на класична биопсија или ТЕСЕ, постои веројатност да се земеше примерот од оштетените делови (бидејќи тие процедури се работат што би рекле "на слепо") и да не бевме свесни дека има и делови што се сосема во ред. Ткивото со сперматозоиди се замрзна, со тоа аплициравме во фонд за ин витро и e одобрено. Во меѓувреме јас правев хистероскопија за отстранување полип, па ми открија генетски мутации за тромбофилија и скриен шеќер, но за тоа повеќе во друга тема Слободно прашајте за било што и да ве интересира.
Па истото го поминавме и ние само шо нас не не малтретираа како вас со упути и сл. Директно докторот ни кажа вие сте за микро тесе го направивме во плодност го замрзнавме и поднесивме документи во фонд и ни беше одобрено. И фала му на бога испадна успешно и сега си очекуваме синче само никој да не губи надеж
Постов како јас да сум го пишала Апсолутно те разбирам, тој што не поминал низ ова не знае колку тешка борба водиме, за се сам да се информираш и како што кажа др Мицковски, машката неплодност е во голем дел занемарена тука кај нас, а и пошироко и ниеден лек/операција не е покриен од фондот Но, помина и тоа, само храбро Јас имам слична приказна со @Adams,правено микро тесе, правена хистеро со скречинг, прво ивф, постигната бременост Тука сум и јас за било какви прашања Само најхрабрите ги водат најтешките битки!
Читам и солзи ми навираат , ме тешат само вашите успешни стории, кај мене првото беше успешно со ран спонтан , сега уште 2 ивф со 8 клеточни замрзнати и нејке , болката е преголема не знам како да се утешам се плашам да не не успееме , не знам уште што да пробам , душа ми се кине срце ме боли , но се надевам ке успееме еден ден , ке држиме бебуш во раце , извинете но мн ми е тешко мн се плашам о сметам дека бар овде може да се исплачам *** а вам труднички лесна бременост ***бидете наши звезди водилки ***
Два месеци не малтретираа за мислење и упати, ме интересира кој ви даде мислење за микро тесе? Не знам дали сте од Скопје, тука тројца уролози ме убедуваа дека микро тесе не се прави во Македонија, двајца од државна и еден од 8ми септември, и дека не прифаќавме биопсија само креваа раце.. Фала ти што сподели и што ми влеа надеж дека сепак може да успее Баш така, машката неплодност се третира како недостаток на витамини. Нема едукација на доктори, нема поддршка од фонд. Страв ми е само кога ќе помислам колку постари парови без деца можеби имале проблем што можел да се реши.. Фала и тебе за ова што го сподели на еден месец пред почеток на инвтиро сум и ова многу вреди да се чуе, секакви мисли ми поминуваат низ глава. Каде го правевте инвитрото со замрзнати сперматозоиди? Не ти ја знам ситуацијата, но верувам дека некој ве упатил и ве води за проверки. Нема откажување, мора да се искористат сите можности и испитувања, за се што се случило има причина само што треба некој да сака и да знае како да ја најде таа причина. Кај нас после азооспермија требаше да спремам документи за инвтиро, па испадна висок пролактин, па полипи и хистероскопија, па наследна тромбофилија, па скриен шеќер, и само што успеав се да средам пак пролактинот се качи.. Прашање е што ново допрва ќе излезе, ама паѓаш, плачеш, собираш сила и пак се враќаш! Што вика Nora.A, Само најхрабрите ги водат најтешките битки!
Имам испитано се , постојани контроли на секој трансфер велат ембрионите се топ , но може не дошол моментот , мора да се бориме иако годините ме газат , околу микро тесе и нам ни викаа дека во Мкд не се прави но случајно закажавме преглед во Систина и тогаш Мицковски ни кажа дека тој прави , тогаш работеше во Систина па фала му на Бога најдовме материјал , од второто ивф ми останаа 6 замрзнати се надевам ке се фати бар едно , останати ми се 4 , сила мора да имаме тоа е , нека не ти бидам репер јас , гледај ги адамс и нора хејене , може јас сум една од тие шо нема да успеат но не се предавам се додека имаме материјал
Нас мислење за микро тесе ни даде др Таше од плодност и таму и го правевме не е подржано од фонд кошта 30000 ден.
Na Manu ispadna deka sum heterozigot pijam metilirana folna , na transfuziologija , skrien seker , na site ivf sum bukvalno so se pokriena , kleksani , prolutex , metformin bidejki sum so policisticni , ovunorm , premama , krinon , estrofem , vit b12, b complex , intralipidna infuzija , atosiban hehehe za histeroskopija mi velat ne treba kaj 4 doktori sum bila , endometrium ok i nejke moze neso sum ispustila da napravam
@Nithya, ивф го правевме во Ремедика кај проф. Др Димитров Во јануари правев дијагностичка хистеро со скречинг(можеби тоа ги зголеми шансите за успех кој да знае, статистички би требало да е така по ова што читам во светски рамки), на крај февруари почнав со супрефакт, март стимулации Инаку имавме замрзнато 4 виали сперматозоиди Со среќа нека ти е и на тебе и на @Milicka* Посебно сте ми мили сите што поминувате низ истово, тешко дека друг ќе разбере што точно се случува Верувам дека ќе вроди со плод кај двете
@Milicka* што се си поминала и ти.. Ти посакувам среќа на следното, никогаш не се знае @Nora.A И Ние сме кај проф.Др Димитров, се надевам на истиот исход бидејќи сме во иста каша
Знам само дека нема да се откажам , се надевам ке не огрее и нам сонце , ти посакувам среќа и релаксирано во постапката ***
Не знам дали ке ве утеши, девојчиња, но и ние сме со тежок машки фактор - азооспермија и имаме замрзнато тестикуларно ткиво уште во 2015 година во Ре-Медика, а во 2016 од тоа замрзнато ткиво добивме керкичка со ТЕСЕ ICSI постапката. Кај сопригот дошло до физичка опструкција на каналите при бројни операции на 4- годишна возраст, но Д-р Пендовски од Ре-Медика потврди дека има нормална спермогенеза во тестисите.
И утеха и солзи радосници ни се вакви споделени искуства! Кај нас малку е поинаку, хипосперматогенеза е установена најверојатно од некои воспаленија во детството, но има и зрели сперматозоиди што ни се надеж Не знам колку е можно тие да не се правилно развиени бидејќи оштетувањето е големо.. Но надежта е поголема!
Zdravo dali moze da mi kazete lade da odime da pravime biopsija ili micro tese kaj ste zadovolni od dok.
Микро тесе само кај др Александар Мицковски-Ремедика Закажете преглед, ќе ви каже др што како Срцка е човекот! Ви посакувам успех!
Девојче , подолго време те читам и не знам зошто не сакаш никој да послушаш ??? Прашуваш а не реагираш , азооспермија воопшто не е дијагноза за потценување , колку подолго чекате тоа е полошо , ова свати го најдобронамерно , те следам на вештачко а и овде подолго време и нон стоп исто прашање , ти треба ли и друга помош ? Тука сме да се помагаме но вака проблем не можеш да решиш , ви посакувам многу среќа и размислете добро.
Jас реагирам но не се до мене и др околности не спречуваат толку се разочарувам да нз од каде првин да почнам . Божем сега во дек. Да одиме кај мицковски но првин психолог да посетиме сака сопругот бидејќи многу психички падна и мн раб ни се случија . Ти благодарам многу што ти ми даваш некоја надеж