Да татко ми секогаш ги одржуваше како што треба, он си знаеше како иде таа работа, али ете не успеавме да ги дочуваме. Да разбирам, ама баш беше убаво да си имаш дома аквариум и да ги гледаш.
Zdravo,kupiv 2 zlatni ribi i gi cuvav vo kugla od 5l. Ama za zal i dvete mi umrea Dosega ne sum cuvala ribi,i nemam nikakvo poznavanje vo ovaa rabota.Samo 2nedeli ziveeja,mnogu im se matese vodata,cesto im ja menjav,skoro sekoj den,hrana im davav od taa so e kako jufki,eden pat vo den po 2-3 livcinja. Kerka mi e tazna i saka da zemime novi,ama nesakam da nosam i drugi na dusa... Ako mozi nekoj iskusen da mi kazi so gresam i da me upati kako pravilno se cuvaat ribi i so treba da znam,blagodaram odnapred
Еве го мојот аквариум, со природни тревки, дрво и бета борец само. Билките ми се од неодмна, се надевам ќе ми успеат, па ќе се осмелам да пробам со уште некои. Би сакала смо уште полжав некој да најдам, за да ги чисти билките. Никако да одам да побарам. Инаку многу ме опушта кога го средувам.
Здраво, си купив две златни рипки пред неколку дена, но едната ја приметувам од вчера како подуена во стомакот, мислам не и беше толкав кога ги земав. Од што може да е? Во кугла ги чувам.
Гледам не е активна темава, имам 3 златни риби во кугла. Примерив дека се качуваат нагоре и си прават меурчиња горе. Имате вакво искуство?
Ве молам за брз одговор. Имам рипка која ја чувам во кугла, веќе 8 месеци. Секоја недела и ја мењам водата, пред да ја сменам водата оставам да отстои ден. Процедурата за мењање на вода ми е истата, ама овој пат кога и ја сменив почна чудно да се однесува. Само лежи доле на камењата и не мрда, ниту јаде. А уште диши, пребрзо и е дишењето. Веќе 2 дена така. Од што може да е тоа? И дали ќе помине, не знам што да правам..
ко ќе менуваш вода не ја вади цела старата. Треба да има малку од старата . И да дополниш со нова престојана вода не дорек од чешма (како што веќе и си направила)
Да прашам дали знае некој дали glofish може да ја ставам заедно со риби живоротки и со други две "бебиња" мислам дека се златни рипки од можеби 1 месец (поим немам ама многу се мали) Зашто штом ги ставив малечките две, ко да ги бркаше рибата, па ја преместив неа одма во друга кугла со бета борецот, а тие две некако не се сакаат. И сега изгледа ќе треба уште една кугла да купам само за глофиш
Здраво дечи, незнам дали е активна уште темата, ама ај ке си ја кажам маката, па може некој ке помогне. Имам аквариум 60литра, водата беше супер, со надворешен филтер. После промена на водата (30% сменив), се замати како бела стана (магловита), и еве една недела не се поправа, таква е уште. Вчера купив и ставив Тропикал Бактосан, средство за чистење на водата, е сега, уште е замаглена и незнам дали треба повеке денови д ставам од средството или па може треба да почекам уште време да проделува... Или ако има некој совет/искусто со ова, да ме посоветува како да се избистри водата....
Дали новата вода што ја тури отстои ден-два пред да ја туриш? Или веднаш од чешма ја тури во аквариумот? Мислам дека нема да се избистри ако чекаш уште штом толку време поминало. Најдобро да прашаш во некој пет шоп за совет или од кај што си ги купила капките.
Новата вода стоеше 24часа во кофа и шишиња отворени. Ќе звонам во продавницата од кај што купив Бактосан... нема друго
Здраво, синчето за роденден посака рипчиња да има. Е сега гледав аквариуми, и овој ми изгледа најпримамливо. https://minizoo.mk/product/akvarium-rgt-40-atman/ е сега, што се треба да купам пред да ставиме рипчиња, и кои се најдобри за чување? Досега не сме чувале никакви рипки, не знам ништо околу тоа, ни како се ранат, ни како се одржува аквариум, на колку време се чисти итн. Доколку може некој да ми објасни, и да ми даде препорака, би била многу благодарна. поздрав и убава вечер