И нашиот случај е исто азооспермија, само со микротесе ќе си го решите проблемот и ви го препорачувам др. Мицкоски. Правевме два пати микро тесе, од кој вториот пат е најдено доволно сперматозоиди за седум пати оплодување. Со второто инвитро имам детенце година ипол, и сега спремам документи за уште едно инвитро. Проблемот за азо беше не спуштен тестис во раните години кој направил проблем за трајно оштетување на сперматогенезата. Така вадеа дирекно од тестис па на оплодување со замрзнати сперматозоиди.
Едно прашање имам, пред микротесе дали треба апстиненција? Докторот не спомна ништо и јас заборавив да го прашам , дали е подобро да се биде активен до дента или да се чека
Здраво, до тие што правеле микротесе или тесе процедура - на извештајот ни пишува дека има 5 виали криопрезервирани и поради малата конц постои можност да изгине материјалот по одмрзнување. Дали сте имале вака на вашите и одобриле ваучер? гинекологот ми кажа дека може да ми направат проблем од фондот
Девојки ве молам за мислење, кај маж ми правевме микротесе најдени се 5 виали материјал и смрзнати, ама го земавме наодот од патхистолошката биопсија каде стои отсуство на герминален епител и во прилог на сертоли сел синдром, нема сперматозоиди во биопсијава, дали има некој ваков случај ???
Здраво до сите. На 29г сум,а мм 36. Во брак сме 10години и кај мене се е потполно во ред. Соодветно со темата би сакала да прашам како поминале сопрузите со тесе и микротесе? И во кои болници се прави микро? По страните на болниците нема ништо за таквата интервенција,нема и во ценовниците.От документите за фондот ми останува само папот. Секако ќе мора да одиме по тој пат, досега читав само кај др.Мицкоски. Сакам да одберам болница и доктор,за да не трошам време во шетање. Страв ми е дека проблемот е во производството на војничетаи нема да се најде ништо,а не се запрени по патот. Мислам така бидејки нема бактерии, а от олигоастенозооспермиа со концентрација <0.1М, мотилитет 46%, имотилини54% во 2018, сега сме на комплетна 0.
kako najtaze licnost sto go idela patov ... ne gubete vreme odete kaj mickovski remedika , covekot e profesionalec, site pogore go imaat istoto iskustvo. Ponataka so gospod napred. Nas ni najde materijal 5 viali na dijagnoza steroli stell sindrom
Пред некој ден Филипче и Заев ја земале ремедика, и било хаос. Ќе се договорам со докторот каде ќе ја продолжи праксата таму да одиме.
Ние 2018 правевме во Блодност. Процедурата трае кратко, сопругот си бира дали ќе се врши со локална или целосна анестезија. Мојот сопруг правеше со локална. Една недела пред инетрвенцијата испи една доза Сумамед. Ние плативме 25 000 ден со локална со целосна беше околу 30 000. Доколку се најдат сперматозоиди се замрзнуваат а може да се работи и со свежи. Ние ги замрзнавме постапката ја почнавме после 2 месеци.
Благодарам за отговорите на другото. А инаку прашав и како поминале сопрузите от кога ќе помине анестезијата
dobiv objasnuvanje deka e ispraten materijalot sto ne bil saglam na biopsija a toj sto se ocekuvalo da ima spermatozoidi e praten na obrabotka...
Денес сопругот беше кај Мицковски. Со ултразвукот му потврди дека и со микро-ТЕСЕ вероватноста нема да е голема. Само за цената е отидена на 126000ден/ 2000е. Во најкраток можен рок ќе закаже. Со присобирање на малкуто финанси што ни недостига се вади за малце да се спреми психички уште некоја недела.
Сега секако во Систина почнавме со докумените. Добро е кога квалификуваниот кадар се ограничи от партиските легачи. Плус сакам да препрашам. Дали има врска каде потоа ќе се прави ин-втро, дали е поскапо со пренос на замрзнатиот материал во друга болница? Дали хирургот кој ја прави операцијата кај мажот ги пронаоѓа живите војници или ембриологот кој го спроведува оплодувањето е тој кој бара жив материал? Да не ги налутам до колку им речам дека во друга болница ќе го правам инвитрото, па со тоа да префрлат вина меѓусебно- вој не нашол, тој не извадил, несмасно одмрзнал и т.н. извинете до колку се занесувам по мали работи, но стварно незнам што е битно. Другачката со која разговарам има пробано 6 пати инвитро и таму се дуги прашањата, бидејки не сезнае каде е проблемот.
не збори пред време каде планираш ин витро да праиш зошто и од тоа глеаат потенцијална корист, ќути си додека не се заврши операцијата. За трансфер секаде е различна цена треба да препрашаш по клиниките, а материјалот го пребаруваат ембриолог или биолог , урологот само вади ткиво потенцијално да содржи материјал.
Здраво одново за 2 недели би требало да ги имаме парите за микро-тесе во Систина. Бидејки ми се брза прашав во Плодност. Ги побараа и ги сликав резултатите на мм. Сестрата звучеше збунета от упатството на др.Мицковски за микро. Рече дека денес ќе ми се јави дали има смисла да одам кај нив. Сепак несакам да одам во различни болници за тесе-то и ифв-то Да ве прашам-сте слушнале ли за друг кој прави микро во Македонија?