Кај операција во повеќето случаеви со одземање на визуално најздравите ткива, при безрезултатна интервенција логично се утежнуват околностите за подобрување на општата состојба. Дури со хормонска стимулација секој следен обид за вадење на ткиво е се потежок. Има мажи кои се сецкат и по 5 пати, брзајки за резултат без да се информирале за реалната состојба. Дури и клиниките за инвитро не кријат дека постои можност от атрофија на тестисите како последица на тесето. Кажано на кратко- до колку не се произведуват здрави сперматозоиди мора да се најде причина. Најлесно е да легнеш под ножа, но тоа кај неопструктивна азооспермија неможе да има процент повисок от 5-10. Мислете и се информирајте. Многу зависи и от причината. Мажите може да се влошуват а и да се подобруват, зависно от проблемот. Некогаш многу едноставни нешта може да помогнат, а некогаш ништо неможе. Во Б'лгарија има и група с тема бебе след азооспермија, каде помогнале "сиофор", билки, "колостибегит", антибиотици. Продолжувам да читам и е споделено за маж со иста диагноза "хипосперматогенеза от тежок степен". А таква нема. Или е хипо...или е арест на созревање.
се се врти за пари, тебе бар ти кажале реално, нас не бафтаа дека има извадено, плативме мрзнење, плативме транспорт на крај за ништо ...
Во прилог ете го резултатот кај нас от опедацијата. Продолжуваме со природна терапија и детоксикација.
Може затоа што кажавме дека ќе одиме преку фондот, а секако не ни е битно каде ќе се прави инвитрото, бидејки несакавме да ризикуваме транспорт- вие не извадиле, тие не зачувале, оние незнаеле да најдат... а пак Мицкпвски му кажал на мм да одиме со донор, барем да го фатат ваучерот от фондот. Се лутам бидејки не кажуват дека наспроти тие 5-10% от операцијата за која им плаќаш одма стојат 70-80% за створање на некој милион во ејакулатот после 6-24месеци на здравословен режим со правилната диагноза. Тоа е време во кое хормонскиот репродуктивен систем може да се рестартира и да следи инвитро от еакулат или спонтана бременост.
Многу битно пред тесе е да се регулират хормоните. До колку на некој му се брза (сите сакаме 2 црти час поскоро), е добро тестостеронот да се покачи. Во главно не е фактор кој мењава многу, но при крајни мерки, мора да си спремен. Нешто за кое ми е многу жал што не се поинтересирав. Сепак, ако 5те проценти можело да се 8, зошто да не.
Наспроти процентите за вадење на жив материал от операција најдов и прогнози при лечењето на проблемите. Прекратувањето-арестот на созревање се дели на поранен и подоцнежен. Раниот може да се подобри со 50%, а доцнежниот со 70. Синдромот на само Steroli-еви клетки не се лекува и все пак може да се намери нештичко с микро тесе~10-20%... Очигледно кај мм има некоја комбинација от повеќе диагнози. Во наодот от Мицковски пишува за едно, како диагноза за друго...