Здраво Феминки, мене лично ме интересира околу темава, што ќе биде со овие студенти сега што завршиле? Пошто за наставниците важи нели кој сака, за новите студенти од оваа година ќе биде задолжително, но што со студентите кои завршиле? Ќе неможат да се вработат вака со факултетот? Никаде нема за нив спомнато, па ако може некој да ме просветли околу тоа? Ви благодарам однапред, поздрав
И мене баш ме интересира тоа- јас колку што знам студентите кои сега завршуваат ќе мораат да продолжат на академијата (бидејќи некаде прочитав во предлог законот стои дека на оглас за работа предност има тој со положен испит), а јас во случајов сум наставник но со договор, и за нас појма немам што важи, а колегите кои имаат решение можат да си одберат сами дали да се запишат или не. И дали знаете која е сумата за партиципација и некои такви слични информативни работи?
За завршените не мора мислам ама секогаш прво не мора а после ќе мора оти имаат предност тие со лиценца само уште да кажат колку кошта таа лиценца оти се знае секоја лиценца се плаќа.А и колку што некој рече само тие со просек над 8 ке можеле да се запишат и што сега сите тие под 8 да ја искинат дипломата?!А и тоа со загарантираното вработување како на кој начин бре деца нема за вработените секој ден се закануваат со нивно отпуштање а не за новите лиценциранит како ќе донесат инвеститори за да напраат деца или ќе ги увезат увезат децата пораснати.Стварно жално
Па неκаκо носат заκони, а не ги донесуваат до κρај. Многу пρопусти, многу дупκи. И навистина, ниκој не ги спомнува студентите што сега завρшиле, што со нив? Ужасно и жалосно
Не само со тие што завршиле, што со нас кои моментално сме на наставна насока и сме 3-та или 4-та (па, макар и 2-ра) година од студии?! Не е и за нас касно да поправаме просек, доколку го немаме? Пошто нели со 8.00 се запишуваме ние од општествени, а технички, природни и медицински со 7.00. Многу дупки, навистина...
Многу глупости,ја би рекла. Си завршил соодветен факултет и ти викаат извини и на академија да идеш треба. А таму за да се упишеш,инаш: 1. огеаничен број места,кои зависат одслободните места за наставници по училиштата; 2. Приемен испит по 100пат и ТЕСТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ НА ЛИЧНОСТ,кој ќе чини над 1500 ден сигурно; 3.па повторно испити и повторно ТЕСТ НА ИНТЕГРИТЕТ И 4 На крај никој не ти гарантира дека ќе се вработиш.
па ако е запишувањето само спрема ослободените места тогаш само 20ина стиденти ќе имаат и тоа да се зане ој кој град колку па да се претпостави кој каде ќе живее па предвидување колку деце че се запишат и каде па промена на закон за пензионирања сите се што заминаа во јуни во септември се вратија па тоа е чиста глупост смешки
Оффф, ужасно...сега излегува дека за џабе сме учеле факултети, незнам веќе што ли не ќе измислат ...Страшна работа
не се секирај денес пак чув дека со приемен ќе било без разлика на просек разни информации никој точно не знае а ајкасно ке се дознае цената која треба да се плати за лиценца
А никоја од вас незнае што ќе биде со студентите што сега веќе завршиле а неможат да најдат работА? Дали и за нив ќе важи академијата или тие ќе бидат "помилувани?"
Jas mislam deka za site ke vazi,ama nemam pokonkretna informacija.Mislam deka i tie samite seuste ne znaat kako ke go organiziraat seto toa okolu akademijata...
Дечки изгледа ни нема спас-ова со академијава веќе станува повеќе од сигурно. Ајде да речиме, таа една година ќе ја завршиме, кај толкуу сме учеле, ке учиме уште малку, не е тоа страшното. Од учење нормално, никогаш доста, секој сака да го надоградува своето знаење. Но, најмногу ме плаши едно-тие гарантираат сигурна работа после завршувањето- ако е тоа ферски со успех постигнат со знаење а не со пријатели, партии и пари под рака, симнувам капа. Но, што ако е само некоја финта за да се вработат само „одредени“ личности? А дали имате разбрано нешто повеќе како на пример, дали академијата ќе е само во Скопје или ќе има и во другите градови? Јас разбрав дека тој што е веќе во работен однос ќе можи практичниот дел да го изведува во своето училиште а теоретскиот дел ќе се одвивал во јуни, јули и август. Исто така, ако сте веќе во работен однос, а учите на академијата, нема да имате стипендија. Тие што не се вработени, а учат, ќе добивале некој паричен надомест. И уште ова- ќе имало тест за интегритет (задолжителен, важи 2 год., на свој трошок) и тест за личност (писмено, задолжителен, важи 2 год., на свој трошок), Лиценцата за наставник е со важност од 5 год., со обврска за обновување, после третиот пат станува трајна...http://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx на овој линк можи да читните уште нешто.
Новости за академијава? Кој како ќе може да се запише, кога се уписи, што како ќе биде? некој поупатен да ме извести