За жал нашата приказна заврши неуспешно -.- се боревме ,после микротесе за кое ни беше кажано дека е најден материјал денес правев пункција и нема ниту жив ниту мртов сперматозоид во виалите.... џабе надеж ни е дадена изгледа ние сме единствен ваков случај ....
Te procitav deka soprugot imal varikocela i ste ja operirale sega skoro. Ako e taka, pocekajte 2-3 meseci sega uste e rano. Neka zema suplementi i za 3 meseci napravete nov spermogram.
не.. одев со минимална стимулација ми извадија 1 јајце клетка договорот беше со 1 виала да се проба да се одмрзне и излезе сите ги отворија ... а за 1 не ја ни мрзнев ниту планирам со донатор даље.
Smeni go doktorot. Videte vo poveke kliniki ama ne se otkazuvajte. Me cudis posle operacijata da nema nitu eden spermatozoid, i nas ne ubeduvaa deka so operacija ke se podobri spermogramot ama fala mu na Gospod, ostanav prirodno dodeka se mislevme za operacijata. Zatoa ti velam da ne se otkazuvate.
segde bevme od privatno do drzavno ... azospermija so sertoli only sindrom . i vie bevte so azospermia?
Prvpat slusam za toj sindrom. Nie bevme so oligoastenozoospermia, zemase suplementi i se sluci Bozjo cudo ostanav prirodno. Neznam sto da ti kazam, razmislete za doniran materijal.
Здраво, само да ве известам дека микро-тесето кај Мицковски помина можно најдобро. Пишувам подробно за тие што се заинтересирани да се спремни низ што ќе поминат. От извадениот материал не се најде ништо, и останува делот кој е пратен за андролошка и хистолошка анализа да дознаеме дали ќе најдат барем 1-2 живи. Во едно кажаа дека е можно со тие анализи да се дознае причина за стерилитетот кај мм и да се препорача лекување. Хормонски, со крвта и се друго е во ред. Неговата состојба во моментот е лоша во нормални граници. Операцијата беше вчера, тестисите се отечени скоро 4 пати от вообичајниот волумен. Има 2 рани по 3см. Има силни болки во секоја положба. До колку не се најде ништо и во преостанатиот материал, би продолжиле со постапка за посвојување. А посебно ќе се уклучам до колку се деси чудо или добиеме некаква корисна информација от испитувањата. Иако ни е премногу жал, не паѓаме духом. Знаеме дека животот и смрта се во Божји раце, Тој знае са нас, како и за сите и до колку самиот не се поштеди на крстот, нема да ни скрати ништо добро без причина.
Денес ги земавме резултатите и поново ништо. Сепак сакам да ве охрабрам, дека навистина животот е во Господови раце. Тогаш кога некој треба да се роди нема прегради. Многу блиска жена от моето семејство е оставена со 2 ќерки. Незиниот дечко имал правено тесе пред повеќе от 15 год. Бидејки немало ништо, тогашната сопруга го оставила. Со мојата роднина (51г.) се заедно 7 години и неделава ќе прават свршок опуштени дека дечкото (57) е стерилен, не се чувале и крајот на јануар ќе им се роди ќерка ♡
Верувам во чуда, ама медицински и научно не може маж кој е стерилен да добие дете по природен пат особено. Особено што со тек на годините се намалува плодноста и квалитетот.
Во моментот читам во форумот " bg-mamma.com" и си се лутам на самата себе, што толку избрзавме со толку агресивна и несигурна метода. Таму има и огромен набор искуства от Турција. За специфичноста на нашиот случај пишав до администраторите, бидејки имам проблем со регистрацијата. Во извештајот на др. Мицковски пишува дека мм има хипосперматогенеза. Тоа во горе наведениот форум се објаснува, дека е присуство на сите потребни за спермообразување хормони и ткива, но во премал процент на функција. Апелирам до сите да се информираме повеќе, пред да се оди во ризични и крајни методи. Непоправливи се штетите кај јајниците, бидејки нивниот капацитет е присутен и исцрпен. Во зависност от причината на машки стерилитет постои лекување и обновување на ткивото. Со информацијата што ја собирам ми е мачно, што толку бргу се одлучивме на толку болезен,агресивен и ненадежден вариант.
Исто и јас проагам низ истото, правевме две одеднаш инванзивни , варикоцела на лев тестис и микротесе кај мицковски а можевме во турција прво варикоцела.... микротесето е најинванзивна метода, во нашиот случај ни кажаа дека премн ткиво е извадено немаше ниту еден сперматозоид и проагаме низ претежок период...за уште едно микротесе постои ризик од целосна атрофија на тестисите и ни предложија донатор
Не ми се верува, колку многу луѓе проаѓат низ истото. Во главно стасувам до неколку едноставни заклучоци: FSH кое мора да е от 1 до 12 за здрав маж, а за плоден максимум 7(мм10.9) Тестостеронот да е повеќе от 9(мм6.94) Докторите препорачуват к'лцање, бидејки после нормализирање на хормоните мора да минат 6-18месеци за добар спермограм, а нив не им се чека за да ти ги земат парите
FSH e pokazatel dali se raboti za opstruktivna ili neopstruktivna azospermija, koga e povekeratno pokaceno pri normalen testosteron e neopstruktivna sto e problem so proizvodstvoto, vo vasiot slucaj na hipospermatogeneza znaci deka postoi moznost za proizvodstvo ama treba da se najde mestoto , vo nasiot slucaj izleze kompletno otsustvo na germinativen epitel sto kazuva otsustvo na celosna spermatogeneza. Vo vasiot slucaj eventualno da napraite uste edno mikrotese vo turcija kaj emre ... dostapen e na whats up, se konsultirav vo tekot na celata nasa etapa i kaj nas predlaga uste edno mikrotesei pregled ama sea za sea ne planirame nisto da prevzemame
До сите сопатници кои го минеме овој тежок пат бидејки најдов многу исцрпна информација за нашата тема, решив да ја споделам за полесно секој да може да одлучи како ќе го продолжи животот и какви можности има. Азооспермијата не е диагноза а состојба. Авторот кој ќе го прераскажам е маж со хипосперматогенеза (како што е кај мм) кој собрал информации и за другите 3 диагнози кои спаѓат кон неопструктивната азооспермија. Бил и на консултација во Турција и бидејки подоле изброените диагнози биле потврдени како точно разбрани,самиот се вратил со препорака до колку сепак сака да го кл'цнат, на драго срце ќе му ги земат парите. Како почеток мора да се стави диагнозата (от патолог преку обична биопсија), за да може да се конкретизира како и дали може да се продолжи со третман. Само кај опструктивната (нормално произведени сперматозоиди, кои немат слободни канали до еакулатот) азооспермија, решението е тесе или микро-тесе. Неопструктивната азоо се дели на 4 диагнози. 1. присутни само клетки на сертоли( тоа е кога нема клетки претшественици и нема како да се создадат сперматозоиди) вероватноста за пронаоѓане на сперматозоиди и реално оплождане, кое би се развило до раѓање е помала от 5%. 2. Хипосперматогенеза(има от сите клетки, но во премал број) овде шансите се приближно 20% 3. Арест на созреване( има клетки кои не се развиват от некоја причина) има шанси 10-15% 4. Атрофија( кај неа неманикакви клетки, се е изгинало от самото ткиво и нема надеж). Насекаде кажуват шанси 50/50 за да може да се надеваш, а потоа да се извадат. Кај 2020год со правилен третман може да се стаса и до неколку милиони во ејакулатот и избегнување на штетните тесе-та. Мора да се има во обѕир, дека шансите за спонтана бременост се мали и е можно кога мажот е со нормални, а не високи хормони. Нормалните хормони означуват дека има клетки кои создават сперматозоиди, но от неизјаснета причина не го прават. Овде мора да се испитуват причините, а не да се легнува под ножот. Кај високи хормони препорачуват ТЕСЕ, бидејки нема што да се изгуби, тестисите и онака се веќе оштетени и второ чим телото произвело многу хормони и максимално се е форсирало системот за репродукција и тоа се последни шанси за пронаоѓане на некој жив сперматозоид. До колку сте си нормални хормони има надеж да се борите. Ретко ќе ви кажат да следите здрава исхрана, откажување от цигари, регулирана телесна тежина, спорт, максимум 1 чаша вино на ден (до колку неможе да се намали повеќе), природна стимулација на тестостерон. Тоа е бидејки за операција ви требат среќа и пари. Репродуктивните центри инсистират на првото за да соберат второто.