Дамла укочена за сите пари, ме интересира дали ќе дознаат сите дека таа е виновна за несреќата и ако да кога ќе е тоа, неможам да ја гледам веќе ме потече
Таа била со белата кола заради која Џенк ја направи сообраќајката. Џенк за да ја избегне неа и да не ја удри, нели сврти и се превртеа. Дамла застанала и ги видела, ама веднаш си заминала и не им помогнала.
Многу тежок карактер е Азра, навистина не знам како Џенк ја трпи. Многу е глупаво што во серијава на сите животот им се врти околу бабава, млади по 25-30 години они 24/7 со бабава јадат, седат, спијат, на работа се. Глупост.
Да,многу јасно. Ама Џенк и Арда нели се млади, образовани, си имаат свои пари(поготово Џенк) можат да си оформат самостојно живот со сопругите. Ме нервиеа што во филмов буквално ни се покажани некои старски обичаи кои и кај нас ги има, да се живее со семејството на мажот сите на купче, свекрвата да се вика мамо, никој не почнува да јаде пред бабава, за секој чекор мажот мора да ги извести мамичка и бабичка пред жена му... Е морам да ги пофалам како убаво ја шминкаат Азра, нежно, суптилно, природно.
Да,ама бабата не е лошотилак.Од старт ја гледа Азра исто како тие што ѝ се крв. Во реалноста е реткост бабата да се потресува толку за сопругата на внукот. Глуп беше делот кога Азра се бунеше оти ѝ го извадија бебето.Демек толку не можеше да ѝ текне дека не ѝ го извадија онака,туку со причина.Толку не ѝ текна одма на болеста на мајка ѝ... Серијава е упропастена при крајот.