Малку сум скарана со англискиот па затоа ми треба да слушнам нешто повеќе пати да го разберам. Фала ти
Masterbox.rs како опција разгледај го ако ти се дава нешто пари На Српски се курсевите и моментално е цената на сите курсеви заедно 260 евра. Ако не се брзаш многу најчесто околу нова година имаш промоција 6+6 месеци гратис пристап до курсевите
https://www.udemy.com/course/digital-marketing-guide/?couponCode=24T2MT81324 Дечки дали некој го слушал курсчево? Сакам да си го купам додека е на попуст и да влезам малку повеќе во маркетинг зошто тоа ми е и до негде струката, па секое мислење би било добредојдено. Читав дека малце некои работи се overdated од причина што маркетинг еволвира цело време па ме интересира ако има некој што веќе го посетувал курсот да сподели мислење.
Го немам слушано. Ама ако не ми е за нешто ептен сериозно јас на времето си проверував и на торенти дали ги има прво па ако имам нешто соодветно спуштав од таму. Само одамна сум излезена од шема, претпоставувам уште функционира тоа. Инаку ги апдејтираат курсевите, еве за овој конкретно вика дека месецов е апдејтиран, така да не би се секирала околу тоа. Ама ако го купиш сега и го учиш за 1-2 години ќе има разлика сигурно.
Фала ти за мислење, испочитав reviews па ќе си го купам. Се испостави дека учењето на udemy вреди ептен, си учам моментално друг курс и ептен е добро структуриран.
Дали го купи удеми курсот,еве на ова Masterbox.rs ги продаваат пакет за 260 евра дигитал марткетинг,јас би купила и би го поделила со некој.
Не сум купила толку скап пакет, јас си го купив на удему курсот по 13 долари кога имаше акција и ептен сум задоволна. Многу е обемен и супер предавачи
Дали има некој искуство со оваа академија? Ми излезе на инстаграм, пишува дека има интернационална акредитација и диплома заверена од CPD - валидна и призната во Македонија и во странство... https://www.iqonlineacademy.com/mk Исто така ме интересира и за Galeksia доколку има некој искуство да сподели? https://galeksia.com/
Некој знае детално да кажи за Mr New Life. Јас се јавув ми дадоја 3начини да платам, ќе имам ментор, видеа и по 30 дена ќе имам заработка од типот на digital marketing. Вкупно се плаќа 900€
Значи, Мирко оперира на просториве веќе 2 децении скоро продавајќи ветер во магла. И постојано се ребрендира. Направи си услуга и земи учи од YouTube, или ако веќе ти се даваат пари, види на Udemy што има, за некои 15 долари. Истото ќе го научиш. Едит: а ако мислиш дека загарантирано ќе си ги извадиш парите за месец дена, еве, повели пробај, да не речеш после поради мене пишманаџија. Твој живот, твој избор, твои пари.
Фала на мислењето и претпоставував дека е такво нешто. Посекако си учам јас веќе на Udemy. Ама ајде помислив 21век сме нешто некој сериозно ќе направи во нашата земја
Има сериозни академии од типот на Семос, да речеме, кои, меѓу 362839462 останати предмети кои ги нудат, имаат и академија за дигитален маркетинг. Не ме фаќај за збор околу цената, одамна немам проверено, ама мислам тука некаде беа и со овој. Ама кога би имала 900 евра за давање порадо би ги дала на тело кое е сериозно, акредитирано, и така ми ти натаму, отколку на рандом лик кој се нарекува Mr. New Life (сериозно, бе!). А дека знаењето како такво можеш да го стекнеш и за неколку доларчиња до бесплатно: можеш. Цената овде е тоа што плаќаш некој буквално да те држи за рака и води низ целиот процес.
Му успеа на Мирко пред 8 години мислам, со Трамп и Хилари финтата и сега пробува на стара слава. Реално таа шема збогати многу луѓе тогаш ама е скроз нерелевантна сега. Ако сеуште имаше некој вистински начин на кој се прават пари како тогаш до сега ќе се чуеше како тогаш што знаевме и цел свет збореше за нив. Така да сега продава ветар и магла како и Брејнстер и К. Хаб. Сивус и Семос се сепак институција за се останато, ама пак тие курсеви навистина не вредат 2000 евра.