Решив да отворам ваква тема, бидејќи се заинтересирав за серијава. Почнаа да ја даваат утрово на Сител ТВ. Ќе ја има секој ден од 10:05 часот наутро. Спојлер Девојка (Тара Вебстер) која има желба да танцува (балет) и се пријавува на аудиција. Имено, девојката живее во Австралија, во Академијата ќе се стекнува со нови техники, а ќе се запознае и со Абигејл, девојка која исто така е во Академијата. Кога ќе отиде таму и ќе биде време за почеток на аудицијата, ќе побара помош каде се наоѓа женската соблекувална, ќе добие погрешна насока и ќе отиде во машката соблекувална. Најпрво ќе биде празна и ќе почне да се пресоблекува, но наеднаш влегува момче (Кристијан) и ќе и објасни дека е на погрешното место. Наскоро влегува уште едно момче и секако, ќе мисли дека „се работело нешто“ и ќе дојде до мало недоразбирање. Ќе си разменат неколку погледи со момчето (Итан), а потоа ќе и покаже каде е женската соблекувана. Бидејќи на една од пробите инструкторката ќе ја пофали Тара, а не Абигејл, таа ќе се обиде да ја исфрли Тара од Академијата со изговор дека искочила надвор после кажаното време т.е правилото на Академијата. Тука ќе се вмеша Кет која ќе ја спаси Тара и ќе рече дека спиела кај неа, така „судиите“ ќе го прифатат тоа и Тара нема да биде избркана. Главно ова се зборуваше во првата епизода. Па како Ви изгледа ? Дали планирате да ја следите серијава ?
Интересно изгледа.Изглеа вечер нема да седам 3та смена на фб хахахаха,нема да бидат сите уклучени па утре ќе ја гледам Спојлер инаку,синхронизирана е серијава или со превод е?
^ Со превод е. Инаку многу е интересна, барем за мене. Еве ја првата епизода, без превод е, ама веројатно разбирате. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=RCMtXnPUyWw Втората епизода, само што ја изгледав, интересна е. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=eHgdeSAZc2M Еве ја и третата, штотуку почнав да ја гледам. Има превод на португалски бидејќи не можев да ја најдам на друго место. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=tYkZL7YHDcE
Девојки почнав да ја следам серијава и ми стана заразна некако, почнав да даунлоадирам епизоди ги има сите на интернет од сите сезони ги изгледав првите 8 епизоди од првата сезона и сега за другите неможам да најдам превод.. I feel dumb
Интересна серија, едвај ја чекам секој а епизода На јутуб до сега изгледав до 8 епизода.Не сваќам зошто Тара упорно сака да му се допадне на Итан, но во 8 епизода ќе се појави ново момче кое се знае со Тара бар јас така разбрав, и цело време ќе се дружат, смеат итн.За време на ручекот Абигел несакајки ќе ја бутне Тара а новово момче ќе и подаде рака за помош а тоа ќе го види Итан
^ За да не ти расипам се`, нема да раскажам кој е тој. Можам само да ти кажам дека Спојлер нема да и биде момче на Тара и нема да се гледаат многу долго бидејќи таа нешто ќе направи (ако ти кажам нема да ти биде интересно) и тој ќе се оттргне од неа мислејќи дека ќе му ја расипе кариерата. Имено, тој е син на некоја познаничка на нејзината мајка и се знаеле подолго време. Некои девојки ќе и љубоморат поради тоа што таа се знае со него и тоа е тоа. Барем до 10-та епизода не се споменува повторно, за понатаму не знам.
^ Сабота и недела нема, од понеделник би требало да продолжи. Не ми се верува да ја прекинат заради друга серија и плус стигнати се само до трета епизода.
Серијава е прекрасна, ја даваат и на сител денес се емитуваше четвртата епизода. Јас ја гледам на Ултра од 23:30 и за можам да ги прераскажам епизодите на кратко, инаку продолжете да ја гледате ќе се случуваат многу возбудливи моменти
Зашто сега ја најавија дека ќе ја има после новата серија (Летна љубов), а таа (нова серија) е после Дневник 2 ?! Го сменија терминот или што ?