Нема кој не паѓа психички , но верувајми колку побрзо толку подобро , нека се направи микро тесе ке си бидете мирни , ке имаш материјал и ке чекате да се смирите , ни малце не е лесно знам сум поминала низ сето тоа но верувај ти зборувам за ваше добро , нека посети психолог и нека се смири , најповеке ви треба сталоженост , и само храбро , има мн успешни азоо стории кажиму на сопругот ке се крене малце , за се што ти треба пишувај но најбитно е да делувате , и јас ти го препорачувам Мицковски , ние бевме во Систина додека беше сега е во ремедика, среќно.
Мила не чекајте отодете што побргу како што кажа @Milicka* Еве јас моментално си го држам во прегратка моето синче јуначе благодарение на Тесе
Извини што и јас ќе бидам директна. Кога разговаравме ми кажа дека 5 години пробувате а, ти се уште бараш симптоми на бременост, пиете витамини за подобрување на сперма, правиш тестови за бременост и што уште не, и се разочарувате секој месец од ново и се полошо е.. Сите овде сме со иста мака, знаеме колку боли реалноста, ама МОРА да ја прифатите за да отидете напред. Не смее да ви е изговор дека ви искрснувале нови работи, а упорно прашуваш каде се прави Тесе и кој доктор го препорачуваме.. Азооспермија не нешто што се лекува, нешто што утре може ќе го снема. Може само да е полошо затоа не губете драгоцено време.
Ne se izgovori i jas sakam da se zavrsi se ova i mene mi e se preku glava no na soprugot mu pocina tatko i mnogu rab ni se smenija
Верувам дека и ти сакаш што побрзо да заврши се, и ти верувај дека пробуваме да ти помогнеме. Сакав само да ти укажам да не си давате лажна надеж и да се измачувате дополнително. Жал ми е што се случило и смрт на родител, знам колку е тешко сум била во иста ситуација но, животот продолжува и мора да најдете сили и да мислите на иднината ваша, и приоритет да ви биде да се направи операција и да си ја одморите психата. Верувај ни дека многу ќе ви биде полесно.
Душо, тоа беше пред 2 години. Пробувам да ти укажам дека секој ден шансите се намалуваат, а не години да чекате да се случи магија и да губите нерви. Те поздравувам и се надевам што поскоро ќе се решите да почнете
По мене најдобро е да си направите прво консултација со Александар Мицковски кој работеше во Ремедика , не знам дали е уште таму , ке направите микро тесе ке видите дали ке има или нема материјал , ние правевме и кариотип и плус на ману иститување на микроделеција на y-хромозом , само смирено , но веднаш на нареден чекор , најбитно е да не се надевате дека ке се деси чудо . не знам каде ве упатиле претходно но ова е моето искуство.
Без паника... Прво ќе си отидете кај избраниот лекар, ќе разговарате што и како понатаму. Закажете и средба со ембриолозите да направите една консултација тие ќе ви објаснат најдобро. Нашата историја е исто со азооспермија, на сопругот му беше направено прво хормонски статус, да се видат хормоните па сооред нив да се види понатаму. Резултатите излегоа добри, му беше направена Тестекуларна екстракција или пократко Тесе. Материјалот беше поделен на 4 сламени единици и беше замрзнат. После 2 месеци го правевме оплодувањето,значи се работеше со замрзнат материјал. Прво и успешно ивф и тоа со еден ембрион. Така да ништо не е невозможно. Ви посакувам многу среќа и успех.
Да се изјаснам подобро пишав да не се надеваат дека ке се деси чудо мислејќи на тоа дека по природен пат не може да се забремени , иначе јас си имам скоро 2 годишно азоо дете , само храбро и само напред.
Закажавме во плодност, рекоа се ке проверат етапно , сеа со господ напред (како што читав микротесе дава поголеми резултати од тесе, тоа ме двоумеше дали ремедика кај мицковски или ваму ама ке почнеме па а ке видиме каде ке не однесе патот), откажување нема па и до сараево ако треба ке идеме кај др.емре бил најдобар за микротесе
Сакав да ве прашам , во случај кога нема сперматогенеза дали постои можност да се најде сперматозоид со тесе? До сега што ве читав, речиси секој случај е поради опструкција ( ме фака страв и неизвесност)... Дали има некој случај каде азоспермијата е од необрструктивна природа а сепак е успешна тесе процедурата? Друго, сопругот пуши цигари и редовно конзумира пиво, дали кај оваа дијагноза има значење витаминска терапија, промена на живот? (малце ми е скептично витамини да помогнат за цел процес), Фала ви неизмерно
Дечки, ве молам за мислење и искуство (секое ке ми значи). Кај сопругот направија спермограм повторен - повторно азоспермија, хормонален статус: фсх покачен 30miu/ml а другите се во ред, ехо во ред (тестиси рекоа плочеста форма), чекаме резултати од делеции и треба да закажеме кариотип... многу сум исплашена, имал ли некој вакво искуство со сите овие испитувања? фала ви
Сопругот има неопструктивна азоо со висок фсх, другот е во ред. Правевме микротесе кај др Мицковски 2018г. Најдовме сперматозоиди за 4 виали. Прво ивф во 2019. Синко сега наполни 2 години. Биди силна и само напред, направете се што треба Најважно е да се најдат сперматозоиди. Ние веднаш правевме микротесе, најдовме и одма започнавме со ивф.
Дали има некој искуство со д-р Рашко Наковски - уролог? Во плодност тој ми кажаа дека соработувал со нив , па ме интересира да споредам со д-р Мицковски од ремедика . Фала ви девојки
Денес во ремедика кај мицковски ни кажа варикоцела од трет степен, од досегашните ипспитувања во плодност само фсх то беше високо и таму не ја утврдија причинава на ехо, ке ве молам кој има искуство со азоспермија со варикоцела да ми пише, докторов предлага директно микротесе со операција на варикоцелата истовремено и ни кажа дека е редок случај, мн се испаничив. Фала ви
Не знам за таков случај , но не паничи , додека не отворат ништо не се знае , размислувај позитивно , мое мислење е најдобро да си направите микро тесе , да не чекате, коа ке замрзнете материјал е друго , синко еве ке прави 2 годинки имаме уште два замрзнати ембриони и уште материјал од сопругот , така да најдобро е да не чекате
И мојот сопруг има варикоцела од 5мм и Мицкивски викаше редок случај и за него. Само што немаше азоспермија туку астенозооспермија од 3 степен и од две мои фоликули и двете ми ги оплодија со тој лош спермограм. Исто и јас правев во Плодност.