Викендот почна серијата на Сител. Се работи за Азра која откако ќе почине нејзиниот татко ќе стигне на дното во животот. Тек сеа почнав да ја враќам на видеотека за да ја глеам и не знам баш да раскажам шо точно се дешава ама ако ја гледа уште некој може да ја дискутираме. И Синан од Фазилет глуми тука. Кога видов кои глумци се, морав да ја почнам. Младалачка изгледа, а и убава спојка ми се овие главниот пар. Вака личи дека ветува многу и видов дека 59 епизоди има, значи имала гледаност.
Единствена што ја гледам од досадата- карантин. И Назли ем. Класична турска серија. Мене повеќе ми се свиѓаат Тарик и Азра. Ама, нема шанси да е така. Таа маќеата на Азра е клетник. Не е нормална значи. И тој братот што се дрогира ми е антипатичен. Турска серија, бабата најглавна и се преку неа. Добра е за тепање време. Мене Азра многу ми личи на тебе. Најсикрено. Слични сте ми. Сакав да ти кажам, ама заборавам.
Еј топ е темава . Јас како главен противник на турски серии почнав да ја гледам оваа сосема случајно и баш се внесов. Турска драма, трагедија, не дека е нешто невидено ама ми се свиѓа заплетканото сценарио и ми го задржува вниманието.Како плус ми е и тоа што е од редот на помодерни турски серии. Овој што го глуми Џенк, лепотан, се заљубив. Азра како главен страдалник, класично претставена како претерано скромна и наивна, ама пак ми е симпатична и ми паѓа многу жал за нејзе. Ајде ќе видиме како ќе се покаже серијава и ќе си дискутираме, сега мислам дека уште 2-3 епизода е по правило, нели нашиве ги делат.
Уште кога глумеше во Парампарче класната у средно ми рече дека сме личеле. Сигурно е до косата. Инаку да и мене ми се свиѓа што е модерна. Затоа и ја загледав.
Nesto na nova podgledav nekoja scena ponapred i ke se zapletka poveke. Pa ke vidime dali ke ni zadrzi vnimanie A tamu ja preveduvaat so " ne mi ja pustaj rakata " kaj nas Azra!
Бабата ме нервира, и со право и се лутат, ама сепак е добра личност. Ми се допаѓа што го учи Џенк како да ги цени парите, ама на моменти ја претерува, посебно за ова што и го прави на Азра откако се смести кај неа. Сестрата и братот на Џенк се тргнати по лош пат, и стварно контрола им треба. Оваа сестрава глупача, па толку да не сфати дека ја искористува. Џенк и Тарик-лепотанчиња Спојлер Тарик ми е поубав Спојлер Инаку не ми се допаѓа ич што ќе умрат Мерт и Џансу. Макар што смртта на Џансу е карма за Сумру глупачата, но сметам дека многу лошо направиле што ќе умре Мерт Се на се, интересна серија
Азра е стварно глупа на моменти...бабава исто претеруваше со однесувањето кон Азра, која беше поентата на тоа што ѝ го правеше не сфатив.
Па серијата така така ја пратам знам што се дешава и се гледа дека ќе биде тешка но ако ми се допадне сигурно ќе ја пратам до крај (Некако ептен ми досадија серииве све тоа па тоа али ако се појави нешто ново шо ми се допаѓа ќе го гледам сигурно)
Многу убава серија, ја загледав. Премногу ми е жал за Азра и Мерт. Не заслужија на улица да ги исфрли онаа вештерката. Толку е добра и мила на сите им помага, дури нереално е, у вистински живот тешко вакви да има. Во парампарче кога ја глумеше Хазал на нерви ми идеше, ептен ја мразев, тука е ептен симпатична ама и на моменти доста наивна и глупава. Како можеше цел имот да и го предаде на маќеата и да потпише без да прочита, сега немаше да се без дом.И те како и она има право на имотот на татко и, наследничка е. А таа лошата , заборавив како и беше името, жена на татко и му била така? Ќерка и не и е полусестра на Азра? Мислам дека не му била ќерка на татко и. Туку оваа му се пикнала на човекот со дете.
Да да. Не се сестри. А, Мерт како не е нејзин син ме чуди? Да не е посвоен случајно, бидејќи Азра и на маќеата ќерка и коа враќаа спомени збореа за долг период наназад уште во основно, а Мерт е малечок?
Не знам, па изглеа татко им имал и друга жена или љубовница,или пак од иста мајка може се двајцата шознам. А и да го посвоиле и тоа е можно. Може на крај да испадне дека му е мајка, све бидува. Ама колку е бездушна таа жена, со кое срце само го остаи детенцето повредено и избега... А тоа душиче мисли дека го сака и му е мајка. Греота.