оо ко помала имав риби т.е интересни ми беа и еднаш вечер беше им дадов цела пакетка од храната ии кога се разбудив овие купа изумреле сите па шо плачење удрив ...хахахха ии од тогаш нецувам никакви риби ..
Можат. Ама да имаш барем 4 дискуси оти се посреќни во група, 6 идеално, и да има доволно тревки да се рибите кријат. Сериозно ти треба голем аквариум ако сакаш да чуваш (успешно) дискуси и скалари заедно. Огромен! Значи речеме 4 дискуси и 4 скалари, заедно сакаат аквариум од најмалку 300 литра. Скаларите се агресивни риби, посебно кога е време за јадење, додека дискусите се мирни и срамежливи рипки и ќе им се тргаат од патот, ама треба да ги наблјудуваш дали стигнуваат да јадат и они, оти може да си останат ненајадени и нервозни. Важно е исто да се скаларите чисти од стомачен паразит(има третмани за нив), кој на нив не им штети ама ќе им наштети сериозно на дискусите. Најдобро би ти рекла одлучи која од овие групи риби ти е најубава за око и сакаш да си ги чуваш па земи си од тие. За дискусите полесно ќе најдеш друштво од други мирни рипки, скаларите лично не би ги мешала со ниедна врста. Освен ако е само еден скалар оти помирен е сам, ама па и гревче ќе е без другар од негов вид. И не само поради тоа што се агресивни и јадат мали рипки, туку и поради тоа што некои рипки грицкаат по перки а не сакаш да видиш "искубан" скалар и да му плачеш кога го гледаш таков.
јас имам два аквариуми едниот е 300 литри ама во него чувам караси и ајкули, а во другиот што е околу 100 литри имам само скалари 4 големи, е сеа кај карасите имам 2 дискуси ама многу се лоши ги напаѓаат карасите и опашките му ги кинат, па сакам да ги ставам кај скаларите за тоа прашав дали ке имаат проблем од скаларите? сепак фала на одговорот имелда
Јас како ги испофалив за мирни дискусите а овие твоите два бербат прават по аквариумот Знам луѓе ги мешаат заедно, па затоа по правило би можело да живеат заедно, ама стварно не знам ако веќе твоите апат по перки како би. Тавата! А да пробаш да ги здружиш и да ги надгледуваш како се понашат едни со други, за да пазиш да не ти апат по скаларите кога се вакви лоши, ама може ќе им удрат скаларите две три воспитни, 4 се и ќе преовладуваат, па ега се смират овие две бараби, па после некој период да ги вратиш пак назад, оти малку ќе им е место на сите во другиот аквариум за стално.
Сигурно мм нема најдено дискуси инаку сигурно ке донесеше и такви дома . Во нашиов аквариум нема што нема. Караси, ајкули, бетаборец, ксифо, скалари, чистачи, телескоп... За некое чудо не се повредуваат воопшто.Изгледа сме налетале на мирни примероци
мене не ми е страв за скаларите, оти тие што ги имам се многу лоши пред некој ден им ставив 2 мали скаларчиња едното не преживеа во борбата, го испотепаа, ама и многу се љубовџии секоја недела јајца фрлаат, е сеа кога ке им ги ставам дискусите мислам дека дискусите ке бидат оштетените а не скаларите, и сакав малку да ги истепат ама па и не сакам да умрат. Како ке им даде господ така, во природата живеат по силните, што да правам сепак карасите ми се најубави и најмногу ги сакам не сакам да ми бидат оштетени од дискусите.
Здраво. До сега не сум имала риби никогаш а многу ми се милички па би сакала да си купам некоја. Е сега ме интересира кои видови риби би можеле да опстанат во кугла и што треба да им обезбедам за да преживеат? Поздрав
имав порано , но тежок ми беше за одржување.. инаку убаво нешто , си разговараш со рибите молчејќи... хахах забегав малку
Значи вака ми треба мала помош од поискусни Одсекогаш сакав риби,па си добив подарок кугла и две портокалови рипки.Ми рекоа дека водата треба да ја менувам секој ден и добив храна и ми рекоа во помало количество да ги хранам за да не се прејадат.Сакам да знам колку време можат да опстанат тие риби во кугла? Многу си ги засакав и сакам да си ги чувам доста долго време,но ме плаши и ме нервира што сите зборуваат дека тоа трае месец-два,зависи како ги чуваш.И ве молам кажете ми како со храната,како да постапувам не знам колку е доволно колку не иако ми кажаа по колку треба да им се дава.Но,јас сум малку таква се секирам да не се гладни Ве молам помогнете ми
Многу сакам риби , еднаш дури и чував една во тегла ми умре кутрата -па и мене да ми стават у тегла со вода и едно ќесе трева(онаква обична од дворот) - да личело на аквариум де - ќе умрам бре , мани тоа водата не и ја сменив цела недела да не и студело -зима беше колку сум внимателна еј Е и сега многу сакам римби и куга имам ама никаде неможам да најдам тркалца за куглава Така кога ќе си набавам тркалца и риба ќе си купам Па “ако не ја прошеташ кој ќе знае дека ја имаш “ - По македонската дефиниција
Сакам да прашам од тие поискусните.Каква храна им давате на рибите?Мислам онаа ,,лисната,, или зрнестата?Која е подобра,и имам еден гоолем проблем.Бидеќи ја чувам во стаклена топка,од 5литри,многу брзо ми се валка водата,па има ли храна или некое средство што помалку ја валка водата?За 1 ден водата е матна,убаво на почетокот на 4 дена ја менував,ама сега само еднаш храна да и дадам,водата е матна.
Се извинувам,ама неможам да редактирам.Сакам да ве прашам,која риба може да живее заедно со бета борец?Малку ми е празен аквариумот,5литри за 1 риба,па сакам другарче да му купам на Рики мој,кажете што раса може да живее заедно со борец?Имам слушнато се јаделе,се касале,па да не ми умрат и двете.
СДП Колку коштаат тие грејачи и колку би ми требале за мал аквариум од 10 литри? Имам само едно рипче ама ете зимата ке си сака греење па на време да се опремам. Дали може внатре да ставам школки и камења што сум ги собирала на море ?
Еден греач од 50 вати е доста на толку вода. За цената не знам колку се продаваат во Македонија, ама би требало да можеш да најдеш за 250 - 300 денара. Каменчињата и школките од морето може да ги ставиш и во аквариум со слатка вода, само ги попари прво(во посебен сад )
Бета борците живеат во оризови полиња, значи во плитки води, затоа и опстануваат живи во стаклен затвор (кугла) и без притоа да имаат филтер, свежа вода и биолошки систем (растенија,бактериска култура на филтерот,итн). Најдобро ти е сам даго чуваш, борците се и во природа сами освен кога се парат. Што и да земиш, ќе цркни. Водата менувај ја една третина, ако топката е три литри мењањ литар вода секој втор-трет ден, претходно отстоена, валјда ќе поживее рипчето година две. Со храната избегавај џигер (ситна зрнеста) ја мати водата, а ако веќе му даваш гледај да плови на површина со цел да не паѓа на дното па да ја загадува водата. Преку лето фаќај му мушички, комарци, со мерак ги јади. Ајде бе, живоротка? Ова вака случајно од ракав го истресе, како дете кога покажува кон првата играчка што ја видело во продавница или од “професионално искуство“? Која живоротка? Како ќе се совпаѓаат? Дај молимте не акајте совети безвезе особенро кога се нема познавање подлабоко со акваристика, туку речи “Мислам живоротка ама не сум сигурна“. Го тврдиш ко природата да ги создала тие две риби заедно да живеат од раѓање.