Фала ти. Sharing is caring. Јас верувам во идеата дека образованието треба да е бесплатно и достапно за сите. Еве ги сите курсеви и од Мета (Фејсбук, Инстаграм, Вацап). Некои бесплатни, други се плаќаат. Меѓународно признати и најбитни за Social Media професиите. https://www.facebook.com/business/learn https://www.facebook.com/business/l...a-career-programs?wtsid=rdr_0BrjuUArRlWd3WOqd https://www.facebookblueprint.com/student/catalog Ако е заинтересиран некој, ќе споделам и други бесплатни извори, треба да прашам оти не сум упатен толку во маркетинг.
Конкретно семос и сивус прво беа успешни бизниси па отворија едукативни центри. Истово се случува и со некои консултантски куќи кај нас. Тоа што (очигледно сите зборите за бреинстер) бреинстер продава ветар и магла не важи за сите "академии".
Семос и Сеавус не можеш да ги ставиш во ист кош со Браинстер и сличните. Само едно знам, се што има на академииве го имате онлајн за беспари, Udemy ако во значи сертификатот ок платете ама ако ви е само за да научите без пари ги има да се симнат цели кусреви на торент сајтови. Пдодобра опција ви е Coursera.. тие се и тоа како признаени ама едно да ви кажам, колку сакате имајте сертификати ако не знаете да работите и немате добро порфолио џабе ви е се. Не се лажете дека ете ќе платам во некоја академија и одма ќе ме вработат и одма пари ќе праам. Како не бе. Обавезно. Внук ми заврши во Браинстер за време на корона зашто му беш досадно UI/UX ама он го сакаше тоа и сега во странство е си работи фриленс.. поентата ми е ако мислите дека ќе добиете вработување одма, нема, ако сакате да учите со ментори и полесно ви е него онлајн.. супер ама чуда не очекуавајте.
И сивус има академија за дигитален маркетинг, не знам за семос, само што не ти излегуваат од фрижидер.
https://mrnewlife.mk/ Еве ја и страната нивна, заинтересирана сум да уплатам, ги контактирав и најчесто одговорите беа ќе ти пратам видео, презентација изгледај ја, и закажав состанок за утре попладне во нивна канцеларија, па затоа ми е многу битно да не бидам изиграна, не се малку пари реално. Било кој да ми одговори дали има некое искуство или било што да знае за академијава?
@Snowflake97 Mr. New Life е класична измама од господинот Мирко. Продава курс по дигитален маркетинг кој е катастрофален, а го плаќаш 500-1000 евра, има повеќе пакети, опции нешто, не знам баш. Во тој курс ништо конкретно да научиш не можеш, освен ако си баш дупка, па тоа да ти користи. Како ќе заработиш ти пари? Така што ќе тераш други луѓе да го купат истиот курс, за ти да земеш процент. Ако продаваат и они, ќе имаш процент и од нивните. Копирано мислење на @BraBru
“Академијава” прв пат ја слушам. Јас не би ти препорачала да си ги уплаќаш парите на вакви непроверени академии и самото тоа што ти имаш недоумици е доволен показател да не уплаќаш. Башка гледам дека ветуваат брда и долини што најчесто се огромно црвено знаменце.
Искрен да бидам исти ѓавол ти се сите академии, ништо таму нема да научиш што не можеш бесплатно да го најдеш на јутуб. Ако веќе си решена да платиш поради физичко присуство гледај да најдеш нешто што не е многу скапо. Инаку Мирко за разлика од другиве негови деца имаат направено милиони. Кај Петар неговите деца не можат да се вработат ни за 100 евра. Ако гледаме кој е превара тогаш за мене Петар е најголем преварант зошто е најскап тоа едно а второ ги тера луѓето да напуштат работа што имаат со што ги става во навистина незавидна позиција. А како би си одговорила самата каде да се запишеш, запрашај се дали Петар или Мирко имаат некој успешен актуелен бизнис? Или и двајцата но и другите продаваат муда за бубрези? Е сега разликата помеѓу Петар и Мирко е тоа што Мирко и во одреден период и имал добри приходи од дигитален маркетинг Петар немал никогаш ни еден успешен бизнис туку само неуспешни. Како и да е во моментов единствен приход и на двајцата им сте вие кои се надевате да добиете нешто од некој кој ни самиот он го нема
Не ме зезај со академијава те молам… Бреинстер барем не пишуваат цени кој колку заработил.. Што се овие нереални бројки? Мислам по самото ова може да се види за каков вид на академија станува збор, ветуваат брда и долини преку суми коишто знаат дека ќе упалат кај народот поради сиромаштија.
Оди само на проверени академии, доколку сакаш вистински да се информираш, бреинстер имаат вистински искуства од нивните студенти на нивниот вебсајт, сите тие (студенти) се достапни на linked in и можеш да им пуштиш конекција и да ги прашаш. јас така постапив се информирав што можев повеќе пред да запишам.
Ете погоре се спомнаа сивус и семос, види дали има дигитален маркетинг кај нив. Онлајн јас ја препорачувам и удасити но да се земе на некој попуст кои ги имаат често, дава добра основа, има форум за прашања и извршување на проектите, а потоа да продолжиш да се надоградуваш сама. Одлична е идејата да им пишеш на линкед ин на веќе завршени студенти по академиите и тоа направи го обавезно пред да се запишеш некаде! На искуствата што се ставени кај нив на сајт не верувам многу, прашај студенти кои ги немаат залепено на сајт.
Брејнстер претераа со ценава на академиите сега ги направија 3000+ евра, имаат многу јак маркетинг и солиден тим што знае тоа да го испромовира па затоа и толку студенти инаку не вреди дефинитивно. Мање више истото можеш да го научиш со курсеви на udemy од 10 долари ако си дисциплиниран, креирај веб сајт и профили на социјални медиуми (за промовирање) за она што имаш интерес/знаење и тестирај ги работите што ги учиш па ќе напредуваш со тек на време и можеби ќе го монетизираш истото - дали преку самиот веб сајт што го работиш или да најдеш работа за друг а сајтот ќе ти биде сработен проект во цв. Мирко од друга страна е олд скул, колку и да звучи смешно на времето неговите ученици направија еден куп пари со гугл адсенс политика. И ден денес негови студенти заработуваат одлично иако повеќе се шеми кои се на раб на дали е легално, ама голем ризик - големи пари. Сепак не вреди ни него да му дадеш толку пари.. Кој сака да учи ит вештини само udemy во комбинација со blackhatworld каде што можеш да научиш некои техники кои се на раб легално и би можело да ги примениш за заработка на пари
Бреинстер и Креатив хаб се само продавање магла ама Сивус се многу поозбилна фирма која е успешна во своето поле и тоа им дава кредибилитет така да да би запишувала ваква академија би запишала на Сивус. Овој Мирко помогнете ми не знам дали се сеќавам убаво е оној што ја разви мрежата за претседателските избори во Сад пред 8 год.кога победи Трамп? Ако е тој тогаш може да се потсмеваме дека не е "фенси" како Брејнстер или дека му е смешно направена страната ама многу луѓе навистина се збогатија од тој пристап пред неколку години, дури и милионери имаше (претежо од Велес и Куманово), за нив и Хилари Клинтон пишуваше во своја книга. Е дали сега може со истиот пристап да се прави пари тоа не знам ако членката била на разговор баш ме интересира што нудат сега.
Едно прашање, на ова udemy курсевите се презентации/видеа мислам се снимено или се со онлајн слушање/присуство?